Џафери во Брисел на средби со Шарл Мишел и фон дер Лајен


Претседателот на техничката Влада, Талат Џафери, кој од вчера престојува во работна посета на Брисел, денеска ќе се сретне со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.  На оваа своја прва работна посета во странство по стапувањето на премиерската должност, Џафери е придружуван од првиот […]

Новиот јавен обвинител Коцевски ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието


Новиот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Јован Митрески. Собранието вчера едногласно со 62 гласа „за“ го избра Коцевски за нов државен јавен обвинител. Коцевски беше предложен како единствен кандидат за нов државен јавен обвинител откако обвинителката Лидија Раичевиќ не доби позитивно мислење од Советот на јавни […]

Комисиска расправа за Предлог-измените на Законот за урбанистичко планирање


Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за транспорт, врски и екологија, на која се очекува да се расправа по Предлог измените на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка. Како што стои во образложението објавено на собраниската веб-страна, целта на Предлог-измените е доуредување на одредбите за урбанистичко планирање во врска со зафаќањето на земјоделско […]

Вино и љубов во чест на Свети Трифун и Свети Валентин


 Православните верници денеска го слават Свети Трифун – заштитникот на лозарите, а католиците Свети Валентин – Денот на вљубените.  На овој ден лозарите одат на лозјата и ги закројуваат лозите, а во винарските визби низ државата се организираат прослави на кои се слави денот на виното.  Вишиот кустос етнолог Томе Крстевски од Музеј – галеријата […]

Променливо облачно со сончеви периоди, температура до 15 степени


Времето претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а од пладневните часови облачноста ќе се намалува. Преку ден ќе дува умерен, а особено долж Повардарието и во источните делови, засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од […]

ЛШ: Очекувани победи на Манчестер сити и Реал Мадрид


 Актуелниот европски првак Манчестер сити во првиот натпревар од осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони очекувано на гостински терен го совлада Копенхаген со 3-1 (2-1), а гостинска победа вечерва забележа и Реал Мадрид над Лајпциг со 1-0 (0-0). Победата на Манчестер сити на гостувањето во Данска ја донесоа Кевин де Брујн (10 минута), Бернард Силва […]

Русија поставила 30 километарска композиција од вагони во Доњецка област


Институтот за проучување на војната (ИСВ) во својот последен извештај соопшти дека Русија поставила 30 километарска колона од вагони поставени на пругата меѓу Еленовка и Волноваха во Доњецката област. Институтот од Вашингтон претполага дека 30 километарскиот таканаречен „цар воз“ во окупираниот дел на Доњецка област најверојатно служи како линија за одбрана од идните украински офанзиви […]

На Гренланд има се повеќе вегетација и мочуришта – опасно е за целиот свет


Областа на Гренланд каде мразот се стопи во последните 30 години е речиси 36 пати поголема од Њујорк. Најновите истражувања утврдиле дека на тој простор брзо се формира вегетација и мочуришта. Количината на вегетација на Гренланд се удвои во периодот од 80-тите години на минатиот век до 2010 година. Бројот на мочуриштата во тој период […]

Катастрофа во Турција: Се урна рудник за злато, објавено е видео од несреќата


Девет рудари се водат за исчезнати по лизгање на земјиштето во објектот „Анаголд мајнинг“ во источна Турција во вторникот, соопшти турското Министерство за енергетика. Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја за телевизијата А Хабер изјави дека 400 луѓе трагаат по исчезнатите рудари. A gold mine collapsed in eastern #Turkey There is no data on […]

Туск ја обвини поранешната влада дека користи шпионски софтвер за масовно хакирање


Полскиот премиер Доналд Туск денеска на заедничка средба со неговиот политички противник, полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека поседува документи кои докажуваат дека претходната влада незаконски го користела моќниот шпионски софтвер Пегасус за хакирање голем број луѓе. Софтверот Пегасус наводно бил користен против политичките противници за време на владеењето на десничарската партија Право и правда […]

Бијонсе или Џеј Зи – кој е побогат?


