Лога потпиша барање за екстрадиција на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани


Министерот за правда, Кренар Лога, ги потпиша барањата за екстрадиција на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани. Барањата откако ќе бидат преведени ќе бидат проследени до МНР на натамошно постапување до Обединетите Арапски Емирати.

Шеваљ Муареми е водачот на криминална група „Дуќанџик“ од Грчец. Пред да настапи техничката влада во јануари, тогашниот министер на МВР, Оливер Спасовски, на последната прес-конференција од својот мандат објави дека полицијата извршила голема полициска акција на повеќе локации, при што уапсиле шет лица во Македoнија и уште неколку во Шпанија поради дрога и убиства, поврзани со криминалната група на Муареми.

„Пријавениот Ш. М. заедно со уште две лица, О. Б. и Ј. К., формирале група за вршење убиства. Организаторите создавале планови и носеле одлуки, а ги спроведувале лично или преку припадници“, рече тогаш Спасовски. Како што објави, групата стоела и зад организацијата и обидот за убиство на лице од селото Бардовци, албански државјанин, чие тело било најдено на 15 мај 2020 година на Матка во Скопје, како и двојното убиство на 5 март 2021 кога во Скопје беа убиени А. Б. и Б. В.“

Спасовски на оваа прес-конференција изнесе и податок дека лица од институции, судови и обвинителства им оддавале информации на криминалците додавајќи дека јавноста би се зачудила кога ќе дознае кој сè соработувал со нив.Водачот Шеваљ Муареми остана недостапен за органите на прогонот, а според непотврдени информации, престојувал во Шпанија по што заминал за Дубаи.Со меѓународнта потерница што беше издадена од МВР покрај  Шеваљ Мухареми, се бараа и Мехмед Далипи, Мухамед Чајани, Сефедин Сулејмани, Шакир Бајрами, Дритон Ибиши, Шукри Асани и Бесим Асани.Муареми се бара за три тешки криминални дела – убиство, формирање на криминална група и трговија со дрога, додека Чајани за трговија со дрога. 

Постапката за екстрадиција од оваа земја од Обединетите Арапски Емирати е иста како сите други постапки за екстрадиција со една единствена разлика. Барањата за екстрадиција се упатуваат преку МНР. Ова не е случај само со Дубаи.