ConocoPhillips ја купи Marathon Oil за 22,5 милијарди долари


Американската компанија за нафта и гас ConocoPhillips се договори за откуп на Marathon Oil за 22,5 милијарди долари. После ExxonMobil и Chevron ConocоPhillips е третата по големина американска нафтена компанија. Акционерите на Marathon ќе добијат по 0.2550 акции од ConocoPhillips за секоја хартија од вредност што тие ја поседуваат. Според ова Marathon се оценува на […]

Викендов ќе не будат авиони – ќе се прска против комарци


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 01.06 и 02.06.2024 година (сабота и недела) во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, […]

Калињак: Закрепнувањето на премиерот Фицо ќе трае долго


Братислава – Закрепнувањето на премиерот Роберт Фицо, по обидот за убиство, ќе потрае „исклучително долго“, изјави денеска словачкиот вицепремиер Роберт Калињак, цитиран од француските медиуми. Истовремено, болницата во која се лекува Фицо ја дефинира состојбата на премиерот како „задоволителна“. Словачкиот премиер беше застрелан на 15 мај, по состанокот на владата во градот Хандлова, во централна […]

Ученици од Прилеп направија чоколадо со пробиотици, со изумот ќе одат на eвропско првенство


Тим ученици од прилепското училиште „Ѓорче Петров“ направиле чоколадо со пробиотик кое го произвеле со едноставна рецептура. Тие со нивната идеја победиле на последниот национален натпревар на ученички компании, организиран од организацијата „Џуниор Ачивмент Македонија“ со поддршка на УСАИД. Тимот составен од учениците Михаил Ангелески, Марија Ѓорѓиоска, Христина Димеска и Теа Манеска, под водство на […]

Колапсот на Клинички ја прегоре Градска болница: 150 итни пациенти оперирани за 10 дена


Полни корпи со чаршави, кебиња и перници во ходникот на приземјето на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, попозната како „стара Градска болница“, сведочат за напливот на итни пациенти што го имаат во последниве десетина дена, откако наталожените проблеми во инсталацијата за кислород и во компресорската станица доведоа до крах на здравственот систем […]

Сертицифирани шест граѓански организации со „ознака за доверба“


Здружението „Конект“ преку проектот на УСАИД – „Партнерства за донирање“ посветено работи на зголемување на довербата во граѓанскиот сектор. Ознаката за доверба е само-регулирачки систем со цел на граѓаните и компаниите да им се олесни изборот на доверливи организации каде можат да донираат за цели од јавен интерес. На форумот за филантропија 2024 беа сертифицирани […]

ВМРО-ДПМНЕ до Ахмети: Доста плачеш!


ВМРО-ДПМНЕ негира дека одењето на ДУИ во опозиција е кршење на Рамковниот договор. Според нив и Али Ахмети го прекрши договорот кога реши да ја изостави ВМРО-ДПМНЕ од владата и не го почитуваше резултатот на изборите во 2016 година кога победи ВМРО-ДПМНЕ, што само значи дека почитувањето на Охридскиот договор нема врска со фактот дали […]

„Златен објектив“ за доајенот на филмската уметност Столе Попов


За исклучителниот придонес во развојот на македонската кинематографија, плодното творештво и белегот што го остави во домашната филмска индустрија, на доајенот на македонскиот филм Столе Попове денеска му беше врачена наградата „Златен објектив“ што ја доделува Кинотеката на Северна Македонија. Во присуство на неговите блиски, пријатели, соработници и почитувачи на неговото дело, наградата му ја […]

29 мај во историјата – Едмунд Хилари и Тензинг Норгај се искачија на Монт Еверест


  Во 11,30 часот на 29 мај 1953 година, Едмунд Хилари од Нов Зеланд и Тензинг Норгај, шерпас од Непал, станаа првите истражувачи кои стигнаа до врвот на Монт Еверест, кој со 8.848 метри надморска височина е највисоката точка на земјата. Двајцата, дел од британската експедиција, го направија својот последен напад на самитот откако минаа […]

Македонија бележи благо опаѓање во глобалното рангирање за буџетска отчетност


Северна Македонија бележи благо опаѓање во рангирањето за буџетска транспарентност, според Анкетата за отворени буџети на Меѓународното буџетско партнерство за 2023 година од 36 поени во 2021 година на 35 поени за 2023 година. Истражувањето, како што стои во соопштението на ЦЕА, е единствена споредбена, независна и редовна проценка во светот за транспарентноста, надзорот и […]

