Рускиот БДП е намален за два отсто


Русија забележа буџетски дефицит од 1,9 отсто од бруто домашниот производ (БДП) во 2023 година, објави Министерството за финансии, со остар пад на приходите од продажбата на нафта и гас и раст во другите сектори. Вкупниот буџетски дефицит беше 3,24 трилиони рубли (33,3 милијарди евра), според прелиминарните проценки на министерството, што одговара на 1,9 отсто […]

Обвинителството покрена истрага за убиството на двегодишното дете од Кичево


Основното јавно обвинителство од Кичево покрена истрага за убиството на двегодишното дете од Кичево, кое почина од здобиените повреди, откако, според првичните сознанија било претепано од неговиот татко. За осомничениот татко се бара мерка притвор. – Осомничениот 29-годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој […]

Советот на ЈО едногласно го отфрли барањето на Фатиме Фетаи


Советот на јавни обвинители на денешната седница едногласно го отфрли барањето на обвинителката Фатиме Фетаи за преиспитување на одлуката за отфрлање на документацијата во врска со огласот за именување на јавен обвинител на Република Северна Македонија. На седницата беше истакнато дека одлуката за отфрлање на доставената документација од Фетаи, на претходната 94. седница кога Советот […]

Комисијата за заразни болести најверојатно ќе заседава следната недела, ништо алармантно со големата кашлица


Комисијата за заразни болести најверојатно ќе заседава следната недела, но, нема ништо алармантно во однос на магарешката кашлица, ковид и грип, изјави за МИА претседателот на Комисијата, Александар Петличковски.   – Станува збор за редовен состанок и пресек на ситуацијата и ќе се види дали евентуално треба да се донесат некакви нови мерки, вели Петличковски. […]

Донација од Комерцијална банка вредна 6 милиони денари за изградба на градинка „Верверичка“ во Кисела Вода


Комерцијална банка продолжува со својот придонес за општественото добро со донирање 6 милиони денари за изградба на градинка „Верверичка“, со што на жителите на оваа општина ќе им обезбеди дополнителен современ и удобен простор за згрижување на нивните деца. Со свечено поставување на камен темелникот денеска започна изградбата на новата градинка, која ќе биде осмиот […]

Израел го нарече процесот во Хаг една од „најголемите претстави на лицемерие“ во историјата


  Министерството за надворешни работи на Израел го нападна правното сослушување за војната во Газа што се одржа утринава во Хаг, нарекувајќи ја „една од најголемите претстави на лицемерие во историјата“ и ја нарече Јужна Африка, која го покрена случајот во кој се тврди дека Израел врши геноцид, „правна рака на Хамас“. Портпаролот на министерството, […]

Клиничката болница во Тетово не може да стави ограда, дел од земјиштето било приватизирано


Директорот на Клиничка болница Тетово Илир Демири на прес-конфернција побара државните институции да обезбедат услови неговата установа да може да го обележи и огради имотот затоа што, според него, неодамна биле спречени од поединец кој приватизирал дел од земјиштето. Демири вели дека проблем има и поради тоа што во приватизираниот дел од дворот спаѓа и […]

11 јануари во историјата – Објавена е врската меѓу пушењето и ракот на белите дробови


  Американскиот главен хирург Лутер Тери знаеше дека неговиот извештај е бомба. Тој намерно избра да го објави на 11 јануари 1964 година, сабота, за да ги ограничи неговите непосредни ефекти на берзата. Токму на овој датум, во име на Владата на САД, Тери објави дефинитивна врска помеѓу пушењето и ракот. Врската долго време се […]

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги повлекоа сите амандмани за измените на Законот за игрите на среќа


  Собраниската Комисија за европски прашања денеска продолжи со амандманската расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, поднесен од Владата. На почетокот на седницата на Комисијата, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски побара да бидат повлечени сите амандмани поднесени од него и од колегата пратеникот Тони […]

Изгоре автомобил и помошен објект во струмичко Муртино


Во струмичко Муртино синоќа изгорел автомобил и помошен објект, информираа од ТППЕ Струмица. Според информацијата од струмичките пожарникари, пожарот избувнал синоќа во 22:15 часот, а во гаснењето учествувале пет пожарникари со едно против пожарно возило. Се додава дека пожарот бил во разгорена фаза и бргу по пристигнувањето пожарот е изгаснат и е спречено ширење кон […]

Што е големата кашлица, колку е опасна и колку може да трае?


