Таравари: Малиот син првпат гласа – нека бидат фер и демократски изборите


Кандидатот за претседател од коалицијата Вреди, Арбен Таравари, во придружба на потесното семејство го оствари правото на глас на избирачкото место во ООУ „Единство-Башкими“ во Гостивар.   – Чест и задоволство е со моето семејство да гласаме, што ни е граѓанска должност. Посебно задоволство е што малиот син првпат гласа оваа година. Мојата порака до […]

Мицкоски: Колку е поголем бројот на тие кои гласаат толку промените ќе бидат посилни


Колку е поголем бројот на тие кои гласаат толку промените ќе бидат посилни. Со масовна излезност на изборите заеднички ја определуваме траекторијата по која ќе се движиме, порача денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.   По гласањето на првиот круг од претседателските избори на избирачкото место во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Општина Карпош Мицкоски […]

Димитриевски: Досегашната пракса покажува многу злоупотреби на изборниот процес особено поткуп


Кандидатот за претседател од Движењето ЗНАМ– За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска гласаше и на граѓаните им посака успешни избори и да победи демократијата во Македонија. – Народот да се одважи, да излезе, што помасовно и да ја даде поддршката на тој за кој смета дека ја заслужува. А секако јас како кандидат ќе ја […]

Села: На избори треба да се исполни демократијата


Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села денеска го оствари своето гласачко право на првиот круг под претседателските избори во основното училиште во струшкото село Ливада. – Моите очекувања секогаш кога има избори се да биде исполнета демократијата. Тоа е многу важно. Луѓето да се чуствуваат слободни да ја изразуваат својата поддршка за кандидатот за […]

Митрески: Имаме капацитет да организираме избори по европски стандарди


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, денеска, во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга, го искористи своето избирачко право и гласаше во првиот круг за избор на претседател на државата. „Верувам дека изборниот ден денеска ќе помине во најдобар ред како што доликува на една демократска држава. Изминатите изборни циклуси покажавме дека како […]

Јакимовски: Денеска гласаме за наш претседател, ниту за српски, ниту за бугарски, ниту за грчки претседател


Најголема штета се прави на Македонија, ако не се излегува да се гласа, рече денеска кандидатот за претседател на државата на коалицијата „Храбро за Македонија“ и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски. – Многу сум среќен што денеска гласаме за наш претседател, ниту за српски, ниту за бугарски, ниту за грчки претседател. Вечна слава нека им […]

Џафери: Учесниците успеале да допрат до волјата на граѓаните


Техничкиот премиер Талат Џафери, оценува дека овие избори се од особено значење особено, бидејќи се избира власт која ќе даде правец во кој земјава ќе оди по изборите. Тој во родното село Форино го исполни своето гласачко право и порача дека денеска граѓаните го користат своето уставно и законско право за слободно изразување на својата […]

Ванковска: Гласам за себе зошто верувам во тоа што го зборувам


Кандидатката за претседател на државата поддржана од партијата Левица, Билјана Ванковска, гласаше на избирачко место во ОУ „Јан Амос Коменски“ во Скопје. По гласањето изјави дека на 60-годишнината од основното училиште „Јан Амос Коменски”, каде што првпат зачекорила во школските клупи, денеска, рече, зачекорила да го даде гласот за себе. -Ова е малку необична ситуација […]

Бајден: Израел мора да дозволи помош за Палестинците без одлагање


 Американскиот претседател Џо Бајден денеска повика да се дозволи новата хуманитарна помош веднаш да стигне до Палестинците во Појасот Газа додека Израел, клучниот сојузник на САД, се бори таму со Хамас. „Веднаш ќе ја обезбедиме таа помош и ќе ја зголемиме… вклучително и храна, медицински материјали, вода“, рече Бајден по потпишувањето на  законот за воена […]

Османи: Граѓаните се исправени пред две опции, пред изолацијата или интеграцијата


Кандидатот за претседател на коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ Бујар Османи денеска гласаше во избирачкото место во ОУ „Адем Јашари“ во Општина Чаир. – Да посакам изборите денеска да бидат слободни, фер и демократски. Граѓаните да имаат можност да излезат масовно да гласаат. Да гласаат според своето убедување, но да гласаат со цел и […]

По тепачката во грчкиот парламент: еден пратеник заврши во болница, друг во притвор


  Еден грчки пратеник заврши во полиција, а друг е во болница по тепачката во парламентот во Атина во средата. Независниот пратеник Константинос Флорос – порано дел од екстремно десничарската партија Спартанци – го нападна пратеникот Василис Граменос од националистичката партија Грчко решение за време на жестоката дебата во парламентот за тужба за клевета. Парламентот […]

Кога да почнете со наводнување на тревата и во кој период од денот да го правите тоа?


