Руте ќе биде новиот генерален секретар на НАТО


 Холандскиот премиер во заминување Марк Руте ќе биде следниот генерален секретар на НАТО, откако сите 32 членки на Алијансата се договорија тој да го наследи Јенс Столтенберг, објави бриселскиот портал Политико. По поддршката од Унгарија и Словачка пред два дена, Романија денеска потврди дека ќе гласа за Руте, откако романскиот претседател Клаус Јоханис ја повлече […]

Пожарникарите ни гасат без лична опрема – само за 629 има заштитни одела


Во ситуација кога нѐ очекува топло и жешко лето, на ниво на државата во моментот има 938 пожарникари, но потребни се уште 670 според информациите од сите територијални противпожарни единици, а најалармантна е состојбата во Пожарна Скопје. Дополнително, од 938 активни пожарникари лична заштитна облека и опрема има за 629 пожарникари, што значи дека дел […]

Во Грција 5.500 апсења за семејно насилство во пет месеци, Владата предлага засилени мерки


Привремен притвор и до шест месеци за сторителите на кривично дело семејно насилство; целосно издржување на затворските казни без можност за условно ослободување или ублажување на казната; заштитата на жртвата со ослободување од обврската да се појави на рочиштето; отворање специјална платформа со можност за пријавување семејно насилство и од трети лица, се дел од […]

Словенечкиот БДП е шест пати поголем отколку во времето на независноста


За претстојниот Ден на државноста, Заводот за статистика на Република Словенија подготви преглед на податоци за состојбата во Словенија во однос на 1991 година во времето на независноста. Минатата година бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител беше речиси шест пати поголем отколку во 1991 година. Инфлацијата полека се забавува, вредноста на увозот малку […]

Донација од 2 милиони денари за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје од Спорт Лаиф Обложувалници


На Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје, беше потпишан договор за донација од Спорт Лаиф Треид обложувалници, за комплетно реновирање на Одделот за абдоминална хирургија, поточно на делот за пост-оперативна нега на пациентите. Донацијата во износ од 2.000.000 денари ќе овозможи реновирање на одделот на третиот кат од клиниката, попозната како Градска болница […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје за Задушница


  На 21.06.2024 и 22.06.2024 (петок и сабота) по повод верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, соопштија од МВР. Имено, од 06.00 часот утре (21.06.2024) и задутре (22.06.2024) сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, […]

Просечната плата во април 41.085 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април годинава изнесува 41.085 денари и е за 13,7 отсто повисока отколку во истиот месец од минатата година.  Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Образование за 21,8 отсто, Земјоделство, шумарство […]

РК Вардар ќе има нов извршен директор, Борко Ристовски се посветува на министерската функција


Предложениот министер за спорт во новата македонска влада Борко Ристовски денес се повлече од позицијата извршен директор на РК Вардар. Ристовски преку социјалните мрежи ја образложи својата одлука. – Уште една сезона е зад нас во која успеавме да направиме многу позитивни работи. Успеавме да го стабилизираме нашиот РК Вардар, да се вратиме едно скалило […]

Усвоената листа на производи за спречување нефер трговски практики дополнително ќе ја намали инфлацијата, најавува Бектеши


Министерството за економија согласно Законот за нефер трговски практики веќе ја усвои листата на производи која дополнително треба да придонесе за намалување на инфлацијата, особено во делот на основните прехранбени производи, информира ресорниот министер Крешник Бектеши.  -На предлог на Министерството за економија беа донесени 25 одлуки за ограничување на цените на основните прехранбени производи, ограничување […]

Раст од 7,3 проценти на задолжувањето на негативните салда на тековните сметки


Народната банка во мај годинава евидентира годишен раст од 8,2 проценти на вкупните депозити и од 6,8 проценти на вкупната кредитна поддршка. -Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 8,2 проценти, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на секторот домаќинства. На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 6,8 проценти, […]

Мицкоски: Се подготвувам за Самитот на НАТО, мојата позиција за употребата на името е јасна


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски во врска со употребата на уставното име денеска повтори дека неговата позиција е јасна и за неа никој не треба да има дилема и оти е подготвен да аргументира и да дебатира во врска со тоа. Прашан за коментар за изјавата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дека „премиерот […]

