Џафери ќе ги посети и Штип и Виница – ако го поканат


Техничкиот премиер Талат Џафери во овие дваесетина дена од мандатот посетува само места каде што албанското население е мнозинство, пишува Радио Слободна Европа. Џафери вели дека е премиер на сите и дека тоа што го прави не е предизборна кампања. Според аналитичарите, не само Џафери, туку сите министри 100 дена пред избори само мобилизираат гласачи. […]

Измените на Законот за академија за судии и јавни обвинители и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го поминаа комисискиот филтер


Предлог измените на Законот за академија за судии и јавни обвинители и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и Предлог-законот за рибарство и аквакултура го поминаа комисискиот филтер во Собранието на Северна Македонија. На денешната 73. седница на Комисија за европски прашања по паузата пред која комисискиот филтер го помина и Предлог-законот за […]

Преполовени приходите од Суецкиот канал


  Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси денеска изјави дека приходите од Суецкиот канал се намалени за половина оваа година поради влијанието на нападите на Хутите врз поморството. Зборувајќи за ефектот од војната меѓу Израел и Хамас и другите прекугранични триења што ги предизвика конфликтот, Ал Сиси рече дека „Суецкиот канал, кој му носеше на […]

Сијарто: За време на унгарското претседателство ќе има најголемо проширување на ЕУ


За време на унгарското претседателство ќе дојде до „најголемото проширување на Европската унија досега“, изјави министерот за надворешни работи Петер Сијарто. Тој додаде дека за време на пристапните преговори фокусот ќе биде ставен на „актуелната состојба“ на кандидатите, а не на „попуштање пред политичките притисоци“, објави МТИ. „Нема да дозволиме пристапните преговори на некои земји […]

ФЗО го одбилo барањето за младиот Леонид Индов да се лекува во Виена


Откако младиот Леонид Индов со специјален хеликоптер беше пренесен во Виена на лекување, Фондот за здравство го одбил неговото барање за лекување во странство. Оваа информација денеска ја соопшти заменик народниот правобранител, Јован Андоновски, велејќи дека државата си игра со човечки живот. Инаку, вријат социјалните мрежи со негативни коментари за одлуката на ФЗО, Андоновски на […]

Сите најавуваат претставки за стопирање на ДУП-от за Ѓорче Петров


Повеќе од 30 згради, индустриски објекти, трговски единици на огромни површини и повеќе од 10.000 нови жители треба да добие дел од Општината Ѓорче Петров, спроти пазарот, откако советниците на саботната седница го изгрласаа новиот ДУП за градска четврт СЗ 16. Реакции на овој урбанизстички план стигаат речиси од сите засегнати страни, но и од […]

Јавниот обвинител Коцевски на средба со техничкиот министер Тошковски


Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска остварил средба со техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, на која се дискутирало за повеќе тековни активности, соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Коцевски го запознал Тошковски со активностите на Комисијата за следење на нерегуларностите кои евентуално би биле сторени при организирањето и […]

Твитер го блокира, па го пушти профилот на вдовицата на Алексеј Навални


  Социјалната мрежа Икс го суспендираше профилот на Јулија, вдовицата на рускиот опозиционер и еден од најгласните критичари на претседателот Владимир Путин, Алексеј Навални. Како што пренесува Скај њуз, не е познато зошто е тоа направено. Само наведува дека Икс суспендира профили кои ги прекршуваат правилата на таа социјална мрежа. Неколку часа подоцна Икс го […]

Предлог-законите за средно и за стручно образование ја поминаа првата фаза


Предлог-законите за средно образование и за стручно образование и обука денеска поминаа во прво читање на седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. Поддршка добија од сите членови на матичната комисија, а на иницијатива на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, по двата предлога ќе бидат организирани јавни расправа пред да се проследат во второ читање. […]

На 35 години почина синот на директорот на „Роснефт“


  Синот на шефот на големата руска нафтена компанија „Роснефт“, Игор Сечин, Иван, почина на 5 февруари на 35-годишна возраст. Ова произлегува од уписот во рускиот регистарот на наследни случаи. Според телеграмскиот канал VChK-OGPU, синот на Сечин официјално „починал од откачување на тромб“. На 5 февруари околу 4 часот наутро, 35-годишниот Иван почнал да се […]

