Бразил загуби од Аргентина и не успеа да се пласира на Олимписките игри во Париз


Бразилската олимписка репрезентација загуби од Аргентина со 1:0 во 3. коло од групната фаза на јужноамериканскиот квалификациски турнир за Олимпијадата 2024 година. Стрелец на единствениот гол беше аргентинскиот напаѓач Лучијано Гундо во 78. минута. Благодарение на оваа победа, Аргентина го освои првото место во последната група со пет бода од три натпревари и се квалификуваше […]

Товарен брод во грчка сопственост нападнат во Црвеното Море


Товарен транспортен брод во грчка сопственост што плови под знамето на Маршалските Острови бил мета на напад со два проектила во Црвеното море, без при тоа да биде повреден екипажот, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Според државната новинска агенција АНА-МПА, британска приватна компанија за поморска безбедност Амбри соопштила дека проектилите завршиле […]

Игор Стефановски-Иџе ќе се бори за нова европска титула со силна поддршка од „Макпетрол“


Европскиот шампион во ридско-планински патеки за сезоната 2023, Игор Стефановски-Иџе, со силна поддршка од „Макпетрол“ ќе се бори за четвртата титула во ова натпреварување на Светската автомобилистичка федерација (ФИА). Македонскиот спортист и лидерот на пазарот со нафта и нафтени деривати имаат успешна долгогодишна соработка. Нејзиното продолжување се реализира во рамки на стратешките приоритети на компанијата […]

Што е антиципативна тегоба и како да се бориме со неа?


Прекумерното размислување за тоа што ни носи иднината предизвикува многу луѓе да бидат загрижени: порастот на цените, потенцијалните нови пандемии, глобалното затоплување, меѓународните конфликти, економската ситуација, нестабилноста на работните места… Сето тоа во нас поттикнува многу непријатна антиципиративна вознемиреност, бидејќи иднината е суштински неизвесна сама по себе. Обидот да се скротат таквите мисли и вознемиреност […]

Џон Кирби со нова функција во Белата куќа – советник за комуникации поврзани со националната безбедност


Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, сега ќе има поголема улога во администрацијата на Белата куќа. Според американски официјални претставници, тој ќе има нова функција – советник за комуникации поврзани со националната безбедност. Кирби започна со работа во Белата куќа во 2022 година како координатор за стратешки комуникации на Советот […]

Витомир Трајковски од „Макпетрол“ освои сребро на Европското карате-првенство


Сребрен медал за Витомир Трајковски од „Макпетрол“ на Европското карате-првенство што од 9 до 11 февруари се одржа во Тбилиси, Грузија. Претставникот на скопскиот клуб е единствениот член на македонската репрезентација што на шампионатот се закити со одличје. На меѓународниот собир настапија над 1.100 каратисти од 49 земји.    Трајковски, кој се натпреваруваше во возрасната […]

Украина соопшти дека уништила 14 од вкупно 17 дронови лансирани од Русија


Украина уништи 14 од 17 дронови лансирани од Русија, соопштија украинските воздухопловни сили. Уништена е и една крстосувачка ракета Х-59. Русија врз Украина исто така истрелала проектили земја-воздух со долг дострел од системите С-300. Украинските сили досега не информираа колку такви проектили биле истрелани или дали погодиле некоја цел на украинска територија.

Џил Бајден: Не можам да замислам дека некој ја користи смртта на нашиот син за да освои политички поени


Првата дама на САД, Џил Бајден, им порача на донаторите на кампањата дека не знае што се обидувал да добие специјалниот обвинител Роберт Хур кога му предложил на нејзиниот сопруг, американскиот претседател Џо Бајден, да не се сети кога починал неговиот син Бо. „Треба да имаме разбирање за сè и не можам да замислам дека […]

Американскиот министер за одбрана на интензивна нега


 Американскиот министер за одбрана Лојд Остин е примен на одделението за интензивна нега во рамки на неговата хоспитализација поради итен проблем со мочниот меур, соопшти Пентагон. „Вечерва, по серија тестови и проценки, министерот беше примен на одделот за интензивна нега во Националниот воено медицински центар ‘Волтер Рид’ за поддршка и внимателно следење“, се вели во […]

Светскиот рекордер во маратонот Киптум загина во сообраќајна несреќа


Актуелниот светски рекордер во маратон, кенискиот тркач Келвин Киптум, загина во сообраќајна несреќа, објави порталот „Бизна Кенија“. Несреќата во која учествувал спортист се случила на автопатот меѓу кенискиот град Елдорет и селото Каптагат. Маратонецот возел автомобил, изгубил контрола и удрил во дрво. Заедно со 24-годишниот Киптум почина и неговиот тренер Жервејс Хакизимана. Двајцата починале на […]

