Втор симпозиум „Смарт фармацевт“ на тема дијабет


Под мотото „Заедно сме посилни“ денеска во Скопје започнува вториот симпозиум „Смарт фармацевт“ на тема дијабетес. 

Станува збор за мултидисциплинарен настан на кој ќе се споделат знаења и искуства од фармацевти, матични лекари, специјалисти, еднокринолози, нефролози, невролози и офталмолози бидејќи, како што велат организаторите, потребени се здравствени тимови од повеќе специјалности за правилен и ефикасен третман на дијабетесот. 

Во првите два дена преку работилници ќе бидат пренесени клиничките патеки за активно вклучување на фармацевтите во менаџмент на терапијата за дијабет и сите скриниг и превентивни активности што фармацевтите треба да ги работат како дел од фармацевтската грижа за своите корисници на фармацевтски услуги.

Симпозиумот е во организација на ФармаЕксперт, Здружението на приватни аптеки, ЗСЛОМ и Центарот за семејна медицина.