Просечната нето плата во Хрватска во декември изнесувала 1.191 евро


Просечната месечна нето плата во Хрватска во декември 2023 година изнесува 1.191 евро, што е номинално пониска за 1,4 отсто, а реално за 0,9 отсто во однос на ноември, објави денеска Хрватската државна служба за статистика (ДЗС). Просечната хрватска нето плата е номинално повисока за 13,9 отсто, а реално за девет отсто во однос на […]

Ковачевски: Измените на Изборниот законик се подготвени, СДСМ ќе ги поддржи


Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, истакна дека измените на Изборниот законик се веќе подготвени согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР и во моментот кога ќе бидат ставени на гласање во Собранието, СДСМ ќе ги поддржи. Во однос на посуштински измени на Изборниот законик, Ковачевски останува на ставот дека е предоцна на веќе распишани избори да […]

АКН: Само цената за вадење прв имотен лист е зголемена, за секој нареден е 250 денари


По информациите дека поскапуваат услугите на Катастар, а цената се зголемува и до три пати, од таму денеска појаснуваат дека зголемени се цените за прв упис, додека секој нареден имотен лист, чини како и досега 250 денари. „Цената на имотниот лист кој го издава Агенцијата за катастар на недвижности, а се однесува на имотот на […]

Над 180.000 банкноти од 500 евра се повлечени од оптек во Косово


Централната банка на Косово (ЦБК) објави дека бројката на банкноти од 500 евра што граѓаните ги депонирале во деловните банки, а потоа и во ЦБК, како пари повлечени од оптек, надминала 180.500 парчиња, достигнувајќи вредност од преку 90 милиони и 250 илјади евра, јави дописникот на МИА од Приштина. Ова, како што соопшти ЦБК, е […]

Меси ја донираше и осмата Златна топка на Музејот на Барселона


Лионел Меси ја донираше осмата Златна топка на Музејот на Барселона. Аргентинецот ја доби оваа награда по 8-ми пат минатиот октомври како играч на Интер Мајами. Според новинарот Микел Бласкез, Меси му ја доделил наградата на музејот на Барселона покрај седумте „Златни топки“ на напаѓачот што веќе се складирани таму. Меси играше за Барселона од […]

За подобро позиционирање на македонското вино потребни се вложувања во знаење, нови технологии и дигитализација


  Како да се искористат актуелните трендови на глобалните вински пазари заради подобро позиционирање на македонското вино, како да се зголеми препознатливоста на нашите вина, зошто е исклучително важно воведувањето на географски ознаки на виното и какви придобивки ќе донесе овој процес. Ова се само дел од прашањата за кои се дискутираше на регионалната конференција […]

ЗНАМ во четврток ќе избира лидер и претседателски кандидат


Движењето ЗНАМ во четврток ќе има конгрес во Скопје на кој ќе го официјализира својот лидер и ќе избере претседателски кандидат за изборите во април и мај. Досега Максим Димитриевски ја држеше функцијата в.д. претседател на движењето, кое засега има и привремени раководни тела.  Портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов, не сакаше да најави кои се […]

Мртов млад маж најден утрово под Железен мост во Велес


Човечкиот труп на млад велешанец утрово  е најден под  Железен Мост, во населбата Дворови во Велес.На лице место била повикана екипа на Итна медицинска помош, а увид на местото на настанот направила екипа на СВР Велес,информира за МИА, Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес. Јавниот обвинител Анастасија Миланова беше на местото на настанот и според […]

Мајката на Навални го моли Путин да дозволи да го види телото на синот


  Људмила Навална, мајката на Алексеј Навални апелираше до Владимир Путин со барање веднаш да го предаде телото на нејзиниот син за да може да го погреба. „Веќе петти ден не можам да го видам [син ми], нема да ми го дадат неговото тело, а нема ни да ми кажат каде е. Апелирам до тебе […]

Во петок почнува собирањето потписи за претседател и пратеници во подрачните канцеларии на ДИК и пред овластени нотари


Рокот за собирање потписи за кандидати за претседател и за кандидати за пратеници започнува во петок на 23 февруари и ќе трае до 8 март, согласно роковниците на Државната изборна комисија (ДИК). Државната изборна комисија (ДИК) на седница донесе Правилник за собирање на потписи, којшто денеска ќе биде објавен на веб – страницата на Комисијата […]