Во Бечиќи започнува 11. Самит на министри за финансии, гувернери и директори на даночни управи


 Во Бечиќи денеска и утре се одржува 11. Регионален самит на министри за финансии, гувернери и директори на даночните управи на Западен Балкан. Како што е најавено, во рамки на Самитот ќе бидат организирани четири панели – на првиот панел ќе зборуваат директорите на даночните администрации, на вториот панел ќе се разговара за ефикасното управување […]

Арсовска повторно ги моли советниците за нови автобуси за ЈСП


Пред советниците на ВМРО-ДПМНЕ кои се власт во Советот на Град Скопје и мнозинство, по 20 пат за гласање на следната седница е доставена предлог-одлука со која треба да се обезбедат нови еколошки автобуси за скопјани. Јавниот превоз е во незавидна состојба, откако автобусите за кои целокупната јавност гледа и реагира дека се децениски дотрајани […]

Мицотакис прави реконструкција на Влада, откажана денешната владина седница


Претпладнево портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис ќе го соопшти новиот владин состав, како што информираа од Премиерската палата, а владината седница закажана за денеска во 11 часот е одложена, јави дописничката на МИА од Атина. Во изминатите денови сè погласни беа сценаријата дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис планира да направи реконструкција на Владата по […]

„Акор“ и „Луј Витон“ го преземаат брендот „Ориент-експрес“


 Француската верига хотели „Акор“ и гигантот за луксузни стоки „Луј Витон – ЛВМХ“ вчера соопштија дека склучиле стратешко партнерство за обновување и развој на легендарниот бренд „Ориент-експрес“. Станува збор за „стратешка инвестиција во брендот ‘Ориент-експрес’, т.е. компанијата што ќе управува со идните хотели и возови и во ентитетот што ќе ги поседува двата едрени брода“, […]

Пепе и Роналдо ја предводат листата на најстари играчи на ЕУРО


Двајцата највозрасни играчи на овогодинешното Европско првенство во Германија доаѓаат од Португалија. Пепе, кој на 26 февруари наполни 41 година, ќе игра за шампионите на Стариот континент од 2016 година. Дефанзивецот на Порто повторно го најде своето место во националниот тим. Второто место на листата на најстари му припаѓа на колегата Кристијано Роналдо, кој на […]

Двојно убиство во Кратово, 36-годишна жена со нож ги усмртила сопругот и свекорот


Триесет и шесгодишна жена од Кратово синоќа ги убила сопругот и свекорот. МВР соопшти дека жената со иницијали В.И. е приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. Како што соопшти денеска МВР, жената се сомничи дека во семејната куќа во Кратово со остар […]

Почнува фудбалската еуфорија: Европското првенство УЕФА ЕУРО 2024 го отвораат Германија и Шкотска


Вечерва во 21:00 часот по македонско време започнува долгоочекуваното УЕФА ЕУРО 2024! Воведниот натпревар го игра домаќинот Германија против Шкотска во натпревар од групата А на натпреварувањето, што се одржува на „Алијанц Арената“ во Минхен. Пред натпреварот ќе има и традиционално отварање на кое ќе му биде оддадена почит и на легендарниот фудбалер Франц Бекенбауер […]

Ослободено мече заглавено на дрво во Маврови Анови


Утрово во 7.35 часот на 112 е добиена пријава за заглавено мече во гранките на дрво во двор на викендица во Маврови Анови. Секторот за операции и координација од ЦУК веднаш ги извести Националниот парк „Маврово“ и МВР. Ренџерски тим од НП „Маврово“ веднаш се упатил кон заглавеното мече, а истовремено со нив пристигнала и […]

Тантуровска: Феминативите се реалност во македонскиот јазик – ткајачка, везачка, но и претседателка и министерка


Феминативите полека, но сигурно си го добиваат своето место во македонскиот јазик. Па, често, речиси секојдневно, забележуваме именки, кои означуваат професија/функција и се употребуваат во женски род. Така, освојувајќи функции, жените полека го освојуваат и јазичниот простор преку сè поголемата употреба на феминативите, а со тоа се привлекува и вниманието и на јавноста, но и […]

Во пожари изгореа куќа, воени магацини и помошни објекти во Велес и во Светиниколско


Центарот за управување со кризи регистрира 11 пожари на отворено и неколку помали интервенции во последното деноноќие и сите се изгаснати, па од вчерашните активни пожари нема. Пожарникарите интервенирале за гаснење ниска вегетација и ѓубре во општините: Гази Баба, кај с. Раштак; Сарај, кај с.Кондово; Сопиште кај с.Варвара; Битола, кај месност „Обиколница“; Прилеп, кај с. […]

