Се огласи Милошоски, бара со месеци „бла, бла расправа“ за законот за црни листи


Владата на ДУИ и СДСМ се плаши да ги искористи законските основи за меѓународна кривична соработка со САД и да отвори истраги против Рамиз Мерко, Катица Јанева и другите владини пријатели, кои се дел од црната листа на официјален Вашингтон, реагира на социјaлните мрежи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, откако беше прозван зошто го држи […]

Со нив нема играње: Овие три знаци ја губат контролата кога ќе се налутат


И кои се крајно импулсивни и не ги контролираат лесно своите емоции. Знаат да бидат опасни за околината кога ќе се налутат и ќе прават работи за кои подоцна може горко да зажалат. Меѓу членовите на Зодијакот, астролозите издвоиле три знаци кои се способни за секаков вид одмазда. Близнаци Луѓето родени под овој воздушен знак […]

Лога потпиша барање за екстрадиција на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани


Министерот за правда, Кренар Лога, ги потпиша барањата за екстрадиција на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани. Барањата откако ќе бидат преведени ќе бидат проследени до МНР на натамошно постапување до Обединетите Арапски Емирати. Шеваљ Муареми е водачот на криминална група „Дуќанџик“ од Грчец. Пред да настапи техничката влада во јануари, тогашниот министер на МВР, Оливер […]

Помалите компании регистрирале речиси четвртина од патентите во Европа, Македонија има 4 патенти


Компаниите и пронаоѓачите поднеле малку повеќе патенти до Европската канцеларија за патенти (ЕПО) во 2023 година отколку една година порано, а речиси четвртина од апликациите во Европа биле испратени од малите бизниси, покажуваат податоците објавени денес. Канцеларијата прими 199.275 барања за патент минатата година, приближно три проценти повеќе отколку во 2022 година, со речиси иста […]

Ахмети го почна формирањето на Европскиот фронт, поканети и партии на други етнички заедници


  Со „Одата на радоста“ започна денес прес конференцијата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со која го најави формирањето на Европскиот фронт на ДУИ, во кој засега потпис стави само Скендер Реџепи – Зејд од Народното движење. Според Ахмети, во тек се разговори и за приклучување и на ДПА на Мендух Тачи, на Европска […]

Европа го блокираше огромниот проект на Орбан и Вучиќ – нема брза пруга Белград-Будимпешта


  Европа го блокираше големиот проект на Александар Вучиќ и Виктор Орбан, брза пруга меѓу Белград и Будимпешта, пишува „Нова.рс“. Брзите возови кои веќе ги превезуваат граѓаните на Србија од Белград до Нови Сад, се чини дека уште долго ќе ја немаат Будимпешта како дестинација, без оглед на претходните најави на лидерите на Србија и […]

Кој му честиташе на Путин на изборната победа и што значи тоа во глобалниот свет


  По убедливата победа на Владимир Путин на претседателските избори во неделата, западните влади се наредија за да ја окарактеризираат победата како нефер и недемократска. Изборите ја нагласија „длабочината на репресијата“ во Русија, според британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, додека американскиот Стејт департмент рече дека затворањето и дисквалификацијата на противниците значи дека процесот […]

Сабаленка ќе се повлече од турнирот во Мајами по смртта на партнерот


  Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ќе се повлече од турнирот во Мајами, пренесува „Tennis365“. Дваесет и петгодишната Белорусинка е отстранета од официјалниот распоред на тренинзите, а објавите за нејзиното учество на социјалните мрежи се избришани. Претходно се дозна дека нејзиниот интимен партнер, Константин Колцов (42) почина на 18 март во Мајами каде што допатува за […]

Спектаклот ABBA SYMPHONIC доаѓа во Скопје на 26 април


Проектот кој распродава концертни сали каде и да настапува низ Европа, премиерно доаѓа во Скопје на 26 април во „Борис Трајковски“, да ги донесе сите хитови на ABBA; “Mamma Mia”, “Dancing Queen”, “Money, Money, Money”, “Waterloo”, “Voulez – Vous” во придружба на симфониски оркестар, извонреден бенд и светска продукција за проект досега невиден во Скопје, […]

Трагедијата на изманипулираната нација


Многу се поинтересни и посодржајни секојдневните, да ги наречам, кафе муабети, без микрофони и камери, за политиката, за состојбите во Македонија, за прогнозите кој ќе победи на изборите, кој ќе биде претседател на државата, а кој премиер, отколку надвикувањата со лошо глумење на некаква загриженост и лутина на бројните целодневни и целовечерни телевизиски дебати. Во […]

