Наскоро ни доаѓа летното сметање на времето, еве кога се поместува часовникот


Летното сметање на времето започнува оваа година на 31 март во два часот по полноќ, односно ноќта од сабота 30 март кон недела 31 март стрелката ќе се помести од 2 часот наутро на 3 часот. Тоа значи дека денот станува подолг, а таа ноќ спиеме еден час помалку.

Ова се најзагадените градови во светот, каде е Скопје?


Азија е дом на 99 од 100 градови со најзагаден воздух, според новиот извештај, при што климатската криза игра клучна улога во лошиот квалитет на воздухот што го загрозува здравјето на милијарди луѓе ширум светот. Огромното мнозинство од овие градови (83) се во Индија и сите ги надминале упатствата за квалитетот на воздухот на Светската […]

Пендаровски не троши зборови на фабрикуваните обвиненија на ВМРО-ДПМНЕ


  „0 денари“ – е целиот одговор на претседателот Стево Пендаровски на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека користи државни ресурси за да биде реизбран на позицијата.  „За кампањата на Пендаровски се користат државни ресурси – дали и анкети и стратегиите за кампањата се платени со народни пари? Стево Пендаровски го погази зборот по којзнае кој пат. Велеше […]

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ достојно го претставија македонското карате во Анталија


Членовите на скопскиот клуб „Макпетрол“, Петар Заборски и Петар Спасеновски, остварија солидни резултати на неодамнешниот турнир од Светската 1 карате премиер лига што се одржа во Анталија. Заборски се пласира на седмата позиција во категоријата под 75 килограми. Тој во четвртфиналето загуби од Абилмансур Батиргали од Казахстан (0-2). Спасеновски, пак, во елиминацискиот дел заврши како […]

Трамп изјави дека принцот Хари би можел да биде депортиран поради употреба на дрога


  Принцот Хари може да биде депортиран од САД ако лажел околу земањето дрога на неговата апликација за американска виза, вели поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Во прегледот на интервјуто за GB News што треба да се емитува во вторник навечер, Трамп се осврна на визната драма што го обви принцот Хари, велејќи дека кралското […]

Македонија ќе биде „нападната“ од цветни бомби


На 21 март, поточно в четврток, речиси цела Македонија ќе биде „нападната“ од цветни бомби, кои деновиве ги изработуваат учениците од многу училишта низ државава, но и од други организации и здруженија. Станува збор за иницијатива на „Слоу фуд Македонија“, наречена „Пролетна офанзива 2024: Фрли цветна бомба!“. Целта е преку расејување различни фуражни, цветни и […]

Урнат хангар во Ѓорче Петров, го градеа на државно земјиште без дозвола


Хангарот кој се градеше близу скопската обиколница во насока кон Тетово, на државно земјиште – утрово беше целосно урнат од Општина Ѓорче Петров. Ова доаѓа по неколку предупредувања и барања да се отстрани објектот кој е нелегално поставен, кои инвеститорот ги игнорирал. Општината избра фирма на тендер и денеска го спроведе уривањето. Имаше големо присуство […]

Утре почнува Саемот на мебел во комплексот „Борис Трајковски“


Време е за поинакво саемско доживување и одлична можност да го освежите вашиот дом. Од утре, 20 март започнува Саем на мебел и ќе трае до 24 март. Саемот ќе се одржува во комплексот „Борис Трајковски“ со работно време од 10:00 до 20:00 часот во среда, четврток, петок и сабота, а во недела од 10:00 […]

Кој ги смисли познатите киосци – белег на Југославија?


Можеби за некого веќе заборавена фигура, но за други вистинска инспирација, а за нивното иконско наследство во земјава, можеби не сте знаеле, придонесе македонски архитект. Зад повеќенаменскиот модуларен киоск од времето на Југославија стои словенечкиот дизајнер Саша Ј. Махтиг. Но, оној кој дополнително го истражуваше концептот на модуларни киосци е македонецот Александар Никуљски. Тој создаде […]

ЕКО маскенбал во „Рамстор мол“


Дали сте подготвени? Пристигнува најзабавниот ЕКО Маскенбал во градот! На огромно задоволство на сите дечиња, Рамстор Мол во соработка со Шпаркасе Банка и Пакомак, традиционално и оваа година го организираат најзабавниот ЕКО Маскенбал! ЕКО Маскенбалот оваа година ќе се одржи на 1 април во 18 часот во просториите на Рамстор Мол каде сите заедно ќе […]

