ЕВРО2024: Англија и Данска одиграа нерешено


Еден од фаворитите за титулата Англија и на вториот натпревар на ЕВРО2024 одигра под очекувањата, ремизирајќи 1-1 против Данска вечерва во Франкфурт во рамки на групата Д. Англичаните дојдоа во водство преку капитенот Кејн во 18 минута, а Данска израмни во 34 минута со голот Хјулманд. Во завршното трето коло сите четири репрезентации во групата […]

Србија ја разгледува можноста да гради нуклерни централи


Министерството за рударство и енергетика на Србија денеска објави тендер за изработка на прелиминарна техничка студија за разгледување на мирновременската примена на нуклеарната енергија.  Како што е напишано во јавниот повик на порталот за јавни набавки, од стручните консултанти се очекува „да спроведат темелна компаративна и веродостојна анализа на опциите на достапните технологии на пазарот, […]

Путин: Русија не ја исклучува можноста да испорача оружје на други земји


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва не ја исклучува можноста да испорача оружје на други земји како одговор на испораката на оружје за Украина. На прес-конференција во Виетнам, Путин рече и дека Русија го задржува правото да испорачува оружје на Северна Кореја. Русија не ја исклучува испораката на оружје за други земји, како […]

Почина легендaрниот актер Доналд Сатерленд


Легендарниот холивудски актер Доналд Сатерленд почина на 88-годишна возраст. Најпознат е по улогите во филмовите „Игри на гладта“, „Злато за храбрите“, „Маш“, „Валканата дузина“, „Клут“ и „Не гледај сега… Веста ја потврди неговиот син Кифер Сатерленд на социјалните мрежи. „Со тешко срце ве известувам дека мојот татко Доналд Сатерленд почина. Јас лично го сметам за […]

Поплава во Кина: Се случи тотална катастрофа, има загинати луѓе (Видео)


Најмалку девет лица загинаа во градот Мејџоу во провинцијата Гуангдонг, а шестмина се водат како исчезнати поради поплавите што го погодија јужниот дел на Кина. Гуангдонг го надгради својот план за одговор при итни случаи за лизгање на земјиште, поплави и други катастрофи на второто највисоко ниво. Се очекува умерен до обилен дожд да продолжи […]

На Николоски приоритети ќе му бидат автопатот Охрид-Кичево, експресниот пат Градско-Прилеп и браната Отиња


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и предлог за министер за транспорт Александар Николоски вечерва потенцираше дека трите проекти на кои ќе стави акцент по преземањето на функцијата се автопатот Охрид – Кичево, експресниот пат Градско – Прилеп и браната Отиња која, како што напомена, е исклучително важна за источниот регион. – Граѓаните очекуваат одговори на две прашања […]

Научниците пронашле решение за „халуцинациите“ на вештачка интелигенција


Истражувачите пронајдоа нов метод што може да се користи за откривање и спречување на „халуцинации“ од вештачката интелигенција, што е колоквијално име за неточните одговори дадени од ВИ. Една нова студија на тим од Универзитетот во Оксфорд разви статистички модел кој може да идентификува кога прашањето поставено на големите јазични модели (large language models, LLM) […]

Утре бесплатен паркинг во Центар


По повод претстојниот празник „Духовден“ од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека утре (петок) паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието ќе бидат без наплата за сите граѓани. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 22.06.2024 година (сабота) со вообичаено работно време, додаваат оттаму. 

Со фокусирање на енергетската ефикасност, бизнисите можат позитивно да влијаат на луѓето, планетата и профитот


Центарот за климатски промени (ЦКП) денеска, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, ја одржа конференцијата насловена „Мерки за енергетска ефикасност како одговор на енергетската криза и зголемена конкурентност“. Целта на настанот беше да ги поврзе креаторите на политики, националните и локалните власти, финансиските институции, деловни здруженија, компаниите, како и други клучни чинители да дискутираат за […]

Грција е во сè поголем проблем поради масовниот туризам


Во Грција е неопходно да се спроведе реформа и да се редефинираат законите кои се однесуваат на туризмот, наведува Индипендент. Минатата година Грција ја посетиле околу 33 милиони луѓе, што е за 5 милиони повеќе од претходната година. Туристите ги привлекуваат античките археолошки локалитети, тиркизните медитерански води и сигурната летна сезона. Сепак, заштитникот на граѓаните […]

