Украинската армија почна да се повлекува од Авдиивка


  Русија практично ја зазеде Авдиивка во регионот Донецк: украинските вооружени сили почнаа да ги повлекуваат војниците од градот, пишува „Вашингтон пост“. Според борците на украинските вооружени сили, предавањето на Авдиивка е само прашање на време, а во четвртокот тие веќе мораа да напуштат некои позиции бидејќи руските сили почнаа брзо да напредуваат. Последното украинско […]

Ќе стане ли „Интуитив машинс“ првата приватна компанија која слетала на Месечината?


Компанијата SpaceX го лансираше лунарниот лендер на приватната компанија Intuitive Machines од Хјустон со помош на својата ракета Falcon 9. Лансирањето беше успешно извршено од Кејп Канаверал во Флорида, а на врвот на ракетата Фалкон 9 беше лендерот Nova-C Odysseus. По лансирањето, првата етапа од ракетата се вратила на Земјата, а со тоа и официјално […]

Нема причини за враќање на задолжителниот воен рок, вели министерката Петровска


Немаме зголемена безбедносна закана во земјата за да го враќаме служењето на задолжителниот воен рок, а за тоа ќе треба вложување и на многу дополнителни финансиски средства, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска во интервју за МИА дадено по завршувањето на денешното заседание на Северноатлантскиот совет во Брисел. – Кога зборуваме за можноста за враќање […]

Глобалните резерви на нафта значително паднаа


Залихите на нафта на глубално ниво потонаа за околу 60 милиони барели во јануари, при што залихите на копно паднаа на најниско ниво од најмалку 2016 година во услови на намалено производство во Северна Америка, објави Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Залихите беа намалени на почетокот на годината и покрај очигледните слабости на страната на […]

Путин им нареди на Русите: Семејствата треба да имаат најмалку две деца


Руските семејства мора да имаат најмалку две деца за да се обезбеди етничкиот опстанок на нацијата и три или повеќе за нацијата да се развива и просперира, рече претседателот Владимир Путин. Русија претрпе тешки, но непознати загуби откако ја започна војната против Украина пред две години, а стотици илјади луѓе ја напуштија земјата поради противење […]

Над 200.000 украински бегалци добија азил во Велика Британија според различни визни програми


 Бројот на украински бегалци на кои им беше одобрен азил во Велика Британија во рамки на различни визни програми по почетокот на војната надмина 200 илјади, јави ДПА. Новиот праг беше надминат речиси две години откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година, принудувајќи ги Украинците да ја напуштат својата татковина во потрага по […]

ЈСП: Платите не доцнат – на пресметка се


Откако возачите на ЈСП најавиjа штрајк за утре, односно главниот град повторно да остане без градски превоз, од претпријатието велат дека за разлика од други претпријатија, платите кај нив не доцнат. – Платата на вработените во ЈСП не доцни. Платите се исплаќаат редовно во тековниот месец за разлика од платите кои во Македонски Пошти доцнат […]

Вучиќ ги одликува Силјан Мицевски-постхумно, Влада Урошевиќ и Никола Китановски по повод Денот на државноста на Србија


 Српскиот претседател Александар Вучиќ по повод националниот празник Ден на државноста одликува повеќе заслужни поединци и институции, а меѓу Македонците кои добија ордени се и почеснот конзул на Србија во Република Северна Македонија-Силјан Мицевски-постхумно, академик Влада Урошевиќ и оперскиот пејач Никола Китановски, јави дописникот на МИА од Белград. Силјан Мицевски кој беше почесен конзул на […]

ЕБУ: Израел може да се натпреварува на Евросонг во Малме


Женева – Израел може да се натпреварува на годинешниот натпревар за песна на Евровизија, рекоа организаторите, и покрај повиците да се исклучи поради војната во Газа, како што беше со Русија по инвазијата на Украина. Се шират петиции со кои се повикува Израел да биде исфрлен од настанот, кој во мај се одржува во Малме, […]

Агелер: Императив е да се знае дека НАТО ги заштитува своите земји членки


Северна Македонија ги потврди своите вредности како лојална земја членка на Алијансата. Таа е четвртата земја која по број на жители и помогна на Украина, и тоа не само со воена опрема, туку и преку други начини на асистенција. Ние сме многу благодарни, искрено многу други побогати земји не помогнаа на начин на кој помогна […]