Доктор открива кои несакани ефекти се јавуваат од често консумирање парацетамол


Многумина од нас посегнуваат по парацетамол кога нешто боли, обично главоболка, воспаление на мускулите, без воопшто да размислуваат за самиот ефект. За многумина, парацетамолот е и „лек против мамурлак“. Проблемот настанува кога посегнувањето по парацетамол станува навика. Што се случува ако консумираме парацетамол секој ден? Д-р Жерард Синович, водечки консултант за болка, истакнува дека често […]

Гаши доби преставка заради заклетвата дадена прво на албански јазик


Пратеничката и министерка за култура во заминување Бисера Костадиновска-Стојчевска  поднела претставка до Секторот за инспекција при Министерството за култура по гестот на Африм Гаши, како новоизбран спикер на Собранието, заклетвата да ја прочита прво на албански, а потоа на македонски јазик. – Законот за употребата на македонскиот јазик е резултат на нашите заложби и политики […]

Грците ги следат плажите со дронови, казните за кршење на правилата се огромни


Во март грчкиот парламент донесе нов закон за користење на јавниот имот во крајбрежните области и со тоа стапи на сила одлуката дека 50 отсто од плажите мора да бидат јавни. Сепак, веќе е утврдено дека многу приватни сопственици, хотели и ресторани и кафулиња не го почитуваат тоа. Затоа, владата лансираше дронови за да провери […]

Ахмети пак се жали дека му е нарушено правото како победник да биде дел од власта


  Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во име на „Европскиот фронт“ остро ги обвини албанските политички субјекти кои се очекува да бидат дел од идната влада дека го нарушиле легитимитетот на слободното гласање и на Охридскиот договор. За „Европскиот фронт“, според Ахмети, неприфатливо е коалицијата која освоила помал број мандати да стане дел од […]

Матични се жалат на казни за пречекорувања на издадени лекови – Фондот ги притиска рационално да препишуваат


Појавата на казни кај наводни пречекорувања на издадени лекови, во услови на незголемен буџет за лекови за хронична терапија, при што некои од лекарите биле доведени во ситуација да мораат да враќаат пари, иако, како што велат, морале да препишат лекови, беше првата причина за денешната реакција на матични лекари пред Фондот за здравствено осигурување. […]

Мафијашката држава ја турка бугарската демократија до работ


  СОФИЈА – Изборите во Бугарија следниот месец зависат од санкциониран тајкун и неговиот капацитет да ја поткопа кревката демократија на нацијата. Според неговите критичари – особено од реформистичките, антикорупциски партии – медиумскиот магнат и пратеник Дељан Пеевски е олицетворение на заробената бугарска држава во која олигарсите во сенка, шпионите и криминалните банди ги обвиткуваат своите […]

Поради модернизација утре ќе биде исклучен од редовна работа автоматскиот пружен блок помеѓу станиците Романовце и Миладиновци


Поради модернизација на пружни блокови, автоматскиот пружен блок помеѓу станиците Романовце и Миладиновци ќе биде исклучен од редовна работа во 10 часот во текот на утрешниот ден, информираа од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.  Сообраќајот помеѓу овие две станици ќе се одвива во станично растојание, бидејќи патните премини Агино Село-Поле и Дељадровци – Поле ќе бидат исклучени […]

„Отсутно присуство“ – изложба на досега неизложувани дела на сликарот Владимир Георгиевски


  Во чест на 82 години од раѓањето на македонскиот сликар Владимир Георгиевски (1.6.1942 – 25.5.2017), Галерија Матица, во соработка со семејството Георгиевски, организира изложба на триесетина досега неизложувани дела од различни фази на неговото творештвото. Изложбата ќе се отвори на 30 мај (четврток), во 19 часот и ќе трае до 24 јуни 2024.   […]

Македонскиот олимпиец Дарио Ивановски на „Охрид трчаТ“ 2024


На осмото издание на најголемата спортска манифестација во градот покрај Охридското Езеро, атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, што оваа година ќе се одржи од 31 мај до 2 јуни, ќе трча Дарио Ивановски, засега единствениот учесник од Македонија на Летните олимписки игри во Париз. -Улиците на Охрид претстојниот викенд ќе бидат олимписки благодарение на нашиот олимпиец, […]

Музичката и бизнис елита на гала промоцијата на „Албум“ на Калиопи (галерија)


Калиопи, дивата со стас , глас и најубавите поп-хитови, денес, во елитната „Воденица“ , ја собра  музичката и бизнис елита за промоцијата на новиот албум, насловен „Албум“  со десет нови композиции, од кои две ( со спотовите) „Знам“ во дует со Жељко Самарџиќ и „ Кад осване“, јавноста веќе ги слушна. Тоа беше гала настан […]