Противпожарни авиони имаме – нема кој да ги пилотира


Новата влада, очекува директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, да даде амин двајцата пензионирани пилоти на „ер трактори“ да продолжат со работа, за летово пожарите да можат да се гасат со трите авиони и четири хеликоптери. Како што појасни Ангелов, во моментот Македонија има на располагање четири хеликоптери (три на полицијата и еден на Армијата) и […]

Крупна прашина од веење на житото го загадува воздухот во Битола


БИТОЛА – Аеро загадувањето со крупна прашина што излегува од импровизиран оџак од објект на поранешниот млин „Жито Битола“ во Битола, го загадува воздухот, реагираат битолчани. Крупни честички се расфрлаат низ воздухот што може да се види и на  фотографијата што ни ја испратија граѓани од насобраниот прав на нивните автомобили. Граѓани од улицата „Македонска […]

(Во живо) Прес на Стојанче Ангелов за состојбата со ресурсите за одговор на пожари


Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов држи прес-конференција на која ќе извести за вкупниот број на расположливи противпожарни ресурси на територијата на државата (ер трактори, полициски и армиски хеликоптери, цистерни, теренски противпожарни возила, пожарникари, лична заштитна пожарникарска опрема, и сл). Воедно ќе информира дека противпожарни екипи на ЈП Национални шуми не учествуваат во гаснење на пожарите […]

Во Германија нивото на образование на родителите има големо влијание врз децата


 Во најновиот извештај на германскиот Федерален завод за статистика се наведува дека децата на родителите кои имаат факултетска диплома имаат значително поголема веројатност да се стекнат со универзитетска диплома од децата на родителите кои немаат високо образование. Меѓу возрасните чии родители имале или стручни квалификации или завршено средно образование, само 19 отсто се стекнале со […]

Почна судењето против Мерко за незаконско назначување директори во училиштата, тој не се чувствува виновен


Во Основниот суд во Струга денеска почна главната расправа против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за незаконско назначување директори во основните училишта, во селата Подгорци, Лабуништа, Велешта и „Браќа Миладиновци“ во Струга. Трите предмети за незаконско поставување директори, каде е инволвиран само Мерко, судијата Јордан Јованов ги спои во еден, додека за училиштето во Велешта ќе […]

Берлинската полиција изврши рации насочени кон меѓународна трговија со оружје


 Полицијата во Берлин денеска изврши серија претреси поврзани со истрагите за меѓународната трговија со оружје. Портпаролот на германската полиција изјави дека околу 150 полицајци учествувале во рациите, но не наведе повеќе детали. – Берлин е и останува жариште за меѓународните криминални мрежи, ова се однесува на дрогата, како и на трговијата со остро оружје, кое […]

Се мијат скопските улици


ЈП Комунална хигиена-Скопје во изминатиов период континуирано спроведува машинско миење на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини, со употреба на автоцистерни. Овој вид на одржување на хигиената на сообраќајните површини се одвива во доцните ноќни часови, односно во рамките на третата оперативна смена, кога е намалена фреквенцијата на возила и пешаци. Согласно Оперативниот […]

Синдикалната минимална кошница незапирливо расте – за јуни е 60.325 денари, за 235 денари повеќе од мај


Вредноста на синдикалната минимална кошница (СМК) за јуни изнесува 60.325 денари и е зголемена за 235 денари споредено со синдикалната минимална кошница за минатиот месец кога изнесуваше 60.090. Со изнајмен стан од 60 квадрати за јуни изнесува 75.700 денари.  Вредноста на СМК за јуни 2024 година  во однос на јануари годинава кога изнесуваше 57.163  денари […]

Во Србија поскапува лебот од брашното Т-500


Владата на Србија денеска одлучи да биде зголемена цената на лебот од брашното Т-500 поради како што наведуваат поскапување на суровините. „Поскапувањето нема значително да влијае на стандардот на потрошувачите“, тврдат од српската Влада во соопштение. Во соопштението од Владата не е наведена која е максималната цена на лебот од брашно „Т-500“.