Вистината за подемот на Слободан Милошевиќ: Како започна сѐ


За време на мојот петгодишен престој во Белград, во декември 2006 година, го запознав Шпиро Галовиќ, поранешен одличен новинар (тој беше главен уредник на белградскиот „Студент“, 1962-1963) и многу познат српски политичар. Еден наш заеднички познајник му кажа дека сум во Белград, дека работам на голема книга за распадот на Југославија, дека ме интересира и Слободан Милошевиќ, меѓу […]

Жичницата на Водно од утре со продолжено работно време


Јавното сообраќајно претпријатије-Скопје ( ЈСП) известува дека од утре, вторник жичницата ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот. Од таму додаваат дека согласно со Одлуката за возен ред во април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот […]

Со автомобил влетале низ влезна врата и украле сеф со пари во маркет во Црниче


Во населбата Црниче ноќеска бил ограбен маркет откако била демолирана влезната врата, а не куртулиле ниту излозите, јави Скопјеинфо. Според првичните информации, маркетот е ограбен откако автомобил влетал во влезната врата. Алармот се запалил, а разбојниците го зеле сефот на маркетот и избегале со црвен автомобил од типот караван. -На 01.04.2024 во 03.58 часот во […]

“Цело тело тука ме боли” – Светлана Цеца Бојковиќ гостува со комедија во НОБ


Славната српска актерка Светлана Цеца Бојковиќ доаѓа во Македонија. Гостува со комедијата „Цело тело тука ме боли“ на 8 април во НОБ. Другите улоги ги толкуваат: Радован Вујовиќ и Андријана Оливериќ, а текстот и режијата  е на Никола Пејаковиќ.  Комедијата “ Цело тело  тука ме боли”, си поигрува со актуелните, современи болести на општеството, комбинирајќи ги со […]

Откако се „одјави“,Собранието пак заседава


Иако минатата недела спикерот на Собранието објави дека престануваат со работа за да не влијаат на кампањата пред изборите, денес повторно е закажана нова седница – за да се усвои закон кој е предложен од Владата по итна постапка.  Како што извести собраниската служба, по барање на група пратеници  од опозицијата и од власта и […]

Утре и задутре не патувајте во Грција – штрајкува царината


 Сообраќајот на граничните премини од Грција кон соседните земји, меѓу кои и Северна Македонија, утре и задутре ќе биде во прекин поради 48-часовниот штрајк на грчките царинските службеници, а извори од Федерацијата на цариниците за МИА од Атина велат дека граѓаните кои во следните два дена планирале да патуваат во Грција, добро ќе биде да […]

Ќе се реконструира спортското игралиште во Нерези


Општина Карпош презеде иницијатива за целосна реконструкција и проширување на фудбалското игралиште кое се наоѓа на улица „Козле 8“, во реонот на населбата Нерези. Станува збор за спортски терен кој зафаќа површина од 540 м2, во чии рамки е поставена подлога од вештачка трева. За да се постигне поголема функционалност и безбедност бидејќи се наоѓа […]

Од архивите на МРТ – концерт на оркестарот на „Танец“ на 3 април во Филхармонија


„Од архивите на МРТ“ на 3 април, во 20 часот, во мала сала на Филхармонија, е концерт кој во себе обединува неколку јубилеи – 80 години од основањето на МРТ, 75 години од основањето на Танец и на Народниот оркестар на МРТ, како и 70 години од раѓањето на Тодор Трајчевски, член на СОКОМ и […]

Ангеловска Бежоска – Тодорова: Финансиската едукација како начин за подобрување на положбата на жените во економијата и општеството


Едукацијата на женската популација за социоекономските права, можности и развивање бизнис-идеи, планови, како и финансиските можности за користење на домашните и европските фондови, се значаен чекор кон намалување на родовиот јаз во општеството и економијата. Финансиската едукација и финансиската вклученост на жените се вбројуваат меѓу политиките коишто треба да се спроведуваат во земјава за намалување […]

За поголем раст потребно е зголемување на реалните плати, вели член на ИО на ЕЦБ


Реалните плати во ЕУ мора да се зголемат доколку сакаме трајно економско зајакнување и поголема стапка на раст на економијата, смета членот на Извршниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ), Пјеро Чиполоне.  – Доколку реалните плати не се зголемат, тоа може да доведе до раст на ризикот од долготрајна економска стагнација, што може да предизвика […]

