Ѓоковиќ ќе игра во Индијан Велс за прв пат од 2019 година, Сабаленка го пропушта турнирот во Доха


Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ планира да се натпреварува во Индијан Велс. Мастерсот се појави во распоредот на Србинот на неговата веб-страница. Ѓоковиќ ќе игра таму за прв пат од 2019 година. Тој е петкратен шампион на турнирот во Калифронија. Мастерсот во Индијан Велс ќе с еигра од 4 – 17 март.  Кај тенисерките, втората […]

Осуденик се обидел да избега од Идризово


МВР соопшти дека вчера осуденик се обидел да избега од затворот Идризово, но бил спречен од вработените. Како што информира МВР, се работи за И.М. (31) кој при обидот да избега, физички нападнал еден од вработените. -На 02.02.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденикот […]

Нема салмонела кај мострите од лицата и површините во беровската градинка


Нема присуство на бактеријата салмонела во мострите што ги зел Центарот за јавно здравје од Кочани кај лица и површини во детската градинка во Берово. Испитувањата од примероците покажале негативни резултати, но ќе биде потребно уште едно деноноќие за да се добијат анализите од мострите од храната. -Согласно прелиминарните извештаи, кај лицата и на површините […]

Термос инсулински торбички со фреон за 300 дечиња со дијабет тип 1


Град Скопје обезбеди термос инсулински торбички со фреон за 300 дечиња со дијабет тип 1, кои го олеснуваат складирањето и чување на инсулинот кој го користат на константна температура. Како што информира Град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска заедно со Катерина Јовановска, член на Комисијата за унапредување на правата на пациентите и член на Советот на […]

Масовен и мирен протест на земјоделците во Солун


 Илјадници земјоделци од северна, централна и западна Грција денеска одржаа мирен и масовен протест во Солун пред објектот каде што се одржува саемот за земјоделство „Агротика“ и упатија порака дека нема да отстапат од нивните барања, јави дописничката на МИА од Атина. Во Солун пристигнаа со автобуси од повеќе делови на земјата и им се […]

Додик ја најави кандидатурата за претседател на Република Српска


 Република Српска сака пријателски односи со сите, изјави денеска претседателот на СНСД, Милорад Додик и најави кандидатура за следниот мандат за претседател на Српска. Додик на седницата на Главниот одбор на партијата во Српач рече дека СНСД има историска одговорност и дека нема да се крие од разни закани. -Целиот мој живот го посветив на […]

Блокирани приодите кон аеродромот во Франкфурт


Стотици земјоделци рано утринава со своите трактори ги блокираа пристапните патишта до аеродромот во Франкфурт. Блокадата настана поради владината одлука за укинување на даночните олеснувања за набавка на дизел за земјоделска механизација. Protestos dos agricultores. Manifestação boqueia acesso ao aeroporto de Frankfurt https://t.co/BJwdNp3PlU pic.twitter.com/EYPR7oZfwe — Diário de Notícias (@dntwit) February 3, 2024 Ситуацијата некако се […]

Со мурал и музички хитови одбележан роденденот на маестро Џамбазов


Со промоција на муралот посветен на маестро Александар Џамбазов во Дебар Маало и со изведба на неговите познати хитови, Општина Центар го одбележа роденденот на великанот на македонската популарна музика. Настанот насловен „За Маестрото“ привлече голем број посетители кои уживаа во забавната програма, подготвена во соработка со актерот Игор Џамбазов, синот на големиот диригент и […]

Ралф Шумахер: Мик е еден од најдобрите кандидати за местото на Хамилтон во Мерцедес


Експертот и поранешен Формула 1 возач Ралф Шумахер ги сподели своите размислувања за тоа кој би можел да се качи во пилотската кабина на Луис Хамилтон, кој заминува во Ферари во 2025 година. Ралф го наведе својот внук, поранешниот возач на Хаас и резервистот на Мерцедес, Мик, меѓу клучните конкуренти. – Нема толку многу кандидати. […]

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и го оневозможи синдикалното делување


Независниот синдикат на професионални војници, денеска информираше дека Министерството за одбрана ја има сопрено уплатата на членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување и организирање. Претседателот на Независниот синдикат на професионални војници, Александар Насковски, вели со оваа постапка се прекршува колективниот договор на Министерството за одбрана, Законот за работни односи и […]

