Концерт на хармоникашот Филип Трајковски во Мала станица


По повод Денот на државноста на Република Словенија во Национална Галерија – Мала станица вечер ќе одржи концерт хармоникашот Филип Трајковски. Концертот, што ќе започне во 20 часот, го организира Словенечкиот центар – Скопје. Филип Трајковски е роден во Скопје, на 07.03.2006 година. Од најрана возраст се интересира за музиката. Од своите девет години, почнува […]

Годишна завршна изложба на учениците од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“


Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ – Скопје вечер во 21 часот ќе ја отвори Годишната завршна изложба на учениците од прва до четврта година во учебната 2023/2024. Ќе бидат презентирани слики, мозаици, графики, цртежи, фотографии, керамики, актови, дизајни од областа на текстилот, ентериерот и мебелот,  а ќе бидат прикажани  видеа и анимации.  Изложбата ќе биде […]

Собранието ќе ја започне четвртата седница


Собранието денеска ќе ја започне четвртата седница на која на дневен ред засега е само една точка. Пратениците ќе го разгледаат Годишниот извештај за работата на Агенцијата за заштита на личните податоци за 2023 година.

Прекинато водоснабдување за корисниците од неколку улици во Кисела Вода


Прекинато водоснабдување  денеска од 8.30 часот ќе имаат корисниците од  улиците „Иван Козаров“, „Киро Крстевски“, „Боте Боцевски“, „Марко Цепенков“, „Вера Јоциќ“ и „Божидар Аџија“ во Кисела Вода  поради изведување водоводен приклучок ф-200мм на ул. „Иван Козаров“ 6, соопшти ЈП Водовод и канализација. Во останатиот дел од населбата, односно во објектите во близина на наведените улици, […]

Без струја корисниците од ул. „Македонија“ во Центар и делови од Карпош, Ѓорче Петров и Студеничани


Од 8 до 15 часот денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. „Македонија“ – зградата на „Вардар технометал“, хотелот „Турист“, ЈП за државни патишта, зградата ВМРО и околината во општина Центар, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од ЕВН Македонија а.д. Од 9 до 15 часот електрична енергија ќе […]

Променливо облачно, претпладне повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УБ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје времето ќе биде променливо […]

Шарл Мишел кова план Мицотакис да го преземе местото на Фон дер Лајен


  Шарл Мишел излезе со својот последен план за соборување на Урсула фон дер Лајен. Претседателот на Европскиот совет им ја пренесува идејата на лидерите на ЕУ дека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис треба да ја преземе работата на Фон дер Лајен, изјавија за „Политико“ пет дипломати и официјални претставници на ЕУ на кои им беше […]

Беса објави три предлози за членови на идната влада


  Собранието на Беса денеска на состанок едногласно ги избрало кандидатите за членови во новата влада. „Собранието на Беса одлучи Фатмир Лимани да биде кандидат за министер за социјална политика, демографија и млади, Бесар Дурмиши за министер за економија и труд, додека Седат Сулејмани е кандидат за заменик-министер за култура и туризам“, соопшти партијата на […]

Трговска војна со Кина е катастрофа за Германија, вели германскиот министер за транспорт


Германскиот министер за транспорт Фолкер Висинг остро предупреди на можните последици доколку Европската унија воведе казнени тарифи за електричните автомобили од Кина. „Никој не може да посака трговска војна со Кина. Тоа би било катастрофа за Германија и нема да донесе никакви предности ниту за ЕУ“, рече Визинг во видео интервју за ДПА во четвртокот. […]

Пронајден мраз на највисоките вулкани во Сончевиот систем: „Мислевме дека е невозможно“


На екваторот на Марс, за кој би можеле да кажеме дека е тропски регион на планетата, за прв пат е откриен воден мраз; што би можело да биде важно за идните мисии со екипаж. За замрзнатата вода на Марс знаеме околу 200 години, бидејќи поларните ледени капи на Црвената планета можат да се видат со […]

САД и Украина потпишаа долгорочен безбедносен договор на Г7


Претседателите на Соединетите Американски Држави и Украина денеска потпишаа договор со кој се утврдуваат долгорочните безбедносни односи на Вашингтон со Киев на маргините на Г7 што се одржува во јужна Италија, јави ДПА. Американскиот претседател Џо Бајден и украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпишаа билатералниот договор што доаѓа откако 15 земји склучија слични долгорочни безбедносни […]

