Претежно облачно и посвежо, со повремен дожд


Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната од 8 […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 19 март 2024 година, 79-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 287 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 38 минути, а ќе зајде во 17 часот и 45 минути. Денов трае 12 часа и 6 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее […]

Пендаровски: Николоски нека си ги прочита анкетите


  Откако потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, го обвини претседателот Стево Пендаровски дека „бил посетен од еден стратегист и подготвувач на изборни кампањи и на анкети по потекло од Израел“ шефот на државата ги отфрли овие наводи како инсинуации. „Претседателот Стево Пендаровски и неговиот Кабинет не користеле никогаш странски компании за правење на анкети, стратегии, […]

Ковачевски: Нема лесни решенија за системските проблеми


  На Македонија ѝ е потребна Европската унија, нема лесни решенија за системските проблеми во нашата земја, но ЕУ ни е единствената шанса за системско решение на тие проблеми, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на вечерашното отворање на промотивен штаб во Куманово. „Она што нѝ треба и за што се бориме […]

„Нова газета-Европа“: Половина од гласовите за Путин се фалсификувани


  Уфрлени се приближно половина од гласовите за Владимир Путин на претседателските избори, пресмета независниот руски весник „Нова газета-Европа“. Според студијата, најмалку 31,6 милиони од 64,7 милиони гласачки ливчиња за Путин биле фалсификувани. Вкупно, без електронско гласање, на изборите учествуваа 74,5 милиони гласачи. Новинарите ја спроведоа студијата користејќи го методот на математичарот и изборен аналитичар […]

„Тие се неписмени гангстери“: Милановиќ за судиите на Уставниот суд


  Политичката ситуација во Хрватска е екстремно вжештена по објавата на претседателот Зоран Милановиќ дека ќе биде кандидат за премиер на опозициската СДП. Претставниците на владејачката ХДЗ жестоко го напаѓаат Миланови, а тој враќа уште пожестоко. По денешната одлука на Уставниот суд дека тој како претседател на државата не може да биде и на кандидатските […]

Експерти: Нема докази за оштетување на мозокот кај пациенти со т.н Хавана синдром


Истражувачкиот тим на американската влада не откри значајни физички докази за оштетување на мозокот кај членовите на група федерални службеници кои страдаат од т.н. Хавана синдром, болест која се појави во 2016 година, објавено е во медицинското списание JAMA објавено кое го издава Американското медицинско здружение. Симптомите на мистериозната болест, која први ја пријавија вработени […]

Само 300 од вкупно 1.500 институции доставиле податоци за службените возила кои ги користат


Само 25 проценти или 300 институции од вкупно 1 500 ја исполниле законската обврска и доставиле податоци за службените возила кои ги користат до Државната комисија за спречување на корупцијата, вели новата претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска. Димитровска, во интервју за МРТВ, посочува дека има слабост на Изборниот законик […]

САД објавија сеопфатна забрана за азбест како дел од борба против ракот


Агенцијата за заштита на животната средина на САД (ЕПА) денеска објави сеопфатна забрана за азбест. Новото правило забранува хризотил азбест, единствениот вид на тој влакнест минерал кој е во постојана употреба во САД. Одлуката е донесена затоа што канцерогената супстанца сè уште се користи во некои белила со хлор, плочки за сопирачките и други производи […]

SpaceX произведува стотици шпионски сателити за американската влада


SpaceX доби договор од Националната канцеларија за извидување на Министерството за одбрана за изградба на мрежа од стотици шпионски сателити во ниска орбита, кои ќе можат да работат како рој и да ги следат целите на земјата, пренесува Reuters. Угледната новинска агенција цитира пет извори запознаени со програмата и ги заснова своите тврдења на претходните […]

Зеленски: Критично важна е брза одлука на американскиот Конгрес за помош за Украина