Ако сакате вашата градина да биде зелена со трева што добро расте – започнете со основните работи, т.е. наводнување. Добриот режим на наводнување бара конзистентност. Ако го правите тоа премногу често, вашата трева ќе биде подложна на штетници. Меѓутоа, ако тоа не го правите доволно често, ќе ја исушите почвата, ќе го пожолтите тревникот и […]

Бајден го потпиша законот за ТикТок


Претседателот на САД, Џо Бајден го потпиша неодамна усвоениот закон од Конгресот, со кој се бара од компанијата „БајтДенс“ (ByteDance) со седиште во Кина, да го продаде ТикТок или ќе се соочи со забрана на американскиот пазар. Продажбата мора да се случи во рок од девет месеци или една година доколку Бајден се согласи да […]

Руски нефункционален сателит за малку ќе се судрел со сателит на НАСА


Количината на вселенски отпад продолжува да расте, а анализата на новите податоци покажува дека ризикот од судир на руски и американски сателит бил поголем отколку што се веруваше. На крајот на февруари, нефункционалниот руски сателит Космос 2221 го „промаши“ сателитот TIMED на НАСА, но помина многу блиску до него. TIMED е оперативен сателит со задача […]

Во Албанија стапи во сила кривичната амнестија што ќе им заштеди 30 милиони евра годишно


Во Албанија денеска почна имплементацијата на законот за кривична амнестија, со која корист имаат 1200 осудени лица, од кои 800 ќе бидат веднаш ослободени, додека 400 ќе имаат намалена казна. Со амнестијата се опфатени и 2700 лица, условно казнети и оние кои се во судска постапка за полесни дела кои не предвидуваат казна затвор повисока […]

Блумберг: Кинескиот претседател доаѓа во Србија во мај


Кинескиот претседател Ши Џинпинг би можел да ја посети Србија на 7 мај, на денот на 25-годишнината од нападот на НАТО врз кинеската амбасада во Белград, пренесува Блумберг. Се истакнува дека точниот датум на посетата, која би била дел од турнејата на хрватската претседателка, се уште не е одобрен и може да се промени. „Посетата […]

До 17 часот излезноста е 42,36 отсто


  Одѕивот на првиот круг од претседателските избори до 17 часот попладнево изнесува 44,18 проценти, објави Државната изборна комисија (ДИК) според податоците од 1.788 избирачки места. Од вкупно запишани 899.977 гласачи на овие избирачки места гласале 397.612 избирачи,  односно 44,18 отсто, информираше на прес-конференција претседателот на ДИК Александар Даштевски.  Најголема излезеност од 67,19 проценти има […]

Бајден го потпиша законот, оружјето и муницијата тргнуваат веднаш за Украина


  Претседателот Џо Бајден во средата го потпиша законот за воена помош од 95 милијарди долари, која вклучува помош за Украина, Израел и Тајван и која исто така има одредба со која ќе се принуди сајтот на социјалните медиуми ТикТок да се продава или да биде забранет во САД. Соопштението означува крај на долгата, болна […]

Искра Гешовска меѓу добитниците во светот на Гете медал за придонес во културна размена


Македонската теоретичарка на уметност и културна менаџерка Искра Гешоска е меѓу трите  добитнички на Гете медалот за 2024, соопшти Гете институтот. Наградени се и литературната преведувачка Клаудија Кабрера од Мексико и театарската работничка Кармен Ромеро Кверо од Чиле. Медалот Гете, како што објави „Дојче веле“ е едно од најважните признанија на Германија за културни творци од странство. Наградата […]

МВР регистрира уште пет случаи на фотографирање на гласачкото ливче


Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека во текот на денешниот изборен ден регистрирало пет случаи во кои гласачи го фотографирале гласчкото ливче во Радовиш, Скопје, Охрид и Берово. Претходно МВР информираше за уште два вакви случаи, за изборен материјал оставен на автомобили, за исцртани графити на две локации и за пронајдена испукана димна бомба […]