Метеж на Богородица, Дојран, Меџитлија и Табановце се чека и до 45 минути


 На граничните премини Богородица, Дојран, Меџитлија и Табановце има зголемена фреквнција за излез од државата, времето на чекање е околу 30 – 45 минути, информираат утрово од АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ […]

Алкараз поразен во осминафиналето на турнирот во Квинс


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз не успеа да се пласира во четвртфиналето на АТП турнирот во Квинс, бидејќи во осминафиналето беше поразен од Британецот Џек Дрејпер со 7:6 (7:3), 6:3. Натпреварот траеше еден час и 40 минути. Ова беше трет дуел на шпанскиоти британскиот тенисери, а прв триумф за Дрејпер кој во четвртфиналето ќе игра против […]

Нови правила за првата претседателска дебата меѓу Бајден и Трамп


 Првата претседателска дебата меѓу двајца кандидати за претседател на САД, актуелниот шеф на државата Џозеф Бајден и неговиот претходник Доналд Трамп, ќе се одржи на 27 јуни во Атланта, Џорџија, со нови правила. Кабелската ТВ мрежа Си-ен-ен која ќе ја емитува првата дебата, објави дека изборниот штаб на кандидатите се согласил со новите правила, што […]

Отворен конкурсот за годишни награди на ДПМ за 2023


Со цел обезбедување на континуитетот во доделувањето на традиционалните награди на Друштвото на писателите на Македонија: „Стале Попов“ за прозно дело, „Ацо Шопов“ за збирка поезија, „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади, „Димитар Митрев“ за книга критика и есеистика и „Мост“ за книга напишана на еден од јазиците на националностите, Управниот одбор на ДПМ […]

Џејн Фонда, Џастин Трудо, Хелен Мирен… се простуваат од големиот актер Доналд Сатерленд


Славните актери и државници, колеги и семејството му оддаваат почит на актерот Доналд Сатерленд, ѕвездата на „M.A.S.H“, „Клут“ и „Игри на гладта“ кој починаа по долго боледување во четвртокот на 88-годишна возраст во Мајами. „Доналд беше џин, не само физички, туку и како талент. Тој исто така беше многу љубезен и дарежлив. Никогаш не е […]

Петмина загинати, десетици повредени во шумски пожари во југоисточна Турција


Истанбул – Пет лица загинаа, а десетици се повредени, од кои 10 сериозно, додека шумските пожари зафатија неколку села во југоисточна Турција во текот на ноќта, изјави денеска министерот за здравство на Турција. „Пет лица загинаа, а 44 се повредени, од кои 10 потешко“, кога пожар зафати две области во близина на југоисточниот град Мардин, напиша […]

Концерт на хрватскиот пијанист Звјездан Ружиќ на отворањето на „Скопско лето“


Со концерт на хрватскиот пијанист и композитор Звјездан Ружиќ во Куршумли ан, вечерва во 20, 30 часот ќе биде отворено јубилејното 45. издание на фестивалот „Скопско лето“. Звјездан во Скопје ќе настапи со проектот „Пијанотрон“ кој е комбинација од пијано, мелотрон и педали на кои свири со нозете. Звјездан има соработувано со „2Cellos“, „Harlem Gospel […]

Странците кои ќе дипломираат на универзитет во САД треба веднаш да добијат зелeна карта, вели Трамп


Вашингтон – Републиканскиот претседателски кандидат во САД, Доналд Трамп, предложи странците кои ќе дипломираат во таа држава „автоматски“ да добијат зелна карта заедно со дипломата за да останат таму „Ако сте завршиле колеџ, мислам дека автоматски треба да добиете зелна карта како дел од вашата диплома за да можете да останете во оваа земја“, изјави […]

„Касперски“ го забрануваат во САД


СAД и забранија на руската компанија за кибер-безбедност Касперски да ги обезбедува своите популарни антивирусни производи во земјата поради загриженост за националната безбедност, објави американското Министерство за трговија.“Касперски генерално повеќе нема да може, меѓу другите активности, да го продава својот софтвер во САД или да обезбедуваат ажурирања на софтверот што веќе се користи“, се вели […]

