Адвокатка од Скопје нападната од партнерот


Адвокатка од Скопје нападната од партнерот во центарот на Скопје. Случајот е нотиран и во полицискиот билтен.

– На 27.05.2024 во 21.45 часот во СВР Скопје, 45-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 19.10 часот на работното место во адвокатска канцеларија на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот партнер И.К.(45) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од полицијата.