Украинска армија соборила седум проектили и 17 руски беспилотни летала


Украинската армија денеска соопшти дека соборила седум од 14 проектили и сите 17 беспилотни летала кои Русија ги лансираше во ноќниот напад. Силите за воздушна одбрана соборија седум од 10 крстосувачки ракети Kh-101/Kh-555. Во својот напад, Русија лансираше и три балистички ракети Искандер-М и една балистичка ракета Кинжал лансирана од воздух. Украинската армија собори цели […]

Скопјани утрово се разбудија со пороен дожд и грмежи


Во раните утрински часови територијата на Скопската котлина беше зафатена со нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи и можна појава на суградица. Поинтензивни врнежи имаше во подножјето на Скопска Црна Гора, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК наведуваат дека и Кумановската котлина е зафатена со нестабилна облачна маса проследена […]

Подморница на американската морнарица вплови во заливот Гвантанамо, на Куба и руски бродови


Подморница на американската морнарица вплови во заливот Гвантанамо, еден ден откако флота руски воени бродови пристигна во Куба и треба да учествува на воени вежби на Карибите. Американската јужна команда соопшти дека подморницата на нуклеарен погон УСС Хелена синоќа влегла во водите во близина на американската база на Куба, само еден ден откако руска фрегата, […]

Нови рекорди на Волстрит


На Волстрит вчера индексот С&П 500 достигна нови рекордни нивоа, исто како и Насдак, што најмногу се должи на натамошниот раст на цените на акциите во технолошкиот сектор. Дау Џонс загуби 0,17 отсто, на 38.647 поени, додека С&П 500 зајакна 0,23 отсто, на 5.433 поени, а Насдак зајакна 0,34 отсто, на 17.667 поени. По четири […]

ММФ даде зелено светло за заем од 800 милиони долари на Аргентина


  Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и го отвори патот на Аргентина да повлече 800 милиони долари за да ѝ помогне на нејзиното економско закрепнување, објавувајќи дека програмата за кредитирање е „цврсто на вистинскиот пат“. Аргентина има програма од 44 милијарди долари со ММФ, која вклучува економски цели поврзани со растот, инфлацијата и девизните резерви. Во […]

Министрите за одбрана на НАТО во очекување да одобрат долгорочна мисија за поддршка на Украина


Се очекува министрите за одбрана на земјите од НАТО денеска да одобрат долгорочна мисија за поддршка на Украина – на вториот ден од нивниот состанок во Брисел, јави ДПА, повикувајќи се на свои извори. Досега, сојузниците ја координираа својата поддршка за поранешната советска република преку неофицијална контакт група предводена од САД. Земјите од НАТО разговараат […]

Во Прилеп завршува МТФ „Војдан Чернодрински“


Со доделувањето на наградите и со концерт на Добрила и Дориан дуо во чест на наградените, вечер во Прилеп ќе заврши 58. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Напладне жирито во состав: д-р Марина Миливојевиќ-Маѓарев, театарска критичарка од Србија, д-р Марина Катниќ-Бакаршиќ, драматург од Сараево и актерката Варја Ѓукиќ од Црна Гора, на прес-конференција во Центарот […]

Француските левичарски партии излегуваат на избори во коалицијата „Народен фронт“


Француските левичарски партии соопштија дека постигнале договор за коалиција наречена Народен фронт, со која ќе учествуваат на претстојните избори што ги распиша претседателот Емануел Макрон, откако неговата партија Преродба претрпе пораз од екстремно десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен на изборите за Европскиот парламент. Во соопштението на Француската комунистичка партија, Екологистите, Непокорна Франција […]

Промоција на поетската збирка и доделување на награди на утрешната манифестација „Стихувалки 2024“


Во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје утре ќе се одржи завршната манифестација на седмиот Фестивал на поезија за деца „Стихувалки 2024“. На Фестивалот ќе биде промовирана збирката со поетски творби насловена „Стихувалки 2024“ и ќе бидат доделени признанија на сите 93 автори застапени во оваа збирка. Исто така, ќе бидат доделени златна, сребрена […]

Отворање на изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ


Во Галерија МКЦ вечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Професори и студенти“ на која ќе бидат претставени дела на професори и студенти од уметничките факултети и школи во земјава. Ќе бидат презентрани сликарски дела на платно и лесонит, графики изработени во техники како сува игла, акватинта и висок печат, а најбројни се делата […]