Украинска служба за безбедност: Барањата на Русија до Киев се „цинични“


Украинската безбедносна служба соопшти дека барањата на Русија до Киев да ѝ ги предаде на руската страна луѓето во Украина одговорни, како што рече Москва, за терористички акти на руска територија, се „безвредни“ и „цинични“ кои доаѓаат од терористичка држава, објавија британските и француските медиуми, пренесе БТА.

Службата за безбедност на Украина потсети дека самиот руски претседател Владимир Путин е предмет на меѓународна потерница.

-Изјавите за тероризам звучат особено цинични, кои доаѓаат од самата терористичка држава. Затоа, какви било зборови од руското Министерство за надворешни работи се безвредни и цинични, се вели во соопштението на Службата за безбедност на Украина.

Меѓу барањата на Русија беше Украина да и го предаде на Русија шефот на Украинската служба за безбедност, Васил Маљук. Тој го води одделот нешто повеќе од една година.