Грција се согласила за брза пруга Солун – Скопје – Белград – Будимпешта


  Брза железничка линија ќе ги поврзува Солун – Скопје – Белград – Будимпешта. Тој е дел од Трансевропскиот коридор 10. Грција последна се приклучи на проектот. Ова се случило за време на српско-грчкиот бизнис форум во Белград оваа недела, објавија српските медиуми. „Грчкото учество во изградбата на брзата железничка линија од Грција преку Северна […]

На Трамп во март ќе му се суди во Њујорк под обвинение за прикривање финансиски плаќања


Судијата на државата Њујорк денеска го отфрли барањето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да ги отфрли обвиненијата покренати од окружниот обвинител на Менхетен во истрагата за прикривање на плаќањата кон поранешната порно ѕвезда Сторми Даниелс. Меркан закажа Трамп да се појави на судењето на 25 март во Њујорк, јави Си-Ен-Ен. Минатиот март, големата порота […]

Арбен Таравари ги отвори картите што одамна ги чуваше


  На почетокот на февруари сѐ уште актуелниот лидер на Алијансата за Албанците (АА), Арбан Таравари, изјави дека трите партии од албанската опозиција го наговараат да биде нивни заеднички претседателски кандидат (а и на АА), но дека тој не сакал да влегува во таква политичка авантура. „Албанската опозиција има разговарано со мене јас да бидам […]

Како САД го осиромашија Косово и што значи тоа за Украина?


  Малиот брат на Џорџ В. Буш беше збунет. „Значи дали сте Албанка? – Нил Буш ја праша поранешната амбасадорка на Косово во Вашингтон, Влора Читаку, на вечера во најдобриот хотел во Приштина минатиот јули. „Да“, му рече таа на братот на поранешниот американски претседател, кој штотуку пристигна неколку часа претходно со црн ренџ ровер […]

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка


Четиричлена македонска група планинари успешно ја завршија експедицијата во Јужна Америка и се искачија на највисокиот планински врв Аконкагва на 6962 метри. Планинарот Зоран Николов, член на ПСК „Осогово“ од Кочани, заедно со своите колеги Филип Христов, Зоран Успрцов и Лазе Миновски, како и двајца планинари од Република Србија во средата попладне по локално време […]

На ВМА во Белград поради труење со алкохол завршиле вкупно 33 деца


Најмалку 33 деца деца изминатата ноќ во тешка алкохолизирана состојба се примени на Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград поради труење со алкохол во ноќниот клуб „Синер“ во главниот град на Србија. На ВМА се примени 33 деца до 15 години кои биле во тешка алкохолизирана состојба. Според лекарите, 12 деца имале до 2,8 промили алкохол […]

Словенија дава 6.500 евра субвенции за купување електрични возила, Хрватска 10.000. А ние?


  Електричните возила сѐ повеќе се во фокусот на јавноста, а владите на земјите од регионот се обидуваат да пружат помош во вид на субвенции и со тоа да им олеснат на заинтересираните возачи да си дозволат еко-возило. Српското здружение на увозници на возила и делови истражувало какви програми за заштита на воздухот имаат земјите […]

Скопје утре без јавен превоз – возачите повторно не зеле плата


Утре повторно нема да има јавен градски превоз во Скопје. Ова следува откако вработените во ЈСП не ја добиле платата за јануари. -Еве денеска е 15 февруари. Последниот законски ден за исплата за плата. Од утре УЈП ќе земе 0,03 проценти од нашето купче. Не се договоривме така со градоначалничката и директорот на ЈСП Скопје. […]

Блинкен до Рама: Американците танцуваат цела ноќ со Дуа Липа


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денес е гостин на албанскиот премиер Еди Рама во Тирана. Пред прес конференцијата Блинкен ги исфали промените во земјата, водството на премиерот и ги спомена сите прославени албанци во моментов – од Дуа Липа до Мира Мурати, која требаше да биде извршен директор на водечката компанија во САД за вештачка […]

Претседателот на Бразил не гледа објаснување за убиствата на жени и деца во Газа


Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска изјави дека мултилатералните институции не успеваат да ги решат меѓународните конфликти и во тој поглед ги критикуваше дејствијата на Израел во Газа. -Однесувањето на Израел нема објаснување, со изговор дека се борат против Хамас убиваат жени и деца, рече тој по средбата со египетскиот претседател Абдел Фатах […]