Одлуката на САД за црната листа е уште една потврда зошто итно е потребен Законот за рестриктивни мерки


Фото: Б. Грданоски

Последната одлуката на нашиот стратешки партнер, САД е уште една потврда зошто итно е потребно да се донесе Законот за рестриктивните мерки во македонското Собрание.

Законот е доставен до Собранието од страна на Владата. СДСМ го повикува пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој раководи со собраниската Комисија за надворешна политика веднаш да го стави на дневен ред, Мицкоски и  ДПМНЕ да го поддржат и законот да биде усвоен.

Треба веднаш да се создаде можност сите вакви случаи наведени од нашите стратешки партнери да може да се процесираат преку домашното законодавство.

Нема компромиси во борбата против корупцијата и криминалот и не смее да има дополнителни одлагања.

Секој чекор поблиску до ЕУ ќе значи позасилена борба против високата корупција и во иднина значително ќе влијае на намалувањето на ваквите случаи и ќе придонесе во обезбедувањето правичен правосуден систем.

Денеска, Стејт департментот на САД на „црната“ листа ги стави Стевче Јакимовски, актуелен кандидат за претседател и поранешната обвинителка од СЈО, Катица Јанева, затоа што „со нивните постапки,го поткопаа владеењето на правото и вербата на јавноста во демократските институции и јавните процеси на нивните влади“, се вели во соопштението од Стејт департментот.

Инаку, Владата во јануари го поднесе Прелог-законот за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки со кој ќе се овозможи лицата кои се наоѓаат на „црната листа“ на САД, да подлежат на санкции согласно домашното законодавство, и го достави до Собранието.