Силниот ветер откорна триесетина дрва во Битола


  Силниот ветер откорна триесеттина дрва низ Битола, искрши гранки во голем дел од Градското шеталиште, по дрворедите низ градот и во приватни домови. Дел од паднатите дрвја налегнаа на сообраќајниците и го попречија за кусо одвивањето на сообраќајот. Екипите на ЈКП „Комуналец“ го расчистуваат нередот. Веторот и дождот траеја крако време попладнето „Од денешното […]

Депресијата и губењето на меморијата се поврзани, особено загрозени се постарите од 50 години


Депресијата може да придонесе за губење на меморијата и обратно, открија научниците кои следеле речиси 8.200 Британци во текот на две децении. Научниците откриле дека „промените во депресивните симптоми придонеле за забрзано губење на меморијата“ кај испитаниците на возраст над 50 години. Нивната просечна возраст беше 64 години. Не само што депресијата влијае на меморијата, […]

Градежни фирми и приватни инвеститори лани изградиле 4.894 објекти, најмногу во Скопскиот и во Полошкиот регион


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 13.763.912 илјади денари. Градени се вкупно 2.020 објекти и завршен е вкупно 2.331 стан со вкупна површина од 299.224 м2, од кои 67 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 7.196 м2. Просечната корисна површина на […]

Јаневска најавува сериозна ревизија на универзитетите – не може да имаме 34


  Весна Јаневска, која најверојатно ќе биде министер за образование во новата влада на Христијан Мицкоски, смета дека неопходни се реформи во образованието во кои ќе бидат вклучени сите и владата, министерството, родителите, наставниците, а и да се направи сериозна ревизија на Универзитетите и студиските програми кои се нудат во државата. „Кога се прават сериозни […]

Прогласена вонредна состојба во САД – Опасно е по живот, пристигнуваат урагани


Гувернерот на Флорида Рон де Сантис денеска прогласи вонредна состојба во пет јужни окрузи на американската сојузна држава, откако обилните дождови ја поплавија областа во која живеат повеќе од осум милиони луѓе. Некои области, вклучително и делови од окрузите Бровард и Мајами-Даде, се изложени на ризик од поплави опасни по живот, соопшти Националната метеоролошка служба, […]

Сиљановска: Седевме со Герапетритис еден до друг, не го кршам Преспанскиот договор


  Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денес на самитот на ПСЈИЕ му обезбеди столче до неа на шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис и  за своите аргументи околу Преспанскиот договор – се повика на Сократ. Не само што не се случи видлива драма, туку Сиљановска беше многу задоволна што тој дошол во земјата, што таа не […]

Ноќните температури нема да паѓаат под 30 степени Целзиусови – одиме кон гилотина


Хрватскиот метеоролог, климатолог и физичар, професор и доктор на науки Бранко Грисогоно, професор по динамична метеорологија на Катедрата за геофизика на Природно-математичкиот факултет во Загреб, вели дека нè очекува „гилотина“. Тој истакна дека и Хрватска се наоѓа во област во опасност од поплави кои се случуваат на секои неколку години и дека мора да се […]

Ова се просечните заработки во „Величествените седум“ најголеми компании


„Величествените седум“ ја подигнуваат берзата до нови рекорди, особено предводени од „Нвидиа“, „Мајкрософт“, „Епл“ и „Алфабет“. Само во мај, овие технолошки гиганти додадоа 1,4 билиони долари на пазарната капитализација на СиП 500, надминувајќи ги комбинираните добивки на 296 други акции во истиот период. „Нвидиа“ придонесе повеќе од половина од ова зголемување. Како што се зголемуваат […]

Невреме ја погоди Битола – силниот ветер сруши дрвја


Попладнево во Битола имаше невреме проследено со дожд и ветер. Како што може да се види и од фотографијата, силниот ветер, кој достигнувал брзина од 50 км на час, срушил и дрвја низ градот. Инаку, во текот на денот во Битола беа измерени 29 степени, додека пак до крајот на денот се очекува променливо облачно, […]