Сиљановска Давкова – Агелер: Евроинтеграциите позитивно влијаат врз демократската и економската консолидација на земјите од регионот


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска остварила средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер.  На средбата, соопштија од Кабинетот на Сиљановска Давкова, се  разговарало за можностите за засилување на соработката меѓу двете земји, за македонските евроатлантски интеграции, како и за потенцијалите што ги нуди Стратешкиот дијалог за конкретизирање на билатералната соработка меѓу двете земји. […]

ЕВН Хоме ја прифати понудата од АД ЕСМ од 60 евра за мегават часови електрична енергија


ЕВН Хоме како универзален снабдувач на електрична енергија ја прифати понудата од АД ЕСМ од 60 евра за мегават часови за покривање на 85 проценти од потребите. За останатите 15 проценти, на тендерот за периодот јули-декември биле пристигнати три понуди, но тие не се прифатени поради повисоките цени во однос на моменталните пазарни цени.  Од […]

ЕВРО2024: Србија во последниот напад извлече бод против Словенија


Репрезентациите на Србија и Словенија одиграа попладнево нерешено 1-1 во Минхен во натпревар од второто коло во групата Д на ЕВРО2024. Словенците беа на чекор до победа откако со голот на Камичник во 69 минута поведоа со 1-0 и беа во предност до завршните секунди од натпреварот кога Јовиќ по нафрлената топка од корнер со […]

Уставниот суд поведе постапка за два члена од законските измени на Законот за облигациони односи


Уставниот суд денеска поведе постапка за член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи.  Како што соопштија од Судот, изгласано е времено запирање од извршување на оспорените одредби (т.н. „времена мерка”).  – Во оваа фаза Судот изрази сомнеж дека оспорените членови се во спротивност со повеќе уставни […]

Тропски Late Night Shopping до доцна во ноќта во Скопје Сити Мол


Најголемата тропска журка и шопинг во градот ве очекува во петок на 28 јуни во Скопје Сити Мол! Late Night Shopping до полноќ и попустите што ги чекавте цела година! Оваа година, Скопје Сити Мол организира тематска забава за големиот и традиционален шопинг-настан Late Night Shopping. На барем еден ден, сите посетители ќе може да […]

Над 1.000 луѓе загинаа на аџилак во Саудиска Арабија


Повеќе од илјада аџии загинаа за време на аџилакот во Саудиска Арабија, кој се одржа за време на летните горештини, покажуваат податоците на АФП објавени денеска, а повеќе од поголемиот дел од загинатите биле тајни аџии. Арапски дипломат изјави за АФП во четвртокот дека се потврдени уште 58 смртни случаи меѓу египетските аџии, со што […]

(Видео) Сахарски песок го зафати регионот: Ниту Македонија не е заобиколена


Воздухот што деновиве струи над земјите од Медитеранот, вклучувајќи ги тука и земјите од регионот, не носи само топлина, туку и песок, кој ќе биде особено присутен утре, а вчера веќе беше видлив на сателитските снимки, објавија повеќе специјализирани портали и метеоролошки институции.  Геосфера Австрија објави анимација од пристигнувањето на песокот од Сахара, а хрватски […]

Поранешни сопружници се степале во Аеродром, па двајцата пријавиле дека се нападнати


Во средата, во 17.19 часот во СВР Скопје, 44 –годишна жена од Скопје пријавила дека околу 17.00 часот во заедничкиот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен 47 – годишен сопруг. Исто така, во полициска станица и сопругот пријавил дека бил физички нападнат од 44 […]

ЦУК: Решен е случајот со парчиња фасада што паѓаа од зграда во Центар


На бројот 112 беше пријавена опасност од парчиња фасада што паѓаат од зграда во општина Центар. Од локалната самоуправа информираат дека се излегло на терен, се решил случајот и опасноста е отстранета, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. – Настанатата ситуација, со фасадата во распаѓање, претставуваше потенцијална опасност за граѓаните кои поминуваат на […]

Што содржи пактот меѓу Русија и Северна Кореја. Јапонија и Јужна Кореја се сериозно загрижени


Северна Кореја и Русија ветија дека ќе си пружат итна воена помош во случај некој од нив да биде нападнат, се вели во текстот на историскиот договор што денеска го објави Пјонгјанг по посетата на рускиот претседател Владимир Путин. Во исто време, Јапонија и Јужна Кореја изразија загриженост за договорот, Белата куќа се уште не […]