Бајден го искористи Супербоул за да започне кампања на ТикТок, загрижен дел од Конгресот


Претседателот на Комитетот за разузнавање на Сенатот на САД и висок демократ изјави дека е загрижен поради одлуката на предизборниот тим на претседателот Џо Бајден да се приклучи на ТикТок. Во неделата, кампањата на Бајден го искористи Супербоул за да отвори нова сметка на ТикТок, со надеж дека ќе допре до младите гласачи пред претседателските […]

Мегапроект од 20 милијарди евра во срцето на Европа, не се сите задоволни: „Многу паметни луѓе ќе си го губат времето“


Научниците од Церн, најголемата научна лабораторија во светот и дом на Големиот хадронски судирач во близина на Женева, продолжуваат со плановите за нов акцелератор на честички Future Circular Collider (FCC) кој би бил најмалку три пати поголем од постоечкиот забрзувач на честички. Големиот хадронски судирач, изграден во тунел долг 27 километри, е дизајниран да судира […]

Алкараз повеќе сака олимписко злато од победа на „Ролан Гарос“


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изјави дека освојувањето на олимпиското злато е поважна цел за него од освојувањето на Грен слемот „Ролан Гарос“. – Би сакал олимписка титула бидејќи за мене е сон да и донесам медал на мојата земја. Олимпиското злато е една од најголемите работи во спортот воопшто. „Ролан Гарос“ е турнир на кој […]

ОАЕ, Азербејџан и Бразил создадоа „климатска тројка“


Поранешните и идните домаќини на самитот на ОН за климата, Обединетите Арапски Емирати, Азербејџан и Бразил соопштија дека создаваат нов тристран формат за да се залагаат за меѓународен договор за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови. Обединетите Арапски Емирати беа домаќини на минатогодишната конференција КОП28 во Дубаи, Азербејџан ќе биде домаќин на овогодишниот […]

Бајден: Работиме на прекин на огнот во Газа за најмалку шест недели


САД работат на преговори за прекин на огнот во Појасот Газа за најмалку шест недели, како дел од поширок договор кој ќе вклучи ослободување на заложниците, изјави американскиот претседател Џо Бајден за време на неговата средба со јорданскиот крал Абдула Втори. Бајден, исто така, рече дека цивилите кои се кријат во јужниот град Рафа, на […]

Во руски напад на Дњепар оштетена термоцентрала


Во ноќешниот напад на руските сили со ракети и дронови врз градот Дњепар, во централна Украина, оштетена е термоцентрала, а дел од градот остана без вода, соопштија украинските власти. Нападот на градот со нешто помалку од милион жители е извршен со проектил и четири групи беспилотни летала од повеќе правци, се наведува во објавата на […]

Еден убиен во пукање во метрото во Њујорк по расправија меѓу две групи тинејџери


Едно лице загина, а петмина се повредени во пукање во метрото во Њујорк по расправија меѓу две групи тинејџери. Стрелецот се уште не е уапсен, соопшти полицијата во најнаселениот град во САД. Инцидентот се случил на метро станицата во Бронкс вчера попладне по локално време, на почетокот на вечерниот шпиц, кога многу деца се враќаат […]

Трамп побара од Врховниот суд да ја паузира судската одлука која го лишува од апсолутен имунитет


 Поранешниот претседател Доналд Трамп синоќа поднесе барање до Врховниот суд на САД судот да ја паузира одлуката на апелациски суд според која се одби неговото барање за апсолутен имунитет од кривичен прогон, а поврзано со неговите обиди за поткопување на резултатите од изборите во 2020 година, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Ако судиите од […]

ММФ: Руската економија се развива подобро од очекуваното


 Руската економија е на позитивен пат на раст и се развива подобро од очекуваното, изјави заменик-шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Гита Гопинат. Како што истакна таа, ММФ минатата година беше цел на критики поради прогнозите дека руската економија ќе забележи раст. – Мислам дека сите сега препознаваат дека тие бројки се релевантни. Се покажа […]

