Русија поставила 30 километарска композиција од вагони во Доњецка област


Институтот за проучување на војната (ИСВ) во својот последен извештај соопшти дека Русија поставила 30 километарска колона од вагони поставени на пругата меѓу Еленовка и Волноваха во Доњецката област.

Институтот од Вашингтон претполага дека 30 километарскиот таканаречен „цар воз“ во окупираниот дел на Доњецка област најверојатно служи како линија за одбрана од идните украински офанзиви

-Сателитските снимки покажуваатѕ дека руската војска за девет месеци поставила бариера од вагони што се простира од окупираната Еленовка до Волноваха. 

Украински извор соопшти дека руската војска собрала повеќе од 2.100 вагони во воз долг 30 километри. Изворот соопшти дека руската војска започнала да ја собира композицијата во јули 2023 година и оценува дека возот ќе биде користен како одбранбена линија од идните напади на Украина, соопштија од ИСВ.