На Кацарска ѝ се заканувале речиси секој втор ден


  Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, денеска објави дека неколку години наназад била цел на закани, а еднаш и на физички напад. Таа вели дека првично не сакала да ја оптоварува ниту јавноста, ниту органите на прогон, но дека конечно се решила да ги пријави заканите кон неа бидејќи, како што рече, „се случувале […]

МОН: Се испорачуваат одобрените учебници од прво до седмо одделение


Министерството за образование и наука информира дека во тек е испораката на сите учебници од прво до седмо одделение во основното образование кои досега се одобрени од Националната комисија за учебници и ќе се применуваат во учебната 2024-2025 година. Процесот ќе биде заокружен на почетокот на јуни, така што учениците ќе ги имаат потребните учебници […]

Козлодуј ќе го раскине договорот со Русија за набавка на нуклеарно гориво


Бугарската нуклеарна централа Козлодуј ќе го раскине договорот со Русија за набавка на нуклеарно гориво, најави извршниот директор на компанијата Валентин Николов. Тој прецизираше дека расположливото руско гориво ќе се користи како резерва. Николов посочи дека цената на американското гориво е слична на онаа на рускиот гориво. Во меѓувреме продолжуваат преговорите со француски Франатом за […]

Пекол во Њу Делхи: Температурата стигна до 50,5 Ц


  Температурите во Делхи достигнаа рекордно високо ниво од 50,5 степени Целзиусови, а властите предупредија на недостиг на вода во главниот град на Индија. Индискиот метеоролошки оддел (ИМД), кој извести за „услови со тешки топлотни бранови“, ја забележа температурата во предградието Мунгешпур во средата попладне, со што за прв пат во градот беше надмината точката […]

Измени во Судскиот совет по препорака на ЕУ, ќе нема веќе „заборавање“ предмети во фиока


По препорака на Оценската мисија на ЕУ, Судскиот совет денеска усвои дополнувања на деловникот на работа со кое членовите на Судскиот совет ќе мора во иднина да ги образложат своите одлуки за избор или неизбор на судија, како и роковите за постапување, односно – отсега натаму нема да можат предмети да ставаат на долг рок […]

Овие настани не треба да се пропуштат на „Видик“ – фестивал што отвора нови културни видици


  Со иновативен спој на повеќе области на културата, новиот фестивал „Видик“, кој е во организација на „Литература.мк“, отвора нови културни видици. Од 16 мај до 16 јуни, во книжарниците на „Литература.мк“ на улица „Македонија“, во „Дајмонд“, „Ист гејт“ и „Скопје сити мол“, се одржуваат дваесетина настани, кои ги обединуваат литературата, музиката, театарот, дизајнот и […]

СДСМ сѐ уште нема став за проширувањето на владата со нови министерства


  СДСМ како главна опозициска партија сѐ уште нема официјален став дали ќе го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се рекомпонира владата и место 20 – во иднина да има 24 министерски места. Според најавите, овој предлог многу бргу ќе се најде пред пратениците како иницијатива, а за да биде изгласан ќе бидат потребни гласови […]

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ на турнир од светската карате лига во Казабланка


Петар Заборски и Петар Спасеновски од „Макпетрол“ ќе учествуваат на последниот турнир од Светската карате 1 премиер лига за 2024 година. Тие се единствените претставници од Македонија што ќе бидат дел од силното натпреварување што во Казабланка ќе се одржи од 31 мај до 2 јуни. Заборски ќе се бори во категоријата под 75 килограми, […]

Снимка од нападот на војникот на границата Полска – Белорусија


Мигрант кој се обидел илегално да ја премине границата од Белорусија во Полска во вторникот избодел полски војник, а полицијата споделила снимка од надзорните камери од инцидентот. Нападот врз полскиот војник се случил за време на патрола долж границата во вторникот наутро. За време на инцидентот, во кој дојде до судир со околу 50 илегални […]

Народната банка го усвои Стратегискиот план за периодот 2025 – 2027


Народната банка го усвои Стратегискиот план за периодот 2025 – 2027 година. Како што информираат од Народната банка, Стратегискиот план е поставен под мотото „Централна банка којашто придонесува за градење стабилна, одржлива и зелена економија“, со што воедно се утврдиле главните области на коишто посветено ќе работи во следните три години. При изработката на Стратегискиот […]

Адвокатка од Скопје нападната од партнерот


Адвокатка од Скопје нападната од партнерот во центарот на Скопје. Случајот е нотиран и во полицискиот билтен. – На 27.05.2024 во 21.45 часот во СВР Скопје, 45-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 19.10 часот на работното место во адвокатска канцеларија на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот партнер И.К.(45) од Скопје. Се […]

Место нови избори ќе се продолжи рокот за в.д. градоначалниците?


Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, одлучи да се повлече од градоначалничката функција во Сарај и да ѝ се посвети на пратеничката работа како дел од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ. Поради тоа во оваа општина ќе треба да се одржат предвремени локални избори.  Инаку, Блерим Беџети е поранешен министер за правда и висок функционер […]

Советот на јавни обвинители му препорачува на Мемети да не учествува во работата додека трае постапката против него


 Советот на Јавни обвинители денеска дискутираше за постапката против членот Иџет Мемети кој е осомничен за примање награда за противзаконито влијание. Според членовите, Мемети за времетраењето на истрагата не би требало да учествува во работата и одлуките на Советот. Тие образложија дека немаат законски можности за негово разрешување. Членот Кети Петкова образложи дека Законот за […]

Нови претреси во Парламентот на ЕУ


Инспектори денеска извршија претрес во канцелариите на вработен во Парламентот на ЕУ во Брисел и Стразбур, како и во неговиот дом во Брисел. како дел од белгиската истрага за сомневање за руско мешање и корупција, соопшти државното обвинителство. Според извор близок до истрагата, цел на претресите е поранешен помошник пратеник на ЕУ, Максимилијан Кра, од […]

Малолетник со мотор усмрти прилепчанка


Во три одделни сообраќајни несреќи во кои учествувал возач на мотор, усмртена е една жена, а повредени се уште една жена и малолетник. Во вторникот, во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Тризла“ во Прилеп, мотоцикл „хамачи” без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Прилеп, удрил во пешакот Г.М.(68) од Прилеп. Во несреќата со тешки […]

Геноцидни Срби


Започна на Тајмс сквер, во основа целосно безвезен и грд, всушност најгрдиот плоштад во Њујорк, кој стана најпосетувана туристичка атракција на градот само поради триста џиновски светлечки рекламни паноа, шарени билборди и дигитални дисплеи. Педесет милиони луѓе од целиот свет – истите оние педесет милиони кои им ја пцујат мајката на Фејсбук и Јутјуб кога […]

Во март 79 отсто од потрошената струја од домашни извори


Во март годинава во земјава вкупно се потрошени 576.974 мегават часови електрична енергија, 22,692 милиони нормални кубни метри природен гас, 454.378 тони јаглен и 81.059 тони нафтени продукти. Според податоците на Државниот завод за статистика, 79 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 98,1 процент од вкупно потрошениот јаглен е употребен за […]

Полска ја враќа тампон зоната на границата со Белорусија


Премиерот на Полска, Доналд Туск денеска најави дека тампон зоната широка 200 метри на границата со Белорусија ќе биде обновена по ескалацијата на насилството, откако вчера еден од мигрантите обидувајќи се илегално да ја премине полската граница нападнал војник со нож. – Во оваа ситуација, драматична како нападот на нашиот војник кој се бори за […]

Бериша ја изгуби пратеничката плата, следниот месец и мандатот


Собранието ги стопираше финансиските бенефиции на Сали Бериша, вклучително и неговата плата, бидејќи поранешниот премиер, кој е во домашен притвор, не учествуваше на ниту една од пленарните седници, состаноците на собраниските комисии или која било друга активност поврзана со него како пратеник. -Врз основа на одлуката на Специјалниот суд против организиран криминал и корупција, во […]

Во Белград регистрирани вкупно 72 случаи на мали сипаници


Во Белград продолжува епидемијата на мали сипаници, а од февруари досега, во главниот град на Србија се потврдени 72 случаи на морбили, јави дописникот на МИА од Белград. – Седуммина вработени медицински работници се разболеле во КБЦ Земун. Се очекува зголемување на нови случаи поради периодот на инкубација, но не драстично, изјави за РТС д-р […]