Митрески: Владејачкото мнозинство е стабилно, шест пратеници на АА ја поддржуваат владејачката коалиција


Владејачкото мнозинство е стабилно, а тоа се виде и на гласањето за разрешување на министрите од Алијанса за Албанците, изјави претседателот на Собранието Јован Митрески во интервју за МИА.   -Да. Тоа се виде и на гласањето за разрешување. Значи, кога веќе ја спомнувате Алијанса за Албанците во овој момент имам информација дека од осум вкупно […]

Промоција на нова дигитална платформа за борба против дезинформации


Кревање на свеста и зајакнување на капацитетите на локалните заедници да бидат подобро подготвени да препознаат дезинформации и да се борат со нив има за цел дигиталната платформа jasno.mk креирана во партнерство на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), што ќе биде промовирана денеска во Скопје.  Платформата, […]

Продолжение на 140. седница на Собранието


Во Собранието денеска треба да се одржи продолжение на 140. седница.  Пратениците треба да разгледаат повеќе точки, меѓу кои Предлогот за именување на Јавен обвинител на Северна Македонија, измените на Законот за судска служба, на Законот за јавнообвинителска служба, и двата по скратена постапка, измените и дополнувањата на Законот за академија за судии и јавни […]

Промоција на „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор


Збирката раскази „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор (1913 – 2022) вечер ќе биде промовирана во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Делото го издаде Издавачката куќа „Арс Ламина“. Промоцијата е во рамки на четвртото издание на фестивалот „Денови на литературата“, што се одржува од 6 до 20 февруари. На промоцијата ќе се обратат […]

Промоција на „Бела Сама“ од Виолета Танчева-Златева


 „Бела Сама“ – најновото прозно дело на македонска авторка Виолета Танчева-Златева вечер ќе биде промовирано во Културно-информативниот центар – Скопје. Делото го издаде Издавачки центар „ТРИ“.  Како што информира Културно-информативниот центар – Скопје, овој роман е суштинско навлегување во темите на мајчинството, женскиот принцип и трагичните околности во животот. – Оваа книга е вистинско обележје […]

Британскиот амбасадор Лосон на средба со претседателот на Собранието Митрески


Амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во земјава Метју Лосон денеска ќе го посети Собранието. Во законодавниот дом Лосон ќе има средба со претседателот на Собранието Јован Митрески.

Без струја делови од Центар и Чучер Сандево, без вода централното градско подрачје


Без електрична енергија денеска од 8:30 до 13:00 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Славејко Арсов“ и „Рилски Конгрес“ во Општина Центар. Од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Горно Оризари и каменоломот на „Гранит“ во општина Чучер Сандево. Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради планирани […]

Џафери, Бочварски и Рустеми на поставување камен – темелник за изградба на обиколница на Тетово


Премиерот и министерот за транспорт и врски во техничката Влада, Талат Џафери и Благој Бочварски, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, денеска ќе присуствуваат на поставување камен – темелник за изградба на обиколница на Тетово. Како што информираат од владината прес-служба, предвидено е и нивно обраќање на настанот. Станува збор […]

Отворен поетски ден за 77 години постоење ДПМ


Отворен поетски ден ќе се одржи денеска во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) и ќе се одбележи 77-годишнината од неговото постоење со поетско читање и настап на повеќе македонски поети. Друштвото на писателите на Македонија било формирано на 13 февруари 1947 година, од страна на Васил Иљоски, Славко Јаневски, Блаже Конески, […]

Kонференција на КСС за „Влијанието на корупцијата и непотизмот врз реформите, платите и капацитетите на јавниот сектор“


Во Скопје денеска ќе се одржи конференција на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС)  на тема „Влијанието на корупцијата и непотизмот врз реформите, платите и капацитетите на јавниот сектор“. Предвидени се два панела, а конференцијата ќе биде отворена од претседателот на КСС, Благоја Ралповски. 

Променливо облачно со слаб локален дожд, температурата до 16 степени


Времето денеска ќе биде променливо облачно, со локален слаб дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно […]