„Светлина“ – концерт со Станко Мадиќ и Оливер Балабурски во Филхармонија
Македонската филхармонија најавува уште еден импресивен концерт! Станува збор за концертот „СВЕТЛИНА“, кој ќе се одржи в четврток, на 4 април во 20 часот, а на кој како солист ќе настапи извонредниот виолинист Станко Мадиќ (Србија/Германија), концертмајстор на Радио-оркестарот на Минхен. За првпат во Македонија, Станко Мадиќ ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар бр. 1 еден од највлијателните современи живи композитори, Петерис […]