Израелската армија ослободила двајца заложници, најмалку 60 загинати во напад на Рафа


Израелската армија соопшти дека ослободила двајца заложници за време на рација на нејзините специјални сили синоќа во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа. Заложниците биле однесени во болницата Шеба во централниот дел на Израел каде што биле прегледани и било утврдено дека се во добра состојба. Според Си-Ен-Ен, и двајцата заложници биле киднапирани од […]

Судскиот совет ќе формира Комисија за утврдување на број на слободни судиски места за основните судови во државава


Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 477. седница на која ќе расправа за повеќе точки меѓу кои и за утврдување на конечна ранг листа за избор на судии на Апелационен суд Штип. Членовите на советот треба да формираат Комисии за подготвување на кандидатски листи како и за утврдување на број на […]

Собранието ќе избира нови министри за здравство и за информатичко општество и администрација


Собранието денеска треба да ја продолжи 143. седница на чиј дневен ред, меѓу другото е и изборот на нови министри за здравство и за информатичко општество и администрација. За нов министер за здравство е предложен актуелниот директор на Клиничката болница во Тетово, Илир Демири, а за министер за информатичко општество и администрација Наим Бајрами. Собранието […]

Министерот за одбрана на САД Остин повторно хоспитализиран, ги пренел должностите на својот заменик


Министерот за одбрана на САД Лојд Остин синоќа бил однесен во Националниот воен медицински центар по итни здравствени проблеми поврзани со бешиката, соопштија од Пентагон. Оттаму укажаа дека тој ги префрлил своите должности на неговиот заменик. – Денеска околу 14 часот и 20 минути секретарот за одбрана Лојд Џ. Остин трети беше превезен од неговите […]

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во источните делови со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје […]

Пендаровски бара возачките дозволи без „Северна“ да важат и понатаму


  Претседателот на државата, Стево Пендаровски, вечерва ги повика парламентарните партии да направт законски измени за да може возачките дозволи со старото уставно име да важата и понатаму во сообрќајниот промет во Македонија. Тој вели дека македонските граѓани биле ставени во „состојба на паника“ по најавите на МВР дека возачките дозволи нема да важат ниту […]

Републиканските сенатори му пркосат на Трамп, поддржаа воена помош за Украина


  Доналд Трамп го помина викендот кажувајќи им на сенаторите дека не треба да одобруваат повеќе безусловна американска странска помош. Повеќе од дузина републиканци го игнорираа во неделата, продолжувајќи со предлог-законот за испраќање помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван. Сенатот гласаше со 67 спрема 27 за да го унапреди нацрт-законот за […]

Поранешниот премиер Александар Стуб стана претседател на Финска


  Поранешниот фински премиер Александар Стуб од десниот центар ќе стане следниот претседател откако го победи во вториот круг од изборите противкандидатот Пека Хаависто на претседателските избори со најголем влог во земјата во една генерација. Стуб, од партијата Национална коалиција, прогласи победа во неделата вечерта, а Хаависто, поранешен министер за надворешни работи и член на […]

Маричиќ на панел во САД: Американската поддршка е од витално значење за борба против корупцијата


  Македонија има стратешки дијалог со Соединетите Американски Држави, како и посебни форми на соработка. Системот на рестриктивни мерки на САД за санкционирање на корумпирани политичари на Западниот Балкан е од исклучително значење за борба против корупцијата, порача првиот вицепремиер задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ. Тој во рамки на посетата на САД денеска учествуваше […]

Да се биде хит писател станува претешко бреме: Интервју со Александар Прокопиев, прозаист и есеист


  „Во однос на пишувањето, авторот, во некоја смисла е метеоропат, односно прилично силно ја чувствувам разликата меѓу времето кога ја создавав книгата, преисполнето со мисли, преиспитувања и страст, и ова по издавањето, кога книгата си го продолжува своето патешествие, а јас, поспокоен и пообјективен, ја набљудувам од брегот, планирајќи го следното креативно патување“ вели […]

