Козлодуј ќе го раскине договорот со Русија за набавка на нуклеарно гориво


Бугарската нуклеарна централа Козлодуј ќе го раскине договорот со Русија за набавка на нуклеарно гориво, најави извршниот директор на компанијата Валентин Николов.

Тој прецизираше дека расположливото руско гориво ќе се користи како резерва.

Николов посочи дека цената на американското гориво е слична на онаа на рускиот гориво.

Во меѓувреме продолжуваат преговорите со француски Франатом за нуклеарното гориво за шестиот блок од Козлодуј.