Тунис ја затвори границата


Тунис привремено го затвори својот граничен премин Рас Ајдир со Либија со цел да ја зачува безбедноста на своите граѓани поради вооружените конфликти на либиската страна на преминот. На видеото кое се појави на социјалните мрежи, на либиската страна на граничниот премин се гледа запалено возило, со звуци на пукотници, како и луѓе кои трчаат, […]

Колапс на зимска сезона во Маврово и Шапка. Отсега ќе се мисли на летен туризам


  Во услови кога поради недостиг на снежни врнежи скијачките патеки со недели се затворени или претворени во шеталишта, македонските ски центри веќе почнаа со првични анализи за импликациите од пропадната сезона. Спротивно на сите очекувања, скијачката сезона на Маврово се покажа како уште понеуспешна од претходната која исто така беше неповолна, што во пракса […]

Во рудник за злато во Русија, под урнатините заробени 13 лица


Вонредна состојба е воведена во регионот Амур на далечниот исток на Русија поради инцидент во рудникот за злато „Пионер“ во областа Зеја, каде 13 лица останаа заробени под урнатините поради пад на карпа, соопшти владата на тој регион. . Според првичните информации, 13 лица се на длабочина меѓу 100 и 150 метри. „Во регионот Амур […]

Околу 700 луѓе останаа заробени, прекинати сите врски – циклон во Австралија


Околу 700 луѓе останаа блокирани на северот на Австралија по минувањето на тропскиот циклон кој ги прекина врските со остатокот од земјата. While #CycloneMegan has been downgraded to a Tropical Low this morning, residents in Borroloola and surrounding areas are advised to brace for heavy rainfall. Rising water levels in Rocky Creek and the McArthur […]

Војниците во Европа си заминуваат токму кога се најпотребни на НАТО


ПАРИЗ – Повеќе не се работи толку за регрутирање нови војници колку за убедување на постоечките да не се откажат. Оваа недела, францускиот министер за вооружени сили Себастиен Лекорну претстави план за задржување таленти за да го поттикне воениот персонал да остане во униформа. Тоа доаѓа неколку дена откако годишниот извештај доставен до германскиот парламент покажа дека […]

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка


 Најниска тепемература од 0 степени Целзиусови утрово е измерена на Попова Шапка. Потоа следат Лазарополе со 1 степен, 3 во Маврови Анови, 4 Берово, Крушево, 5 Претор, 6 Крива Паланка, Охрид, Битола, Гевгелија, 7 Прилеп, 8 Тетово, Демир Капија, Виница, Струмица, 9 во Скопје-Петровец, Штип, Велес, Кавадарци и 10 степени во Скопје-Зајчев Рид и во […]

Промоција на досега непознатата проза на Ацо Шопов


Во организација на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, вечерва во 19 часот ќе биде промовирана книгата Ацо Шопов: „Автопортрет со седум прсти“. Текстовите на Шопов, прв пат објавени во книга, ќе ги интерпретира Никола Ристановски, а промотор е Владимир Мартиновски.  Промоцијата е организирана во соработка со издавачката куќа „Антолог“. Кон промоцијата се приклучуваат и Националната […]

Делови од Сарај, Чаир и Аеродром без струја


Без електрична енергија денеска од 9 до 12 часот ќе останат дел од жителите на влезот на селото Крушопек, а од 10 до 15 часот дел од корисниците од улица „4“ во Сарај. Во временскиот период од 8:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Македонско-косовска бригада“, „Никола Малешевски“ и […]

Романот не е роман ако нема есеј и мудрости: Книжевен портрет на Венко Андоновски


На Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје синоќа се одржа  Книжевен портрет на Венко Андоновски, универзитетски професор, романсиер, драмски писател, филмски сценарист, книжевен критичар и теоретичар на литературата.   Разговор со авторот водеше проф. д-р Кристина Николовска, а присуствуваа негови колеги и студенти. „За мене романот е жива органска форма, која постојано еволуира, со која треба […]

На полноќ истекува рокот за доставување на кандидатури за претседател на државата


На полноќ истекува рокот за доставување на кандидатури за претседател на државата до Државната изборна комисија (ДИК). Досега четворица од седуммина кандидати кои собраа потписи од граѓаните поднеле кандидатура до ДИК – актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Максим Димитриевски од ЗНАМ и Арбен […]