Од милијардерот Мелон за кампањата на Трамп – 50 милиони долари; Од Блумберг за Бајден – 20 милиони долари


Вашингтон – Милијардерот конзервативец Тимоти Мелон, минатиот месец дал 50 милиони долари на политички акциски комитет што работи на поддршка на републиканецот Доналд Трамп за претседател. Комитетот, познат како MAGA Inc, го зголеми бројот на ТВ реклами за поддршка на Трамп за претседателските избори во ноември. MAGA Inc. во поднесокот до Федералната изборна комисија откри […]

Продолжува периодот на многу топло време, температури до 40 степени


Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и многу топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и […]

Поради Задушница денеска и утре посебен режим на сообраќај во Скопје


Денеска и утре по повод верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во градот. – Имено, од 06:00 часот денеска и утре сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатуваат по ул.„Бутелска“, […]

УЕФА отвори истрага против албанскиот репрезентативец Даку


Нион – Европската фудбалска федерација (УЕФА) објави синоќа дека отвори истрага против албанскиот репрезентативец Мирилинд Даку во врска со националистичките скандирања против македонската држава по завршувањето на вчерашниот дуел на ЕВРО2024 меѓу Албанија и Хрватска. Даку, кој е роден во Косово, по завршувањето на натпреварот од второто коло во групата Б меѓу Албанија и Хрватска […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 21 јуни 2024 година, 173-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 193 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

Агелер: Најавата на идниот премиер дека ќе го користи уставното име при заклетвата е за поздравување


Американската амбасадорка Анџела Агелер ја поздравува најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар на идната влада Христијан Мицкоски дека при заклетвата како иден премиер и во настапите во странство ќе го користи уставното име на државата.  Во интервју за „360 степени“, Агелер изразува надеж дека неговиот пример ќе го следат и сите министри. – Ќе […]

ЕВРО2024: Шпанија ја совлада Италија и обезбеди осминафинале


Шпанија вечерва во Гелзенкирхен ја совлада Италија со 1-0 (0-0) во второто коло од групата Б на Европското фудбалско првенство. Шпанија со автоголот на Рикардо Калафиори во 55. минута дојде до втората победа во групата и се пласираше во осминафиналето на ЕВРО2024. Во првото коло двете селекции победија, Шпанија против Хрватска (3:0), а Италија против […]

САД префрлиле дел од своите нуклеарни сили поблиску до Северна Кореја по посетата на Путин


САД го засилиле присуството на своите стратешки сили во азискиот регион по посетата на Владимир Путин на Северна Кореја, чиј резултат беше обнова на воената алијанса меѓу Москва и Пјонгјанг создадена на почетокот на 1960-те години. Според соопштение на Индо-тихоокеанската команда на американските вооружени сили (ПАКОМ), група на нуклерни бомбардери B-1B Lancer биле однесени во […]

Норвешка, Шведска и Финска создаваат воен транспортен коридор во Арктикот


Норвешка, Шведска и Финска се договорија да создадат воен транспортен коридор што ќе минува низ северниот дел на секоја од трите земји, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе. Овој договор е „важен чекор“ за овие три земји, кои се веќе членки на НАТО, нагласи тој. Финска и Шведска ја напуштија својата повеќедецениска политика на необврзаност […]

Потрошувачката на енергија во Кина по лице за прв пат ја надмина европската


Потрошувачката на енергија по глава на жител во Кина за прв пат ја надмина европската минатата година, бидејќи побарувачката од технологијата и производствените индустрии продолжи да расте. Според годишниот статистички преглед на Институтот за енергија, земјата го зголеми производството на јаглен, но додаде и повеќе капацитет за обновливи извори од остатокот од светот заедно. Ова […]

Шпанскиот крал не сака да го прими Милеи


Шпанскиот крал Фелипе Шести одбил да го прими аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, кој утре ќе престојува во посета на Мадрид, јавуваат шпанските медиуми. Милеи треба да слета во воздухопловната база Торехон де Ардоз во услови на дипломатски расправии меѓу Мадрид и Буенос Аирес поради забелешките што ги изнесе минатиот месец. И покрај тоа што побара […]