Израел го нарече процесот во Хаг една од „најголемите претстави на лицемерие“ во историјата


 

Министерството за надворешни работи на Израел го нападна правното сослушување за војната во Газа што се одржа утринава во Хаг, нарекувајќи ја „една од најголемите претстави на лицемерие во историјата“ и ја нарече Јужна Африка, која го покрена случајот во кој се тврди дека Израел врши геноцид, „правна рака на Хамас“.

Портпаролот на министерството, Лиор Хајат, изјави на Икс: „Денес бевме сведоци на едно од најголемите претстави на лицемерие во историјата, надополнето со низа лажни и неосновани тврдења“.

„Јужна Африка, која функционира како легална рака на терористичката организација Хамас, целосно ја искриви реалноста во Газа по масакрот на 7 октомври и целосно го игнорираше фактот дека терористите на Хамас се инфилтрираа во Израел, убиваа, егзекутираа, масакрираа, силуваа и киднапираа израелски граѓани, едноставно затоа што беа Израелци, во обид да извршат геноцид“.

Хајат додаде: „Претставниците на Хамас во судот, јужноафриканските адвокати, исто така го игнорираат фактот дека Хамас го користи цивилното население во Газа како жив штит и оперира од болниците, училиштата, засолништата на ОН, џамиите и црквите со намера да ги загрозат животите на жителите на Појасот Газа“.