Брза одлука на американскиот Конгрес да ја деблокира финансиската помош за Украина е од „критично значење“, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија армија има сериозно недостиг од муниција против руските сили. – За нас е од клучно значење Конгресот брзо да ги заврши сите неопходни процедури и да донесе конечна одлука за пакетот од […]

Одлуката на САД за црната листа е уште една потврда зошто итно е потребен Законот за рестриктивни мерки


Последната одлуката на нашиот стратешки партнер, САД е уште една потврда зошто итно е потребно да се донесе Законот за рестриктивните мерки во македонското Собрание. Законот е доставен до Собранието од страна на Владата. СДСМ го повикува пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој раководи со собраниската Комисија за надворешна политика веднаш да го стави на […]

Пендаровски, Јакимовски, Димитриевски и Таравари поднеле кандидатури за претседател во ДИК


Четворица од седуммина кандидати кои собраа потписи од граѓаните денеска поднеле кандидатури за претседател до Државната изборна комисија.  Кандидатура за претседател поднел актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Максим Димитриевски од ЗНАМ и Арбен Таравари од поддржан од коалицијата на албанската опозиција Вреди.  Според […]

Јакимовски: Изберете ме за претседател, место „црна“ ќе има „бела“ листа


Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски на вонредна прес-коференција изјави дека е изненаден од потегот на Стејт Департментот да го стави него на црната листа, но тоа нема да го поколеба во изборната трка за претседател и вели дека ќе му биде уште поголем мотив.  Вели дека оваа одлука на Стејт департментот за да го стави […]

Кристијан Штрајх по три децении заминува од Фрајбург


По речиси три децении минати во редовите на Фрајбург како тренер и поранешен фудбалер, 58-годишниот Кристијан Штрајх објави денеска дека на крајот на сезоната ја напушта клупата на бундеслигашот. Штрајх изминатите 12 години седи на клупата на Фрајбург, во кој во минатото беше и тренер на младинскиот тим, а настапуваше и како фудбалер. „Размислував за […]

Ученик од основно училиште во Загреб составил список за отстрел и имал фотографија од оружје


Ученик во основно училиште во Загреб составил список на негови соученици за отстрел и тие закани ги поткрепил со фотографија со оружје, јавува RTL Danas. За случајот е известено Министерството за образование, а и просветната инспекција која извршила надзор. Загрижените родители повикале полиција во училиштето и била направена полициска пријава. Родителите сметаат дека директорот на […]

Македонија на 54. место според привлечноста за инвеститорите


Словенија е најатрактивна дестинација за инвестиции во регионот, потоа Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Хрватска, а најлоша од поранешните републики на СФРЈ е Босна и Херцеговина, се вели во најновиот извештај на независниот институт Милкен, лоциран во Калифорнија, кој ја мери атрактивноста на земјите во светот за меѓународните инвеститори користејќи комбинација на економски, финансиски, институционални […]

Борел: Израел предизвикува глад во Газа


Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска изјави дека Израел предизвикува глад во Газа и го користи гладот ​​како оружје во војната, а ова обвинение експресно го отфрли израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац. -Луѓето во Газа веќе не се на работ на глад, туку во состојба на глад и илјадници луѓе се погодени, […]

Стевчо Јакимовски и Катица Јанева на црната листа на САД


Стејт Департментот на САД денес ги стави на црната листа Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош и претседателски кандидат, како и Катица Јанева, поранешната специјална јавна  обвинителка. Според оценката на САД, нивните постапки го поткопале владеењето на правото и вербата на јавноста во демократските институции и јавните процеси на нивните влади. „Во службено својство на поранешен […]

Решена мистеријата на морското суштество кое разви очи низ целата школка


Ситни морски мекотели, рамни и во облик на јајце, имаат очи што не се слични на кое било друго суштество во животинското царство. Имено, некои хитони имаат илјадници мали пипала со леќи направени од минералот арагонит на нивните сегментирани школки. Иако ова се мали и примитивни сетилни органи, научниците веруваат дека хитоните можат да гледаат […]