Полицијата смета дека нападот во Париз не е терористички чин, напаѓачот имал психички проблеми


Според првичните сознанија од истрагата за нападот со нож изутрината на железничка станица во Париз во кој беа повредени три лица, не станува збор за теростички чин, а напаѓачот е лице со психички проблеми, соопшти француската полиција.  Напаѓачот, државјанин на Мали, е со пријавен статус во Италија од 2016 година и кај него е пронајден […]

Протести против висококатницата кај Воена болница – „Преку Стевче ни е“


Со транспраенти на кои пишува „Преку Стевче ни е“, „Карпош не е Чикаго“, „Карпош не е Дубаи“ и други пораки, група граѓани денеска протестираат во близина на градилиштето на висококатницата кај Воена болница и бензинската на „Макпетрол“. Два протеста против најавената изградба на коплексот висококатници зад бензиската на „Макпетрол“ се одржуваат денеска – едниот на […]

Google Maps добива еден куп нови функции: Ќе му помага вештачка интелигенција


Некои програми на Google веќе ја поддржуваат сè почесто користената технологија на генеративна вештачка интелигенција (Generative AI), а сега е време да се примени на Google Maps. Корисниците ќе можат со нивната апликација да добиваат подетални резултати од пребарувањето и одговори на потпрашањата што можеби ги имаат за локацијата што ја бараат. Со оглед на […]

Се обидел да украде „застава“ од 76-годишен старец


Во петокот, во 20.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.К.(30) од Куманово. Тој се сомничи дека се обидел да одземе патничко возило „застава“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на М.Ј.(76) од Куманово. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде […]

Ковачевски: Нема да дозволиме да се сее семе на раздор


„Меѓуетнички тензии меѓу граѓаните нема, иако има обиди за предизвикување поделби кои сигурно ќе ги гледаме и во предизборието. Тука не мислам само на меѓуетнички поделби, во изминатите години бевме сведоци и на обиди за интра-етнички поделби. Лагите за асимилација и бугаризација беа токму тоа, обид за поделба меѓу Македонците“ изјави претседателот на СДСМ, Димитар […]

Три лица избодени со нож на железничка станица во Париз


Едно лице е потешко, а две се полесно повредени откако напаѓач ги избодел со нож изутринава на железничката станица „Лион“ во југоисточниот дел на Париз, јави ДПА.   Обезбедувањето на станицата успеало да го совлада напаѓачот и да го предаде на полицијата. Тој при апсењето приложил италијанска возачка дозвола. Трите лица биле избодени во чекалната на […]

(Видео) Нападната руска рафинерија


Украинската армија во последните 24 часа извршила 32 напади врз цивилна инфраструктура во девет населени места во областа Керсон. По нападот со дрон врз нафтена рафинерија во Волгоград, на југот на Русија, избувна пожар, кој подоцна беше изгаснат, соопштија локалните власти. Another deep strike by Ukraine in its campaign to undermine the funding for Putin's […]

Борел: Блискиот Исток е жариште што може да експлодира


 Треба да се избегне ескалација на Блискиот Исток и да не се дозволи ситуацијата да стане „експлозивна“, предупреди шефот на европската дипломатија Жозеп Борел по вчерашните американски напади во Сирија и Ирак. – Сите треба да се обидат да избегнат ситуацијата да стане експлозивна, изјави денеска Борел на прашање за американските напади, пред почетокот на […]

Енрике: Целта на ПСЖ е до 1 јуни да ги освоиме сите трофеи


Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, по синоќешната победа над Стразбур (2:1) во натпреварот од 20. коло од францускиот фудбалски шампионат, зборуваше за амбициите задачите на Парижаните оваа сезона. – Дали најдов начин како тимот да напредува? Полошо ќе биде во март, подобро во април, не толку добро во мај, најдобро во јуни. Целта е да […]

Мајката од Струмица осомничена за запуштање и малтретирање дете кое заврши на Клиника


Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против мајка осомничена за кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. Осомничената, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, иако била должна да ја издржува и да се грижи за животот и здравјето на нејзината четиригодишна ќерка, грубо ја запоставила својата родителска должност за грижа и […]