Традиционално искачување на Клепа во чест на трагично загинатите планинари Калина и Александар


Седмо традиционално зимско искачување на врвот Клепа се одржа денеска во чест на македонски планинари Александар Миновски и Калина Велевска кои загинаа трагично во бездна на денешен ден 11 февруари во 2018 година искачувајќи се на планината Ниџе на врвот Кајкамкачан во соседна Грција. Околу 500 учесници од повеќе планинарски друштва од земјава и неколку […]

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, снег со послаб интензитет на Попова Шапка


 Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП „Македонијапат“. Сите патни правци во државата се проодни, а на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и […]

Одложена посетата на Макрон на Украина поради безбедносни причини


Париз – Претседателот на Франција, Емануел Макрон ја одложи посетата на Украина поради безбедносни причини, соопшти Елисејска палата. Исто така е одложен и Француско-украинскиот бизнис совет „Медеф Интернешнл“, што требаше да се одржи за време на посетата на Макрон на Украина. Макрон на 13 февруари требаше да оди во „симболична посета“ на Одеса, град делумно изграден […]

Среде зима, 34 пожари во последново деноноќие


Во текот на изминатото деноноќие, согласно информациите до Центарот за управување со кризи биле активни други 34 пожари на отворен простор. „Пожарникарите, паралелно гаснејќи пожари во населените места, гаснea најмалку 34 евидентирани пожари на отворено, на одредени места и со помош на локалното население. Пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на […]

Бислимовски: Најголем дел од жалбите за сметките за струја ќе ги прифатиме


Јасно е дека има зголемен број на домаќинства од вообичаеното каде што претпоставката за потрошена електрична енергија очигледно е превисока, кај најголем дел од жалбите кои што се водат кај нас, ние ќе ги прифатиме, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски. Во интервју за РСЕ, Бислимовски појаснува дека таму каде што не […]

Србија ќе заработи 250.000 евра од гостувањето во Русија


Белград – Потпретседателот на Фудбалската федерација на Србија (ФСС), Бранислав Недимовиќ, изјави денеска дека мартовското гостување на српската репрезентација во Москва нема врска со политиката. Србија на 21 март на „ВТБ Арена“ во Москва ќе одигра пријателски натпревар против руската фудбалска репрезентација, која од февруари 2022 година е под меѓународни санкции. „Пред нас е гостување во […]

Мерис: Ви требаат политички партии што ќе ги надминат етничките линии заради доброто на земјата


  Амбасадорот  на Белгија одговорен за Македонија, Фредерик Мерис, неделава во македонското Собрание ги преставуваше приоритетите на белгиското претседателство, токму кога се случуваше драмата околу смените во техничката влада, а надвор од собраниските кулоари се тркалаше пасошката драма. Како амбасадор на земја претседавач  со ЕУ, кој исто така ја покрива Македонија од Бугарија, а е […]

Ако возите со возачка без „Северна“ ќе платите казна исто како да не поседувате дозвола


Околу возачките дозволи, ги известуваме граѓаните дека од 00 часот на 13 февруари 2024 година ќе важат само возачките дозволи со името Република Северна Македонија, соопшти денес МВР. Министерството за внатрешни работи ќе постапува согласно закон и затоа апелираме граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија. Предупредуваме […]

Во Украина соборен дрон кој носел 22,5 килограми хашиш


Киев– Украинската погранична служба соопшти дека соборила дрон кој носел 22,5 килограми хашиш, при што се уапсени три лица. Дронот е соборен во областа Волин, на границата со Полска и Белорусија. Вредноста на запленетата дрога се проценува на 346.000 долари.

МВР: Излез не, но влез ќе може со пасош Република Македонија


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од 00 часот на 13 февруари 2024 година, согласно веќе донесените законски измени, а во врска со Преспанскиот договор,  престануваат да важат патните исправи со името Република Македонија и во важност ќе бидат само патните исправи со името Република Северна Македонија. Ги замолуваме граѓаните со стари патни […]