Филипче во Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ ги нуди луѓето од третиот ешалон на Груевски


  При отворањето на новиот изборен штаб во Прилеп, поранешниот министер за здравство и носител на листата на СДСМ во Изборната единица 4, Венко Филипче, рече дека ВМРО-ДПМНЕ не нудело никаква промена и дека граѓаните го знаеле тоа и го гледале. Тој нагласи дека во ривалската партија се истите луѓе кои порано биле во третиот […]

Порше Панамера е најпосакуван автомобил во Македонија, еве кои се победниците во другите категории


Циклусот на гласање на овогодинешното Златно Тркало 2024, избор за Најпосакуван Автомобил во Македонија, заврши. До вчера 31 март во 23:59 часот, по 14 дневно гласање, вкупно имавме 20.510 гласања во 5 категории, што покажува голем интерес, а и препознатливост на самиот избор. Златно Тркало е целосно веб базиран избор за Најпосакуван Автомобил во Македонија, […]

Приведени двајца малолетници во Тетово затекнати при обид да украдат мотоцикл


Полициски службеници од СВР Тетово ноќеска во 2 часот на ул. „Благоја Тоска“ во Тетово  лишиле од слобода двајца малолетници. -Тие биле затекнати при обид да извршат „тешка кражба“ на мотоцикл „априлија“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Г.Ц.(44) од Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи.  Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно […]

Втор ден сахарска прашина над Македонија- од утре разведрување


Според дежурниот синоптичар во Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на денешниот ден и во текот на ноќта ќе има зголемена концентрација на сахарска прашина над целата територија на Македонија, а веќе од утре се очекува небото да се разведри. – Последниот ден од март помина во знакот на невообичаено топло време за овој […]

ЦУП: Дури 90 медиуми во регистерот на ДИК не се во регистерот на професионални онлајн медиуми, а земаат пари за политичко рекламирање


Центарот за управување со промени бара да се ограничи дискреционото право на ДИК да исплатува буџетски пари за платено политичко рекламирање без било какви критериуми. Со тоа оваа невладина организација се приклучи на јавните притисоци да се стави крај на прелевањето на буџетски пари во медиуми креирани од самите политички партии, но и во медиуми […]

Дали жените се плашат од силни жени кај нас, еве што ѝ рекоа гостинките на Снеже Велков


Во „Нешто конкретно“ оваа недела зборуваме за тоа дали жените се плашат од силни жени. Дали на жената со став и е многу потешко да стигне до зацртаната цел или напротив многу полесно. Дали позади секоја јака жена стојат многу жени кои што превртуваат со очи и се користољубиви и дали силната жена е инспирација […]

Хамас за прв пат им се извини на жителите на Газа за страдањата предизвикани од војната


Во долгата изјава објавена на својот канал Телеграм, палестинското движење Хамас „се извинува“ за маките и страдањата предизвикани од речиси шестмесечната војна против израелската армија. Хамас, исто така, ја повторува својата желба да ја продолжи оваа војна, која, според него, мора да постигне „победа и слобода“ за Палестинците. Тие испратија „порака за благодарност до луѓето“ […]

1 април во историјата – Хитлер е осуден за Пучот од пивницата


  Адолф Хитлер е осуден за неговата улога во Пивничкиот пуч од 8 ноември 1923 година. Обидот за државен удар во Минхен од страна на десничарските членови на армијата и нацистичката партија беше спречен од владата, а Хитлер беше обвинет за велепредавство. И покрај неговата пресуда, Хитлер излезе од затвор пред крајот на годината, а […]

„Друга Турција“: Како Ердоган доживеа голем пораз на локалните избори


  Главната турска опозициска партија му зададе неочекуван удар на владеењето на Реџеп Таип Ердоган во неделата со убедлива победа на локалните избори во Турција, задржувајќи ја контролата врз големите градови, вклучувајќи ги главниот град Анкара, Измир и Истанбул, каде Екрем Имамоглу обезбеди втор мандат како градоначалник. „Драги мои истанбулци, денес ја отворивте вратата за […]

„Денови на македонската литература“ на Филолошкиот факултет при УКИМ


Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје неделава ќе ја посвети на македонската литература. Во организација на Катедрата за македонска книжевност и култура ќе се одржи годинешното издание на манифестацијата „Денови на македонската литература“. Со предавања на еминентни професори од земјата и од странство и со настан преку кој се […]