Глобалниот данок за милијардерите е на дневен ред. Дали некогаш ќе се случи?


Финансиските службеници од најголемите светски економии неделава започнаа разговори за воведување глобален минимален данок за милијардерите. Претставниците на земјите од Г-20 разговараа за предлогот на самитот во Сао Паоло, Бразил, две години откако историскиот договор покажа дека светот може да дејствува заедно во одредувањето минимална даночна стапка од 15% за мултинационалните компании. Според Даночната опсерваторија […]

Швајцарците на референдум изгласаа воведување 13-та пензија


Швајцарците во неделата на референдум се изјаснија за воведување на 13-та пензија, според првите проекции на јавната телевизија СРФ. Анкетата на СРФ покажа дека за дополнителна пензија гласале 58 отсто од гласачите, а против биле 42 отсто. Мерката беше предложена од Швајцарската федерација на синдикати и партиите од левиот центар, а сега е потребна поддршка […]

Франција во Уставот го воведува правото на абортус


Франција се подготвува да стане првата земја во светот што ќе го вклучи правото на абортус во својот устав, објави денеска Би-Би-Си. Претставници на Долниот дом и Сенатот на францускиот Парламент утре ќе се сретнат на специјална седница во Версај, со која ќе претседава претседателот Емануел Макрон. Ако владиниот предлог биде изгласан со три петинско […]

Рама со амбиции за четврти мандат, сака историска победа во 2025 година


Лидерот на Социјалистичката партија и актуелен албански премиер, Еди Рама, не ги крие амбициите за нов четврт мандат, за што веќе ја почна кампањата со посета на градови каде порача дека очекува „историска победа на изборите во 2025 година“. Придружуван од пратеници, локални избраници, на средбата со општинската организација во Елбасан, Рама побара повторно „заживување […]

Индија одобри инвестиции во три фабрики за чипови вредни повеќе од 15 милијарди долари


  Индија одобри изградба на три фабрики за полупроводници со инвестиции од повеќе од 15 милијарди американски долари, бидејќи земјата се обидува да стане главен центар за чипови. „Индија веќе има големи способности во дизајнот на чипови. Со овие единици нашата земја ќе развива способности во производството на чипови. Напредните технологии за пакување ќе бидат […]

И по 10 години не се знае судбината на 239-те луѓе од летот MH370. Се бара нова истрага


Малезија бара нова потрага по исчезнатиот авион MH370 на Малезија ерлајнс, објави денеска нејзиниот министер за транспорт, во пресрет на десетгодишнината од сè уште нерешеното исчезнување на тој авион. Летот MH370, Боинг 777 со 227 патници и дванаесет членови на екипажот, исчезна од радарот за време на летот од Куала Лумпур до Пекинг на 8 […]

Мицкоски: До 12 часот собрани над 15.000 потписи за претседателската кандидатура на Силјановска Давкова


До 12 часот собрани се повеќе од 15.000 потписи за поддршка на кандидатурата за претседател на државата на професорката Гордана Силјановска Давкова, информираше денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.  По потпишувањето за кандидатурата на Силјановска Давкова во Подрачната канцеларија на ДИК во општина Карпош, Мицкоски истакна дека ако се направи пресек за 14 часот бројката […]

Теја Дора со „Рамонда“ ќе ја претставува Србија на Евросонг во Малме (видео)


Белград– Во финалето на српскиот избор за песна на Евровизија победи песната „Рамонда“ во изведба на Теја Дора. Претставничката беше избрана меѓу шеснаесетте натпреварувачи, врз основа на гласовите на жирито и публиката. Таа ќе ја претставува Србија на Евровизија во Малме во мај. Второто место го зазеде Бресквица, која исто така беше еден од фаворитите за победа, а на третото место е Зорја. […]

Истражна постапка против десет лица по вчерашната акција „Чибук“, определен притвор за осум осомничени


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава поднесена денеска од МВР, донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 10 лица, соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. На сите осомничени, се наведува во соопштението, им се става на товар дека сториле кривично дело […]

Српска опозиција: По 10 години СНС и Вучиќ не може да формираат власт во Белград


По неуспехот на конституирањето на Собранието на град Белград со што се создадоа услови за распишување распишат нови избори, српската опозициска коалиција Србија против насилството (СПН) порачаа дека по 10 години Српската напредна странка (СНС) и Александар Вучиќ не се во можност да формираат власт во Белград, јави дописникот на МИА од Белград. -Изборите ќе […]

