Ново зголемување на платите во Рудник САСА – четврто во изминатите две години


Менаџерскиот тим на Рудник САСА донесе одлука за ново зголемување на платите на сите вработени, кое почнува да важи од јануарските плати. Во изминатите две години ова е четврто зголемување на платите во САСА. Со претходните три покачувања, направени во 2022 и 2023 година, платите во САСА беа зголемени за над 25%, соопштија од компанијата. […]

Кина: Што е Лунарна Нова Година


Лунарната Нова 2024 година започнува денеска, 10 февруари. Прославата трае 15 дена и завршува со фестивалот на фенерите. Во кинеската традиција, секоја година е претставена со едно од 12-те животни во кинескиот хороскоп. Во 2024 година, од годината на зајакот влегуваме во годината на змејот. Но, што значи сето тоа? Еве што треба да знаете: […]

Новиот командант на армијата на Украина има прекар „Касап“


  КИЕВ – Украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да ја промени својата војска со назначувањето на генералот Олександaр Сирски за врховен командант: многу од неговите војници реагираа со очај. „Сирски ќе н\ убие сите“, рече еден војник, кој како и другите во оваа приказна зборуваше под услов да остане анонимен. 58-годишниот Сирски, кој до четвртокот […]

Денеска топло, од утре дожд


  Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло наместа со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец, најизразен долж Повардарието. Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе […]

60 години на Музејот на современа уметност


  Во пресрет на утрешниот јубилеј 60 години постоење, Музејот на современа уметност – Скопје денеска на матине ексклузивно ќе го изложи уметничкото дело „Доблест во нужност“ на Џанфранко Барукело, ќе промовира нов број од списанието „Големото стакло“ и ќе организира стручно водење низ тековните музејски поставки.  МСУ соопшти дека делото на познатиот италијански уметник […]

10 февруари во историјата – Светскиот шампион во шах, Гари Каспаров, изгуби партија против компјутерот


  На 10 февруари 1996 година, по три часа, светскиот шампион во шах Гари Каспаров го губи првиот од шесте мечеви против Deep Blue, компјутер на ИБМ способен да процени 200 милиони потези во секунда. Меѓутоа, човекот на крајот беше подобар од машината, бидејќи Каспаров имаше три победи против Deep Blue и две ремија и […]

Собранието ги разреши Фатмир Меџити и Азир Алиу


  По повеќечасновна расправа, во која главен збор го имаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Собранието денеска пред полноќ ги разреши двајцата министри на Алијансата за Албанците, Фатмир Меџити за здравство и Азир Алиу за информатичко општество. За разрешувањето гласаа 62 пратеници, немаше ниту против ниту воздржани. Меџити и Алиу се дел од крилото на претседателот на […]

Десет дена од техничката влада – дезинформации и лажни вести: Мониторинг на „Цивил“


  „Според наодите на ‘Цивил’, како и на аналитичарите во организацијата, се бележи дека десетте дена на техничката влада ги карактеризира дискредитирачки тон во јавната комуникација, лажни наративи, дезинформации, национализам и потпалувачка реторика“, изјави Џабир Дерала од „Цивил“ на прес-конференцијата за промоција на извештајот од изборниот мониторинг. Тој додаде дека проевропската ориентација не се напаѓа […]

Проширувањето е еден од одговорите Европа да стане геополитички актер: Панел дискусија


  „Прогресивни политики – одговор на предизвиците на земјите од Западен Балкан“ беше насловена панел-дискусијата што вечерва ја организираше Фондацијата „Фридрих Еберт“ со учество на лидери и претставници од социјалдемократски партии од Западен Балкан и од Германија. Претседателот на Социјалдемократската партија (СПД) на Германија, Ларс Клингбејл рече дека процесот на проширување е еден од одговорите […]

Извлечен евроџекпот од 63 милиони евра, еве каде одат парите


  На вечерашното извлекување од 12. коло од играта на Евроџекпот беа извлечени следните бројки: 4, 10, 11, 20, 22 – 7, 10, што на играч од Германија му донесе победа од 5+2 во износ од 63.259.938,70 евра. Следното извлекување за играта Евроџекпот е во вторник, 13.02.2024 година, а главната награда е 10.000.000,00 евра.

Владата на БиХ даде два милиони евра и ја спаси јавната РТВ од затворање


Министерскиот совет на БиХ и додели два милиони евра на Радио телевизија Босна и Херцеговина, со што државниот радио-телевизиски сервис беше спасен од затворање. Владата на вонредна седница додели два милиони евра на државниот и по 1,5 милион за јавните сервиси на ентитетите. „Со оваа одлука се настојува да се обезбеди финансиска стабилност на јавните […]

Тројца загинати и четворица ранети во руски напад во Сумската област


Три лица загинаа во руски напад врз Сумската област, во североисточна Украина, соопшти украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко. Тој на Телеграм информира и дека има четворица ранети. Жртвите се наоѓале во земјоделско претпријатие кое било погодено во нападот.

Тошковски: Поголема пратка на обрасци за пасоши се очекува кон крајот на овој месец


Поголема пратка на обрасци за пасоши се очекува да пристигне кон крајот на овој месец, изјави вечера министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски. Тошковски во емисијата „10 минути“ на ТВ 21 рече дека во моментот нема доволно обрасци за пасоши и дека поради тоа доцнат документите за оние кои се фотографирани во […]

Италијански земјоделци на трактори поминаа покрај Колосеумот


По неколкунеделна мобилизација низ Италија, денеска земјоделците со трактори поминаа покрај Колосеумот, еден од најпознатите споменици во Рим. Земјоделците поминуваа со трактори во боите на италијанското знаме – зелена, бела и црвена. Околу 300 трактори неколку дена беа на влезот во Рим и чекаа одобрение за пристап до центарот на градот. Тие бараат средба со […]

Кралот на слатките уште еднаш докажа колку е исплатлива продажбата на „нутела“ и „киндер“


Се чини дека бизнисот со „нутела“, „киндер јајца“, чоколадо и други познати слатки во сопственост на италијанската компанија Фереро е многу профитабилен. Минатата година, според истражувањето на германскиот портал Wirschaftswoche, сопственикот на кондиторскиот гигант на своите акционери им исплатил 750 милиони евра дивиденда, а од „таа торта“ добил дури 55 отсто. Севкупно, на тој начин […]

Како облекувањето на „лебедите“ од високото друштво  од уметност се претвори во авантура


ЊУЈОРК (АП) – Извршниот продуцент Рајан Марфи е познат по создавањето живописни ТВ светови каде што високата драма се чувствува сосема нормално. Костимографот и продуцент Лу Ејрих му помогна да ги оживее овие светови, а нивната последна соработка, „Feud: Capote vs. the Swans.“ ѕирка под бундите и зад џиновските очила за сонце за да ги […]

Евтаназиран поранешен премиер на Холандија и неговата сопруга


Дрис ван Агт, демохристијанскиот премиер на Холандија од 1977 до 1982 година, почина со помош на евтаназија, објави организацијата за човекови права што тој ја основа. Истата процедура била направена и на неговата сопруга. И двајцата имаа 93 години, пишува Асошиетед прес. Форумот за права објави дека парот починал во понеделникот и ќе биде погребан […]

Вулканската ерупција на Исланд стивнува, но научниците предупредуваат


 Вулканската ерупција во југозападниот дел на Исланд најверојатно стивнува, но научниците предупредуваат на можни последователни ерупции во областа во наредните месеци. Исландската метеоролошка служба соопшти дека ерупцијата, која започна вчера североисточно од планината Силинкарфел, значително се смирува. Активирањето на вулканот доведе до евакуација на луѓето од популарната туристичка област Сината лагуна и прекин на снабдувањето […]

Белгија знае како се постигнуваат компромиси, порача амбасадорот Мерис


  Одбраната на владеењето на правото, демократијата и единството се принципите во сржта на она што значи Европа и ги прави врeдностите на ЕУ. Веруваме дека тоа сѐ уште причините поради кои земји како Северна Македонија сакаат да ѝ пристапат на ЕУ. Низ различни области овој концепт на демократијата на владеење на правото ќе се […]

Шукова: Првпат обезбедивме финансиски средства за поддршка на сите национални паркови во државата


Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) преку буџетот во рамки на Програмата за инвестирање во животната средина за 2024 година, првпат обезбедува директна финансиска поддршка за сите четири национaлни парка во висина од 20.000.000 денари, најави министерката Каја Шукова на денешниот работен состанок со директорите на националните паркови. За добивање на средствата, националните […]