„Њујорк тајмс“: При повлекувањето од Авдиевка заробени се стотици украински војници


Стотици украински војници исчезнаа или се заробени од руски единици за време на нивното хаотично повлекување од градот Авдиевка, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на високи западни претставници и војници кои се борат за Украина. – Тоа е катастрофална загуба за Киев што може да му нанесе удар на веќе ослабениот морал по минатогодишната неуспешна […]

Судот во Салехард ја прими жалба од мајката на Навални


 Градскиот суд Салехард прими Жалба за незаконски дејствија од мајката на Алексеј Навални, Људмила Навалнаја. Разгледувањето на жалбата ќе се одржи зад затворени врати, соопшти Судот за ТАСС. „Примена е Жалба за незаконски дејствија и одлуки. (Разгледувањето) е закажано за 4 март, затворено судско рочиште“, соопшти Градскиот суд Салехард, одговарајќи на прашање за жалбата на […]

Ле Пен, АфД и австриските слободари. Се подготвува ли триумф на екстремната десница на изборите за ЕУ?


Зголемувањето на трошоците за храна, економската стагнација и падот на животниот стандард би можеле да ги турнат гласачите во рацете на крајната десница на европските избори оваа година, што дополнително може да ја разниша политичката агенда во Брисел, пишува АФП. Граѓаните на ЕУ се соочуваат со повеќекратни кризи. Додека економијата на Европската унија се опоравуваше […]

Без вода дел од Карпош


ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје известува дека денеска, од 9 часот, без вода ќе бидат корисниците од улиците „Невеска“, „Воденска“, дел од „Разловечко Востание“ и дел од „Волгоградска“, во општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради уличен дефект на ул. Невеска 4. Корисниците без вода ќе бидат до завршување со санација на дефектот. 

Балетот „Дамата со камелии“ вечерва во НОБ


 На сцената на Националната опера и балет вечерва во 20 часот ќе биде изведена балетска претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. Диригент е Иван Еминовиќ, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од […]

Без струја дел од општините Чучер Сандево, Бутел, Кисела Вода и Зелениково


ЕВН Македонија известува дека денеска без струја ќе бидат селата Побожје и Горњани во општина Чучер Сандево, како и неколку улици во општините Кисела Вода и Бутел и село Зелениково. Прекинот на струја во село Побожје ќе биде од 9 до 13 часот. Покрај селото Побожје, во општина Чучер Сандево без струја ќе бидат и […]

Почеток на градежните работи на Универзална сала


Министерството за култура денеска пред Универзалната сала ќе го објави почетокот на градежните работи на овој објект. Најавено е присуство на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски, управителот на фирмата изведувач „Универзал-Балкан“, Билјана Блажевска, проектант од „Мегарон инженеринг“, Бујар Муча и надзорниот […]

Почесна Златна мечка на Берлинале за Мартин Скорсезе


Мартин Скорсезе беше пречекан со громогласни овации додека слегуваше од својот автомобил во Берлинале Палас во вторникот вечерта и почна да дава автограми за толпата собрана оваа студена берлинска ноќ. Оскаровецот е добитник на почесна Златна мечка за животно дело на 74-то Берлинале. „Марти!! Марти!!“ толпата скандираше, додека Скорсезе им позираше на фотографите пред да […]

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец


 Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 21 февруари 2024 година, 52-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 314 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 22 минути, а ќе зајде во 17 часот и 13 минути. Денов трае 10 часа и 51 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее […]

Се продава хотел Југославија, еден од симболите на Белград


Агенцијата за лиценцирање на стечајни управници (АЛСУ) на својата веб-страница објави дека продава 100 отсто од компанијата „Дунав Риверсајд“ во стечај, која е сопственик на хотелот Југославија. Како што е наведено во огласот на веб-страницата на АЛСУ, вредноста на вкупниот имот на „Дунав Риверсајд“ е 6,53 милијарди динари (околу 55,7 милиони евра), додека почетната цена […]

Владата именуваше членови на Националниот совет за развој


Влaдата на денешната седница ја разгледа и усвои и Информацијата со Предлог – решение за именување членови на Националниот совет за развој, на предлог на Генералниот секретаријат на Владата и донесе Решение за именување членови на Националниот совет за развој. Од страна на Владата, претходно, беше донесeна Одлука за формирање на Национален совет за развој, […]

Киев и Вашингтон дискутираа за линијата на фронтот во Украина


Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров денеска изјави дека тој и новиот врховен командант на украинската армија, Олександр Сирски телефонски разговарале за ситуацијата на фронтот во речиси двегодишната војна со Русија и за испораките на муниција со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин. Умеров на Фејсбук го опиша разговорот како „продуктивен“. – Генералот Сирски даде […]

Москва е против распоредување нуклеарно оружје во вселената


 Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва е „категорично против“ распоредување нуклеарно оружје во вселената, по обвинувањата на Вашингтон дека има планови за развој на такво антисателитско оружје. – Отсекогаш сме биле категорично против распоредувањето нуклеарно оружје во вселената и се уште сме, рече Путин за време на состанокот со рускиот министер за одбрана […]

Скопјанка (67) починала на паркинг во Кисела Вода


Вчера, среде бел ден околу 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на подрачје на Кисела Вода во Скопје починала Д.С.(67) од Скопје. Лекар од Итна едицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.  

50 години по мистериозната смрт на Пабло Неруда, наредена е нова истрага


Чиле повторно ќе се обиде да ја реши мистеријата за смртта на поетот и добитник на Нобеловата награда Пабло Неруда, кој почина во 1973 година, кој можеби бил отруен под диктатурата на Августо Пиноче, одлучи денеска апелациониот суд. „Повторното отворање на истрагата е наложено за да се спроведат процедурите“ што ги побараа подносителите на претставката, […]

Во Италија суша и загадување: Милано се гуши во смог


Во северната италијанска област Ломбардија стапија на сила ограничувањата што вчера ги воведоа италијанските власти поради смог, јави ДПА. Ограничувањата вклучуваат делумна забрана за дизел автомобили и целосна забрана за пожари на отворено, како и забрана за употреба на одредени печки на дрва, објавија локалните медиуми. Мерките се однесуваат за Милано и уште осум провинции […]

Петличковски и понатаму ја извршува функцијата претседател на Комисијата за заразни болести


Д-р Александар Петличковски не е сменет од функцијата претседател на Комисијата за заразни болести, информира Министерството за здравство. -Д-р Петличковски е актуелен претседател на Комисијата којшто останува и понатаму да ја извршува својата функција како и досега. Истото може да се потврди со соодветна документација, посочуваат од Министерство за здравство. Дел од медиумите денеска објавија […]

Словенечките банки лани со над една милијарда евра добивка


Банките во Словенија лани оствариле речиси 1,14 милијарди евра добивка пред оданочување, што е за 109 отсто повеќе од претходната година. Со нешто помалку од 1,10 милијарди евра, нето добивката е поголема за 119 отсто, објави денеска Банката на Словенија. Приходите од нето каматата минатата година речиси двојно се зголеми на 1,44 милијарди евра, што […]

Владата предлага да не смее да се гради во старото градско јадро на Охрид


Заради исполнување на препораките на УНЕСКО за заштита на Охридскиот Регион,  Владата го утврди изготвениот Предлог на закон за измени и дополнувања на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за  културно наследство од особено значање. Со Предлог-законот кој Владата го утврди на денешната седница се предлага заострување на режимот на заштита на […]