Протести против висококатницата кај Воена болница – „Преку Стевче ни е“


Фото: Б. Грданоски

Со транспраенти на кои пишува „Преку Стевче ни е“, „Карпош не е Чикаго“, „Карпош не е Дубаи“ и други пораки, група граѓани денеска протестираат во близина на градилиштето на висококатницата кај Воена болница и бензинската на „Макпетрол“.

Два протеста против најавената изградба на коплексот висококатници зад бензиската на „Макпетрол“ се одржуваат денеска – едниот на платото пред СРЦ „Борис Трајковски“ во организација на „Независни за Карпош – За заштита на Карпош“ со подршка на голем дел граѓански организации и здруженија, а другиот протест го организира Левица во близина на градилиштето.

Сите бараат да се поништи, според нив нелигитимното конзерваторското мислење врз кое е издадена градежната дозвола и да се оневозможи изградбата на овој компекс во рамки на заштитена зона.

Од Општина Карпош вчера  ги демантираа наводите на двете независни советнички од „Независни за Карпош“ и на Левица.

Фото: Б. Грданоски

Од Општина Карпош реагираа дека денеска се случил протест каде биле навредувани службите, вработените и Градоначалникот на Општината.

– Протестот беше политички организиран и не ја изразува волјата на мнозинството граѓани. Општина Карпош продолжува да се развива. Ова е наша последна инвестиција која успеавме да ја донесеме која носи со себе вработувања, развој и комуналии кои ќе значат проекти за граѓаните на Карпош. Општина Карпош во изминатиот период интензивно работеа на создавање на услови за нови инвестиции. Градоначалникот Јакимовски и општинската администрација овозможија да се оствари капитална инвестиција во станбена изградба во вредност од 50 милиони евра – велат од Општината.

Додаваат дека оваа инвестиција ќе ја зголеми понудата на станови во општината, ќе влијае на стабилизација на цената, и во исто време ќе обезбеди повеќе од 2.000 работни места. Во оваа седумнаесеткатница која ќе се гради во Карпош 3, ќе работат голем број на армирачи, тесари, ѕидари, лимари, бравари, плочкари, електричари, столари, фасадери, електроничари, а во деловните простори и во фирмите што ќе бидат таму сместени ќе работат преку 300 инженери, економисти, трговци итн. Ваквите инвестиции влијаат на порастот на животниот стандард, обезбедуваат полна вработеност и влијаат на развојот на општината во целина. 

 

Јакимовски се иззема од одговорност за зградата кај Воена болница – сите министерства дале дозвола