Се расчистуваат одроните кои не го загрозуваат сообраќајот во Пијанечко-Малешевскиот регион


 Во Пијанечко-Малешевскиот регион продолжува расчистувањето на одрони на регионалниот пат Делчево – Пехчево – Берово. Појава на одрони имаше и на патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани кој е дел од магистралата А3, како и на патот Берово – Виница. Екипи на Македонија пат утрово ги расчистуваа одроните на неколки локации, притоа напоменувајки дека […]

Руските дезинформации топ тема на состанокот меѓу МНР на Франција, Германија и Полска


Министрите за надворешни работи на Франција, Германија и Полска денеска ќе се сретнат во дворецот де ла Сел во близина на Париз за да разговараат за продлабочување на надворешнополитичката и безбедносната соработка, а руските напори за дезинформации се високо на агендата, јави ДПА. Францускиот, германскиот и полскиот министер за надворешни работи Стефан Сежурне, Аналена Баербок […]

Најмногу дожд во Струмица 34 литри на кавдрат


Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Струмица 34 литри на метар кавдратен, во Крива Паланка 29, Берово, Охрид и Виница по 20, Тетово 18, а осум литри во Скопје, соопшти УХМР. На Попова Шапка има снежна покривка од 13 сантиметри. Утрово е променливо облачно, во делови од Скопската Котлина магливо. Дува слаб до умерен […]

Канзас Сити пак го освои Суперболот


Канзас Сити ноќеска во Лас Вегас го победи Сан Франциско со 25:22 по продолжение во Суперболоот и втор пат по ред стана шампион во НФЛ. Мекол Хардман Џуниор, го постигна победничкиот тачдаун на три секунди до крајот на првото продолжение. ВИДЕО на следниот ЛИНК:  За Канзас ова е четврти Супербол трофеј во историјата на американскиот […]

Повторно пукање во САД: Жена убиена откако отворила оган во црква


Две лица се ранети, меѓу кои и едно петгодишно дете, кое е во критична состојба, откако жена облечена во мантил отворила оган од пиштол во голема црква на ТВ ѕвездата-проповедник Џоел Остин во Тексас. Повредени се петгодишно дете и 57-годишен маж. Детето било пренесено во локалната детска болница во Хјустон, додека мажот е во стабилна […]

Пашињан: Немам овластување да го апсам Путин


Ерменскиот премиер Никол Пашињан изјави дека нема овластување да донесува какви било одлуки во врска со апсењето на никого, вклучително и на рускиот претседател Владимир Путин, по наредба на Меѓународниот суд на правдата (МСП). – По 2018 година, Ерменија имаше обемни демократски реформи и јас не одлучувам кого да уапсам, а кого да не уапсам, […]

Брегот на Слоновата Коска го освои трофејот во Африканскиот куп на нации


 Репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска синоќа ја победи Нигерија во финалето на Африканскиот куп на нации со 2:1. Натпреварот се одигра во Абиџан, главниот град на Брегот на Слоновата Коска. Стрелец на единствениот гол на Нигерија беше Вилијам Труст-Еконг во 38. минута. Во 62. минута играчот од средниот ред на Брегот на Слоновата Коска, […]

Уште денеска важат пасошите и возачките со името Република Македонија, на полноќ почнува неизвесноста за многумина


На полноќ истекува преодниот период од пет години, односно одредбата од Договорот од Преспа, со која ќе престанат да важат патните исправи и документи за меѓународна употреба, што го содржат старото име на државата. Шефот на дипломатијата Бујар Османи во петокот на брифинг за медиуми кажа дека граѓаните кои што се затекнати во странство по […]

Почина Фоте Никола истакнат активист и борец за правата на Македонците во Албанија


На 78-годишна возраст, синоќа во Тирана почина Фоте Никола, – истакнат македонски активист и борец за правата на Македонците во Албанија, објави македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ. Роден е на 4 март 1946 година во село Шулин, област Мала Преспа. Основно образование заврши во Пустец, средно педагошко во Елбасан и Филолошки факултет […]

Без вода дел од село Рашче


 Поради водоводен уличен дефект, без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од ул.3 во село Рашче, соопшти ЈП Водовод и каналзиација Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до санирање на дефектот.