Нетото богатство на Бијонсе е 500 милиони долари, според Celebrity Net Worth. Бијонсе вреди 800 милиони долари помалку од нејзиниот сопруг Џеј Зи, кој има 1,3 милијарди долари, според Celebrity Net Worth. Таа, сепак, вреди повеќе од нејзините колешки членови на Дестинис Чајлд, Кели Роланд, која вреди 12 милиони долари и Мишел Вилијамс, која вреди […]

Јануарската инфлација во Албанија 3,4 отсто, најниска во последните три години


Албанскиот Институт за статистика, ИНСТАТ објави дека во јануари годинава инфлацијата достигна ниво од 3,4 отсто, што е најниско ниво од ноември 2021 година. -Доколку се спореди со истиот месец минатата година кога индексот на цените достигна 7,2 проценти, нивото на инфлација е речиси преполовено. На растот на цените во јануари, главно влијание има групата […]

Руските напади предизвика штета од 3,5 милијарди долари врз културното наследство во Украина


Москва – Руската инвазија врз Украина предизвика штета во вредност од околу 3,5 милијарди долари врз културното наследството на земјата, соопшти УНЕСКО. Културата, туризмот и забавата изгубија вкупно 19 милијарди долари приходи од руската инвазија во февруари 2022 година, се наведува во соопштението на УНЕСКО.  Минатата година, организацијата со седиште во Париз ја процени штетата на […]

Курти: Авторитарниот режим на Србија го кочи напредокот на цел Западен Балкан


 Косовскиот премиер, Албин Курти изјави дека визната либерализација за косовските граѓани, која стапи во сила на 1 јануари годинава, го зголеми интересот на косовските Срби за добивање косовски пасоши, а придонесе и за успешна промена на нелегалните српски регистарски таблички со таблички со ознаката РКС (Република Косово), јави дописникот на МИА од Приштина. Во неговото […]

Дејвид Бекам, Кејт Бланшет и Дуа Липа меѓу презентерите на наградите БАФТА


Дејвид Бекам, Кејт Бланшет и Дуа Липа се меѓу оние за кои е потврдено дека ќе ја доделат посакуваната златна маска во недела навечер. Ним ќе им се придружат на сцената во текот на ноќта, колегите водителки Аџоа Андох од славната „Бриџертон“, боливудската ѕвезда Дипика Падуконе, Хју Грант од „Вонка“ и Лили Колинс од „Емили […]

МВР: Изменет Правилникот за налепници „НМК“ на возилата, рокот е продолжен до 31 декември 2024


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до  31 декември 2024 е продолжен рокот за ставање налепница на која е испишана ознаката „НМК“ односно за замена на регистарските таблички кои ја содржат ознаката „МК“ и на оние кои немаат никаква ознака. МВР наведува дека тоа е утврдено  во измените на Правилникот за формата и […]

За Битиќи нема ништо спорно во стратешките енергетски инвестиции


Вицепремиерот Фатмир Битиќи смета дека нема ништо спорно во законите и во договорите за стратешки инвестиции од областа на енергетиката и дека процедурата за нивно донесување во Собранието треба да продолжи. Тој исто така вели дека нема ништо спорно во мислењето на Комисијата за заштита на конкурентноста, која, според него, само укажува дека процедурата треба […]

Снежна бура го зафати североисточниот дел на САД, откажани голем број летови


Североисточниот дел на Соединетите Американски Држави денеска го зафати силно снежно невреме, поради што се откажани голем број летови и железнички линии, а училиштата наставата ја изведуваат од далечина. Повеќе од 12 сантиметри снег се забележани во округот Хартфорд, Конектикат, додека повеќе од 25 сантиметри снег паднале во делови на Пенсилванија, пренесува весникот „Њујорк пост“. […]

Стариот пазар во центарот на Штип ќе стане паркинг простор


Стариот градски пазар во Штип ќе се пренамени во паркинг простор. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека на овој простор ќе има четириесетина паркинг места. Одлуката е донесена од причина што овој пазар не бил искористен во полн капацитет, а можност за паркинг места има и со тоа што веќе […]

Полициско возило удрило во 74-годишна жена


74-годишна жена е тешко повредена откако била прегазена од возило на МВР.  На 12.02.2024 во 14.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Јани Лукровски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, удрило во Л.С.(74) од Скопје. Во незгодата, Л.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во Комплекс […]