Кралот на слатките уште еднаш докажа колку е исплатлива продажбата на „нутела“ и „киндер“

Италијанецот Џовани Фереро, сопственикот на познатата италијанска кондиторска компанија „Фереро“, за слатки го направија еден од најбогатите луѓе во светот. Тој и неговото семејство минатата година на акционерите им исплатиле 750 милиони евра дивиденда. Но, тоа не е доволно за кралот на слатките


Се чини дека бизнисот со „нутела“, „киндер јајца“, чоколадо и други познати слатки во сопственост на италијанската компанија Фереро е многу профитабилен.

Минатата година, според истражувањето на германскиот портал Wirschaftswoche, сопственикот на кондиторскиот гигант на своите акционери им исплатил 750 милиони евра дивиденда, а од „таа торта“ добил дури 55 отсто. Севкупно, на тој начин тој заработил повеќе од дивиденди отколку што некои компании од германската берза им исплатиле на сите свои акционери заедно. Истовремено, една година претходно, кога групацијата оствари вкупен промет од 15 милијарди долари, исплатена е уште поголема дивиденда – од 765 милиони евра.

Според моментално достапните податоци, не се знае колкав промет и профит имала оваа групација во 2023 година. Се очекува деловните резултати да бидат објавени во следните неколку недели.

Според Форбс, богатството на овој Италијанец, кој го презеде раководството на кондиторскиот гигант по смртта на неговиот брат во 2011 година, се проценува на 39,1 милијарди евра, што го прави 32-ри најбогат човек на светот.

И додека во портфолиото на матичната компанија Фереро се познати имиња како Рошер, Мон Шери, Ханута и Киндер, нивниот сопственик инвестира и во други кондиторски компании. Така, тој е сопственик на белгискиот производител на бисквити „Делакре“ и американскиот производител на гумени бонбони „Ферара“ (чие портфолио го вклучува и популарниот Троли). Во октомври објави дека го купува и производителот на желе зрна Jelly Belly, а моментално преговара со Danone за купување на францускиот производител на бисквити Michel et Augustin.

Во 2018 година, Фереро го купи целиот кондиторски бизнис на Нестле во Америка. Неговиот најважен придонес за компанијата беше поместување на опсесивниот фокус подалеку од Nutella и хаус брендовите и барање раст преку аквизиции, бидејќи му беше јасно дека Фереро нема да може да се справи со конкурентите како Марс и Монделез само со сопствено производство.