Израелската армија отфрли одговорност за убиство на цивили, загинале во метеж


Израелската армија ја заврши прелиминарната истрага за смртта на повеќе од 100 Палестинци кои загинаа во близина на камион со хуманитарна помош минатата недела и заклучи дека израелските сили не отвориле оган, туку Палестинците загинале во метежот што настанал кога се стрчале кон камионите со храна, соопшти денеска воениот портпарол. Палестинските власти тврдат дека израелските […]

Мајка и нејзиното бебе меѓу десетте загинати во нападот врз Одеса


Бројот на загинати во вчерашниот напад со руски дрон врз Одеса се искачи на 10, вклучително и мајка и нејзиното бебе, чии тела беа извлечени од разурнатиот блок, соопшти Олех Кипер, регионалниот гувернер на јужниот украински град. Бебето немало ни една година, пренесе ДПА. Бројот на деца убиени во вчерашниот напад во раните утрински часови […]

Меси побрз од Роналдо до бројката од прволигашки 500 голови


Фудбалерите на Интер Мајами го совладаа Орландо (5-0) во рамки на 2. коло во американската МЛС лига во натпревар во кој Лионел Меси придонесе со два гола и влезе во фудбалската историја. Аргентинскиот фудбалер сега дојде до бројката од 500 прволигашки голови кои ги постигна на 587 натпревари, истиснувајќи од првото место на оваа листа […]

Од утре попладне обилни врнежи со локално невреме, снег на планините и пад на температурата


Под влијание на циклонска активност утре попладне и во вторник ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат обилни, од 20 до 40 литри на квадратен метар, со пороен карактер и појава на ретки грмежи. Како што информира УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со силен ветер од над 70 […]

Во Белград ќе има нови избори


Собранието на град Белград денеска не беше конституирано, откако претседавачот Тома Фила констатираше дека повторно нема кворум и дека е истечен рокот за формирање власт во главниот град на Србија, со што се создадени услови да се распишат нови избори, јави дописникот на МИА од Белград. -Како што и ви кажав – избори, рече Фила […]

Собрани се 10.000 потписи за Пендаровски


Во рекордно време, за неполни пет часа, собрани се 10 000 граѓански потписи за поддршка на кандидатурата за втор мандат на претседателот на државата Стево Пендаровски. – Собирањето на потписите започна денеска, 3 март во 08.00 часот, на територијата на целата држава и за неполни пет часа се собрани 10 000 потписи од граѓаните кои […]

Редици за потпис за претседателските кандидати пред подрачните единици на ДИК


Подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија во земјава денеска беа „окупирани“ од граѓани кои што дојдоа да поддржат еден од кандидатите за претседател, а најбројни беа за двајцата фаворити – Стево Пендаровски и Гордана Силјаноска Давкова. Како што е познато, вчера на конвенција на ВМРО – ДПМНЕ, Силјаноска Давкова доби поддршка да биде кандидат за […]

Русија соопшти дека во операција во Ингушетија биле убиени шестмина терористи на Исламска држава


Руските власти денеска соопштија дека убиле шест осомничени борци на екстремистичката група Исламска држава во операција во Ингушетија, малата руска кавкаска република со мнозинско муслиманско население. – По антитерористичката операција спроведена во Република Ингушетија, неутрализирани се шест борци кои беа блокирани од специјалните сили на ФСБ во една од зградите во градот Карабулак, соопшти рускиот […]

Брус Ли исчезна од Мостар среде ноќ: Украден е култниот споменик што беше симбол на отпорот


  Статуата на филмската ѕвезда и кунг фу мајстор Брус Ли исчезна во неделата вечерта од центарот на Мостар, каде што беше поставена во 2005 година како симбол на отпорот кон неправдите во поделениот град. Непознати сторители ја извадиле статуата од бронза од камениот столб во паркот Зрињевац, на кој пишува „Брус Ли – твојот […]

(Видео) Реал гневен за „безобразен грабеж“: Судијата им поништи гол и му покажа црвен картон на Белингам


Валенсија и Реал Мадрид одиграа 2:2 во рамките на шпанската Ла Лига, а по натпреварот насловите на шпанските медиуми беа преполни за неверојатниот потег на судијата Хесус Гил Манзано, кој ги разбесни мадриѓаните. Во судиското надополнување кое првично требаше да трае седум минути, но беше продолжено поради повреда на домашен играч, Реал дури постигна гол […]