Ѓоковиќ ќе игра во Индијан Велс за прв пат од 2019 година, Сабаленка го пропушта турнирот во Доха


Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ планира да се натпреварува во Индијан Велс. Мастерсот се појави во распоредот на Србинот на неговата веб-страница.

Ѓоковиќ ќе игра таму за прв пат од 2019 година. Тој е петкратен шампион на турнирот во Калифронија.

Мастерсот во Индијан Велс ќе с еигра од 4 – 17 март. 

Кај тенисерките, втората на ВТА ранг-листата, Арина Сабаленка ќе го пропушти турнирот во Доха.

Белорусинката која е двократна Грен слем шампионка ќе биде заменета со Пејтон Стернс.

Турнирот ќе почна на 11 февруари.