  Пред само една година кај нас и во регионот речиси немаше регистрирани случаи на голема кашлица, сега бројот на заболените постојано расте. Српскиот вирусолог д-р Ана Банко во текстот за онлајн магазинот „Велике приче“ вели дека големата кашлица повторно ги разгорува дискусиите за причините за падот на довербата во вакцинацијата. И додека циклусите на […]

МЗ: Двегодишната кичевчанка повеќе од 20 дена била во кома, по што починала


По информацијата дека татко ја претепал својата 2-годишна ќерка во Кичево, по што таа починала од Министерството за здравство излегоа сод етали. Имено, како што велат од таму, на 19 декември, во Ургентниот центар во ОБ Кичево во коматозна состојба е примена двегодишна пациентка,која во болницата е донесена од нејзината мајка. Поради критичната состојба малата […]

Собранието расправаше за избор на членови во комисии и регулаторни тела, опозицијата обвинува за партизација


 Пратениците денеска на продолжение на 135. пленарна седница расправаа за именувања на членови во неколку комисии и регулаторни тела и завршија со општиот претрес по нив, но како што најави потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, за нив ќе се гласа дополнително.  Заокружена беше расправата по Предлог одлуката за избор на членови на Комисијата за заштита […]

„Гугл“ и „Амазон“ ќе отпуштат стотици вработени


Американските технолошки гиганти „Гугл“ и „Амазон“ во одделни најави соопштија дека ќе отпуштат стотици вработени. „Гугл“ најави дека ќе отпушти „неколку стотици“ вработени и ќе реорганизира неколку сектори. Отпуштени од работа ќе бидат вработените во главниот инженерски оддел на „Гугл“, како и во одделенијата кои се вклучени во развојот на гласовниот асистент и развојот на […]

Тепачката била зад грбот на Беким Незири, тврди неговиот адвокат


  Кривичнииот совет денеска расправа за жалбата на Јавното обвинителство околу неопределувањето притвор за Беким Незири и уште тројцата насилници кои упаднаа во М-НАВ. Незири од ДУИ е еден од осумтемина осомничени за насилниот упад во Навигација кој се случи пред точно една недела. Незири дојде нормално во Судот, во придружба на својот адвокат Еленко […]

Дали ќе продолжат „гарантираните цени“ не зависи само од законот за нефер трговски практики, туку и од движењата на пазарот, вели Ковачевски


Мерката „гарантирани цени“ не зависи само од донесувањето на законот за нефер трговски практики, туку и од движењето на цените на пазарот, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. Според него, цените и маржите се следат, во тој сегмент се соработува со експертската фела, а одлуките се носат зависно од проценката. Како што напомена Ковачевски, одговорајќи на […]

Валенсија – Европска зелена престолнина за 2024 година


Брисел – Шпанскиот град Валенсија денеска официјално станува европска зелена престолнина за 2024 година, преземајќи ја оваа титула од минатогодишниот носител, естонскиот главен град Талин.  На церемонијата на преземањето на титулата, заменик градоначалникот на Талин, Тит Терик формално на градоначалничката на Валенсија, Марија Хозе Катала ќе и ја предаде европската „Зелена книга“.  По повод примопредавањето […]

Беса Адеми дојде на редовна седница на Судскиот совет


  Претседателката на Врховен суд, Беса Адеми, денеска се вклучи во работата на Судски совет со нејзиното присуство и учество на 472. седница. Ова следува по јавната седница што се одржа на крајот од изминатиот месец, кога Судскиот совет одржа расправа за иницијативата поднесена од членот на Советот, Миљазим Мустафа, за утврдување одговорност на претседателката […]

Славниот тренер Ериксон откри дека се бори со ракот


Стокхолм – Поранешниот селекторот на англиската фудбалска репрезентација Свен – Горан Ериксон (75) обелодени денеска дека му е дијагностициран рак и оти во најдобар случај му преостанува уште една година живот. „Сите можат да видат дека имам болест која не е добра и сите претпоставуваат дека тоа е рак, и тоа а точно. Но, морам […]

Ковачевски за предлогот „Чебрен“ да го градиме сами: Потребна е анализа колку ќе го оптовари јавниот долг


Премиерот Димитар Ковачевски не го отфрла предлогот на Здружението на инженери, државата да ја финансира изградбата на хидроелектраната „Чебрен“, но вели дека за тоа е потребно да се направат анализи, како инвестицијата ќе влијае врз јавниот долг, како и да се извршат консултации со институциите преку кои го финансираме буџетскиот дефицит. Според Ковачевски, во делот […]