Урнат хангар во Ѓорче Петров, го градеа на државно земјиште без дозвола


Хангарот кој се градеше близу скопската обиколница во насока кон Тетово, на државно земјиште – утрово беше целосно урнат од Општина Ѓорче Петров.

Ова доаѓа по неколку предупредувања и барања да се отстрани објектот кој е нелегално поставен, кои инвеститорот ги игнорирал.

Општината избра фирма на тендер и денеска го спроведе уривањето.

Имаше големо присуство на униформирани полицајци, кои беа распоредени околу местото.

„Согласно законската регулатива, донесовме Решение за отстранување на објектот и нема да отстапиме од намерите правдата да биде задоволена и еднаква за сите.

 

Доаѓаат нови, добри и праведни времиња. Завршија деновите на провлекување и “дупки во законот” за правните и физички лица по разни основи и непочитување на правото“,се огласи градоначалникот Александар Стојкоски.

Хангарот се градел на две парцели кои се државно земјиште, на површина од околу 10 илјади метри квадратни.