Блокирани приодите кон аеродромот во Франкфурт


Стотици земјоделци рано утринава со своите трактори ги блокираа пристапните патишта до аеродромот во Франкфурт.

Блокадата настана поради владината одлука за укинување на даночните олеснувања за набавка на дизел за земјоделска механизација.

Ситуацијата некако се смирила до пладне, пренесува Билд.

Франкфуртската полиција најпрво предупреди на мрежата Х дека патниците кои имаат намера да стигнат до аеродромот треба да користат јавен превоз поради блокадата на државните патишта, а потоа објави дека се отворени повеќето приоди до најпрометниот аеродром во Европа.

Според полицијата, околу 500 трактори ги блокирале патиштата, но организаторите тврдат дека ги имало околу илјада.