Онлајн предавање на француско-романскиот автор Матеј Вишниек во Јуроп хаус


Во среда, 20 март 2024 година, во 18 часот, во Јуроп хаус  ќе се одржи онлајн-предавањето на француско-романскиот автор Матеј Вишниек.    Матеј Вишниек е писател (драматург, новинар, поет и романописец) кој твори на француски јазик. Како и кај други уметници и интелектуалци кои се родени во Романија, но твореле во културата на дијаспората (како […]

Нула отпад – Уште една „Е-Капитолијада“ со многу награди за екомаски од електронски отпад


Во насока на јакнење на јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето, НУЛА ОТПАД во соработка со Капитол мол и Општина Аеродром поттикнуваат иницијатива за изработка на маски од електронски отпад кои ќе бидат презентирaни во форма на дигитална кампања на социјалните мрежи на Капитол Mол под името Е-КАПИТОЛИЈАДА. Е – Капитолијада се […]

„Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска – нов воспитно-образовен комплет за почетно читање


Новиот воспитно-образовен комплет за почетно читање „Мојата прва библиотека“ од авторката Деспина Мукоска, со илустрации на Калиопи Трпчева, ќе биде промовиран на 20 март (среда), во 13:30 часот,  во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Промотори на изданието за деца ќе бидат проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, проф. д-р Јасмина Делчева-Диздаревиќ и Владанка Д. Миче, а во […]

19 март во историјата – Почна војната во Ирак


  На 19 март 2003 година, САД, заедно со коалициските сили првенствено од Обединетото Кралство, иницираа војна против Ирак. Веднаш откако експлозиите почнаа да го потресуваат Багдад, главниот град на Ирак, американскиот претседател Џорџ В. Буш во телевизиско обраќање објави: „Во овој час, американските и коалициските сили се во раните фази на воените операции за […]

ДКСК отворила предмет за набавката на хеликоптерите и за амбулантните возила


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвара предмети за набавката на осум хеликоптери за Армијата вредни 230 милиони евра и за набавката 22 амбулантни возила преку тендер на Министерството за здравство, потврди Татјана Димитровска, претседателка на комисијата, за Радио Слободна Европа. „Отвораме предмети на сопствена иницијатива, по допрен глас од медиумите, за актуелни случаи пред избори. Двата […]

ЕУ ќе воведе царини за увоз на руско жито


Европската унија се подготвува да воведе царини за увоз на жито од Русија и Белорусија за да ги смири земјоделците и некои земји-членки, објави во вторникот „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со планот. Се очекува Европската комисија во наредните денови да воведе царина од 95 евра по тон за житарките од Русија и […]

Зошто се плаши ВМРО-ДПМНЕ од Законот за рестриктивни мерки?


  Претседателот на Комисијата за надворешна политика, Антонио Милошоски, ги држи во фиока предложените измени за Законот за рестриктивни мерки и не закажува седница на оваа Комисија, за да бидат разгледани и изгласани во Собранието. Иако измените се во Собранието од 6 фебруари, Милошоски молчи и не одговара на прашањата зошто го кочи донесувањето на […]

Прво зголемување по 17 години: Банка на Јапонија ги укина негативните каматни стапки


Банка на Јапонија (БОЈ) денеска, по осум години, ги укинува негативните каматни стапки. Иако тоа ќе биде прво зголемување на каматните стапки во изминатите 17 години, истите ќе се држат близу нула бидејќи кревкото економското закрепнување ја принудува централната банка да го забави понатамошното зголемување на трошоците за задолжување. Со одлуката, БОЈ се откажува од […]

Петте години на обновата на Нотр Дам – приказна за големата посветеност


  Реставрацијата на катедралата Нотр Дам во Париз по трагичниот пожар во април 2019 година е приказна за посветеност и обнова. Иконскиот средновековен споменик овековечен во историјата, филмот и литературата постепено се обновуваше во изминатите пет години, преку предизвици кои вклучуваат одложувања за време на пандемијата и загуба на водачот на проектот. Предвидено е да […]

Можност за поефикасно производство: АД ЕСМ објаснува зошто ТЕЦ „Неготино“ стана негова подружница


Поефикасно и економски поисплатливо искористување на производствениот капацитет на АД „ТЕЦ Неготино“, порационално управување, искористување на оперативниот, производствен и управувачки персонал, ова се причините кои ги наведува државната компанија „Електрани на Северна Македонија (АД ЕСМ) за присоединувањето на АД „ТЕЦ Неготино“ кон ЕСМ, по направената анализа за оправданоста од присоединувањето. „Енергетската криза од 2021 година […]