Јакимовски го призна поразот и ѝ честиташе на Сиљановска Давкова


Претседателскиот кандидат на ГРОМ, Стевчo Јакимовски кој е актуелен  градоначалник на Општина Карпош го призна изборниот пораз на претседателските избори и ѝ ја честиташе победата во првиот изборен круг на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова. Тој рече дека врз основа на досега преброените гласови, секако дека не е задоволен. „Дали резултатите се задоволувачки? Според мене […]

Николоски: Сиљановска води 140.000 гласови, ДУИ да не повикува на бојкот на вториот круг


  Гордана Силјановска-Давкова има 140.000  гласови разлика, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.   -Очекувам на крајот кога ќе се соберат гласовите на сите други кандидати, плус неважечките ливчиња, да бидат помалку од гласовите на Силјановска – рече Николоски на Сител. Тој порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе оди во вториот круг на уште поголема победа за […]

САД тајно испратиле проектили со голем дострел ATACMS во Украина


САД испратија проектили со голем дострел ATACMS во Украина за употреба на нејзина територија, а оружјето пристигна во земјата овој месец, соопшти денеска Стејт департментот. „Можам да потврдам дека САД и дадоа на Украина ATACMS со голем дострел по директна наредба на претседателот“, изјави на брифинг портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател. Оружјето беше дел […]

„Амазон“ во Италија казнет со 10 милиони евра


Италијанскиот регулатор денеска им изрече казни од вкупно 10 милиони евра на подружниците на американскиот гигант „Амазон“ поради ограничување на слободата на потрошувачите при електронско купување. Амазон „значително го ограничи изборот на потрошувачите“ со стандардно „нарачување однапред и заштеда“ при купување широк спектар на производи, утврдија регулаторите, наметнувајќи казни за Amazon Services Europe и Amazon […]

Шпанскиот премиер Санчез се повлекува откако е отворена истрага против неговата сопруга


Шпанскиот премиер Педро Санчез објави дека се повлекува од јавните должности бидејќи морал „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да ја води владата откако суд во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција. „Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди … дали да продолжам да ја водам владата или да […]

ДИК изброја 75 отсто од гласовите: Силјановска има 266, а Пендаровски 130 илјади


  ДИК ги објавува резултати од гласањето, кои стигнаа до 75,88 отсто од гласовите и според тие податоци за Гордана Силјановска-Давкова гласале 39,52, а за Стево Пендаровски 19,30 отсто. Во гласови тоа е 266 илјади на 130 илјади. Од другите кандидати извонреден резултат има Бујар Османи, кој според досегашното пребројување е на третото место со […]

Енормно расте бројот на туристи заинтересирани за Малме, еве зошто


Треската за Песна на Евровизија предизвика зголемување од 176 отсто во онлајн пребарувањата за патување во градот Малме во периодот од септември 2023 година до април 2024 година. Ова го објави компанијата за онлајн резервации за патувања eDreams ODIGEO. Изборот за песна на Евровизија, најголемиот светски натпревар од ваков вид, се одржува од 7 до […]

Кузеска: Претседателските избори имаат два круга


Портпаролката на СДСМ и дел од изборниот штаб на претседателот Стево Пендаровски, Богданка Кузеска вечерва соопшти дека изборниот ден поминал во демократска атмосфера. Според неа, констатирани се многу мали прекршувања на изборниот процес, кои ги сметаат за исклучоци. Вели дека повикувале на масовност и граѓаните слободно да одлучат за иднината на државата и граѓаните. „Претседателските […]

Ефектот на блоковите: Меѓународната трговија со геополитичките сојузници во пораст


Меѓународната трговија станува сè пофрагментирана во последните пет години, бидејќи земјите се префрлија на зголемено тргување со нивните геополитички сојузници. Оваа графика од Фондацијата Хинрих, прва во серијата од три дела што ја покрива иднината на трговијата, дава визуелен контекст на растечкиот јаз во трговијата во земјите од Г7 и пред експанзијата на БРИКС, кои […]

Тошковски потврди: Ова беа демократски избори, ќе има само две кривични пријави


Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денот на кој се гласаше за прв круг претседателски избори го прогласи за мирен и со незначителни нерегуларности. „Со задоволство сакам да истакнам дека денешниот изборен ден помина во демократска атмосфера како резултат на добрата соработка на полицијата, Државната изборна комисија и другите чинители, поради што денот помина […]

Јавното обвинителство не добило кривична пријава за нарушување на изборниот процес


Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија не пристигнала ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, информираат од оваа институција. „Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, изборниот ден во првиот круг од изборите за Претседател на Република […]

Во дијаспората прва Силјановска, втор Пендаровски


Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова на седмите Претседателски избори има освоено 359 гласови од дијаспората, а втор по број на гласови е кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, со 185 гласови, велат податоците од Дипломатско конзуларните претставништва, без САД и Канада. Кандидатот на ДУИ, Бујар Османи има 182 гласови, Билјана Ванковска кандидатот на Левица доби 158 […]

При отворањето на Олимпијадата небото над Париз ќе биде забранета зона за летови


 Воздушниот простор над Париз ќе биде затворен шест часа како дел од големата безбедносна операција за време на церемонијата на отворање на Олимписките игри на 26 јули, соопштија денеска Министерството за внатрешни работи и главниот оператор на париските аеродроми. Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Дарманин најави дека зоната на забранети летови ќе се протега […]

Гласањето заврши, излезноста до 18,30 часот е 48,34 отсто


  Гласањето во првиот круг од претседателските избори заврши во 19 часот. Според податоците од веб-страницата на Државната изборна комисија излезноста до 18,30 часот по обработени 82,28 отсто од избирачките места била 48,25 отсто. Или во бројки – 781 илјади граѓани. Од многу од општините податоците од општинските изборни комисии се нецелосни, а некаде и […]

Изјави по изборите: За Муцунски гласањето беше фер и демократски, за Таравари „земјотрес“


„Дозволете на почетокот најпрво да му честитам на македонскиот народ за високата демократска свест манифестирана преку излезноста. Народот покажа дека знае да ја процени важноста на изборите“, со овие зборови Тимчо Муцунски ја започна првата прес конференција по затворањето на избирачките места. Како што најави тој, од аспект на изборниот процес, тој поминал фер и […]

Затворени гласачките места


Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните на Република Северна Македонија денеска можеа да гласаат на седмите претседателски избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Гласачките места беа отворени во 7:00 часот. Право на глас […]

Силјановска-Давкова: Не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат


Направете го вистинскиот избор, споредете не само програми, споредете што се случуваше. Јас бев во Собранието, а сегашниот претседател беше претседател и мислам дека многу лесно можете да донесете одлука, им порача на гласачите Гордана Силјановска-Давкова, кандидатот за претседател на државата поддржан од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, по искористувањето на своето право на глас за […]

Пендаровски: Држава која преговара со ЕУ, не смее да си дозволи лош изборен процес


 Кандидатот за претседател на Стево Пендаровски денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори 2024 година. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека очекува мирен изборен процес, не само денеска, туку и на 8 мај кога ќе се одржат вториот круг на претседателските и парламентарните избори. „Тоа е исклучително важно, не толку за индивидуалните кариери […]

Ковачевски: Денеска е прв чекор пред големата одлука на 8 мај


Ние во текот на изминатите седум години, ја вративме заедно со граѓаните, демократијата во државата. Затоа верувам дека граѓаните имаат доверба во изборниот процес и тоа ќе го покажат со бројноста на своето гласање. Ова денеска го истакна лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски во изјава за медиуми, откако гласаше за претседател на државата. – Денеска […]