Малолетник со мотор усмрти прилепчанка


Во три одделни сообраќајни несреќи во кои учествувал возач на мотор, усмртена е една жена, а повредени се уште една жена и малолетник.

Во вторникот, во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Тризла“ во Прилеп, мотоцикл „хамачи” без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Прилеп, удрил во пешакот Г.М.(68) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.М. и била пренесена во Градската болница Прилеп каде што подоцна починала, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Истиот ден, во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје, мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.А.(26) од Скопје, удрил во пешакот Е.Д.(67) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Д., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Околу 13.30 часот пак, во Полициската станица Валандово било пријавено дека во двор на основно училиште во Валандово, мотоцикл, управуван од малолетник од Валандово, удрил во малолетен пешак од с.Пирава, валандовско. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Валандово. Увид бил извршен.