Меси ја донираше и осмата Златна топка на Музејот на Барселона


Лионел Меси ја донираше осмата Златна топка на Музејот на Барселона.

Аргентинецот ја доби оваа награда по 8-ми пат минатиот октомври како играч на Интер Мајами.

Според новинарот Микел Бласкез, Меси му ја доделил наградата на музејот на Барселона покрај седумте „Златни топки“ на напаѓачот што веќе се складирани таму.

Меси играше за Барселона од 2003 до 2021 година. Во 2016 година, во музејот на клубот беше отворен дел посветен на Аргентинецот.