„Тие се неписмени гангстери“: Милановиќ за судиите на Уставниот суд


 

Политичката ситуација во Хрватска е екстремно вжештена по објавата на претседателот Зоран Милановиќ дека ќе биде кандидат за премиер на опозициската СДП. Претставниците на владејачката ХДЗ жестоко го напаѓаат Миланови, а тој враќа уште пожестоко.

По денешната одлука на Уставниот суд дека тој како претседател на државата не може да биде и на кандидатските листи за пратеници Милановиќ одговори дека судиите се „гангстери“ и дека тоа биl пуч.

„На луѓето кои ме поддржуваа им предлагам да бидат итри, да внимаваат, да внимаваат што прават затоа што таа банда гангстери ги зеде како заложници. Мене не ми можат ништо, но им можат ним“.

„На типичен гангстерски начин, таа група насилници предводена од (Мирослав) Шепаровиќ, поранешниот шеф на ХИС (Хрватската разузнавачка служба – з.н.), кога беа следени и малтретирани новинари, на крајот стана претседател на Уставниот суд, а пред тоа беше кривичен адвокат кој извлекуваше милиони евра со неговата сопруга од Кроација осигурување .

Донесоа одлука со која се закануваат на партија која никогаш не погрешила. Тие се сељаци и неписмени. Што пишува таму? Се закануваат на партијата дека ќе ја уништат, мене ми се закануваат.

Апелирам до колегите и граѓаните кои на крајот ќе судат за овој пуч, ова е чист пуч, мора да се реши на избори… Мојата понуда, ќе бидам премиер на легален начин, мојата понуда беше – Јас сум тука , ќе бидам кандидат на изборите, како и на изборите за ЕУ ​​парламентот, не можам да си дадам мандат, што е проблемот? Но, ова е политичко насилство.

Тие се неписмени гангстери, со такви луѓе не можете да работите. Не можам да си го дадам мандатот, но по легален пат ќе станам премиер. Зошто не ми паѓа на памет да поднесам оставка? Затоа што со тоа власта ќе му ја предадам на (Гордан) Јандроковиќ (Претседател на Саборот – з.н). Не мислам дека е гангстер, но тоа го оставам на ХДЗ. Што е следно? Да ѝ се предаде контролата над војската и тајните служби на таа криминална организација на минута.

Со таа банда ќе се справиме по изборите. Без тепање, без пукање. Ги повикувам сите Хрвати да се обединат против ХДЗ. Може да гласаме за СДП, Можеме!, Мост, Татковинско то движење. Сѐ е добро“, изјави Милановиќ за време на престојот во Вела Лука на Корчула. И додаде:

„Мојата судбина е неважна. Имам големи победи и тесни порази. Ова е вид за добивање војна со човечка волја. Зборуваме за универзитетска автономија, а ректорот на Осијечкиот универзитет седи во првиот ред на ‘балот на вампирите’ во ‘Лисински’. Таму тие сељаци одат со автобус на ‘фирмата Крстиќ’ (од култниот филм ‘Кој тоа таму пее’), идат од Сплит и купуваат докторати.

‘Таа криминална организација ХДЗ, судена и осудена, мора конечно да ‘оди на море’. Ќе ги фрлиме таму. Кога ќе станам премиер, можам и во политичка пензија. Се гледаме во третата република, но вие внимавајте што зборувате, си имате работа со гангстери. Верувај ми, јас не ве измамив во овие 20 години. И гласајте за кој било освен за ХДЗ. Сѐ е добро. Ова е борба за хрватската слобода“, рече Милановиќ.

Ппремиерот и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, оцени дека постапките на Зоран Милановиќ и СДП се обид за мини пуч и злоупотреба на институциите, посочувајќи дека Уставниот суд бил јасен во нејзиниот заклучок – дека се крши Уставот.

На прес-конференцијата, меѓу другото, рече и дека повеќе не го гледа Пеѓа Грбин како претседател на СДП и го нарече поранешен претседател на таа партија.

„Ова е обид за мини пуч, злоупотреба на институциите, целосно отфрлање на Пеѓа Грбин, кој повеќе не го гледам како претседател на СДП“, рече Пленковиќ.