Синер надмоќен против Димитров, го освои трофејот на Мастерсот во Мајами


Италијанскиот тенисер Јаник Синер синоќа го победи бугарскиот репрезентативец Григор Димитров во два сета во финалето на Мастерсот во Мајами.

Натпреварот траеше 1 час и 14 минути и заврши со резултат 6:3 и 6:1.

Синер сервираше четири аса, направи една двојна грешка и реализираше четири од осум брејк топки.

Димитров имаше шест асови, една двојна грешка и не искористи една брејк шанса.

По освојувањето на турнирот, Синер за прв пат во кариерата ќе стане светски рекет број два, надминувајќи го Шпанецот Карлос Алкараз на ВТА.

За 22-годишниот тенисер ова е 13. титула на АТП турнејата.