Земјотрес со епицентар во Албанија, почувствуван во Охрид, Струга, Гостивар и Скопје


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 14.01.2024 година во 00 часот и 17 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 173 km југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML4.5. Како што соопштија […]

Утрово најстудено во Берово -13 степени


Утрово до 07.30 часот се измерени минусни тепературни. Најстудено со – 13 степени во Берово, најтопло со – 4 степени во Дојран. Како што соопштија од УХМР измерени се -10 степени во Скопје-Петровец, -9 Крива Паланка, Штип, Струмица, Демир Капија, Прилеп, Битола и Велес, -8 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Кавадарци и Крушево, -7 Маврови Анови, […]

По петти пат руски ракети гаѓаат руска територија


  Руската армија уште еднаш ја погоди со ракета својата територија. Во Краснодарската територија беа пронајдени делови од ракетата Х-101. Сообраќајот долж делот од патот е привремено блокиран од безбедносни причини, изјавија за РИА Новости од регионалниот оперативен штаб. Локалните жители изјавија за медиумите дека самиот објект најверојатно паднал ноќе, а на локалните социјални мрежи […]

Продажбата на возилата на „Брако“ за хигиена зголемена за 40 отсто


  Продажбата на возилата за јавна хигиена „Грин машинс“ порасна за 40 отсто во 2023 споредено со 2022 година.  Растот се должи на зголемената продажба на возилата на веќе постоечките пазари во светот, но и на отворањето нови пазари во текот на 2023 година, пред сѐ во Мексико, Индонезија, Кувајт, но и во регионот, односно […]

Тајван: Кандидатот што не го сакаше Кина победи на претседателските избори


  ТАЈПЕЈ, Тајван – Кандидатот на владејачката партија Лаи Чинг-те излезе како победник на претседателските избори во Тајван во саботата, а неговите противници го признаа тоа, резултат што ќе ја одреди траекторијата на односите на самоуправната демократија со Кина во следните четири години. Кина ги нарече изборите избор меѓу војна и мир. Пекинг силно се […]

Мицкоски посака денот во Вевчани да помине „во добро расположение“


  Без оглед што цело Вевчани е завиено во црно поради смртта на 19-годишниот Милан (син на поранешниот пратеник Крсто Мукоски) и што годинашниот карневал ќе биде само симболичен, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека посакува „денот да помине во добро расположение. Изразувајќи „најискрено сочувство за инцидентот којшто се случи во раните утрински часови овде во […]

Дејвид Гир вели дека ЕУ не размислува за промена на преговарачката рамка


  Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, изјави дека пристапните преговори на Македонија со Унијата се веќе отворени во јули 2022 и дека сега треба да се направи уште следниот чекор – уставните измени, кои се дел од преговарачката рамка. Во интервју за МИА тој ги отфрли споредбите со „кафето на Орбан“ кога се носеше одлуката […]

Мицкоски сега чека амбасадорите на ЕУ во Скопје и Софија да ја разубеделе бугарската влада


  Откако од нависоките претставници на Европската унија повеќепати изрично беше нагласено дека нема промена во преговарачката рамка, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, сега предлага амбасадорите на ЕУ во Скопје и Софија да го решеле проблемот со тоа што ќе ја разубедувале бугарската влада. И така да се откочел патот на Македонија кон ЕУ, а […]

Вевчанскиот карневал го откажа забавниот дел по загинувањето на синот на Крсто Мукоски


  Вевчанскиот карневал го откажа забавниот дел од оваа манифестација поради загинувањето на млад жител на Вевчани, соопшти денеска градоначалникот Спасе Кочовски. „Во трагедијата што се случи сношти во Вевчани, во сообраќајна несреќазагина жител на Вевчани. Улиците на 13 јануари никогаш не биле во ваква состојба. Вевчани е мало место, сите сме како една фамилија. […]

УЈП ќе објави мрежа на нафтени компании кои затајувале данок


  Директорката на УЈП и заменик-претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска, најави дека  в понеделник на брифинг со новинарите ќе бидат објавени два специфични случаи на даночни должници кои затајувале данок. Зборувајќи во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24 Лукаревска рече дека не може да објави конкретни имиња на фирми бидејќи се работи за даночна тајна регулирана […]

Домашен притвор за уште едно лице за упадот во М-НАВ


  Основниот кривичен суд Скопје определи мерка домашен притвор за лицето осомничено за кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај кое повеќе дена беше недостапно на органите на прогонот, а вчера беше лишено од слобода на граничен премин, соопшти денеска Јавното обвинителство.  Основното јавно обвинителство Скопје, како што информираат оттаму, ќе вложи жалба […]

Синот на Крсто Мукоски загина во сообраќајка


  Семејството на поранешниот пратеник Крсто Мукоски го зафати голема трагедија откако нивниот 19-годишен син Милан ноќеска загина во сообраќајна несреќа во близината на Вевчани во автомобилот што го возел. „На 13.01.2024 околу 01.20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на регионалниот пат кон Вевчани, во близина на село Подгорци, струшко, патничко моторно возило […]

Хутите по грешка нападнале руски танкер


  Јеменските Хути по грешка пукале врз танкер за кој се верува дека превезувал руска нафта во Аденскиот залив. Ова го објави британската поморска безбедносна компанија „Амбри“, цитирана од Ројтерс. Според „Амбри“, нападот се случил во близина на брегот на Јемен. Капетанот на танкер под знамето на Панама го известил Координативниот центар за поморска трговија […]

Русија загубила 90 отсто од своите тенкови во Украина


  За време на 23-месечната војна во Украина, руската армија загубила најмалку 2.619 тенкови. Имајќи предвид дека руските вооружени сили влегоа во војната во февруари 2022 година со 2.987 тенкови, околу 90% од овој број биле уништени за речиси две години, велат извори за „Форбс“. Меѓу нив има 1.725 уништени, 145 оштетени, 205 напуштени и […]

Трамп мора да им плати на „Њујорк тајмс“ и неговите новинари 400.000 долари


  На поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, во петокот му беше наредено да плати речиси 400.000 долари за правни такси на „Њујорк тајмс“ и тројца истражувачки новинари, откако неуспешно ги тужеше поради приказната што доби Пулицерова награда за 2018 година за богатството и даночните практики на неговото семејство. Весникот и новинарите Сузан Крег, Дејвид […]

Во МРТВ и Беко и денеска ќе се издаваат документи


  За да се намалат големите турканици при издавањето лични документи, МВР соопшти дека и денеска ќе работат шалтерите во објектите во Беко и МРТВ во Скопје. Работното време, како што информира МВР, е од 8 до 16 часот. 

Многу студено утринава, во Крушево и Берово -12


  Минусни температури утрово се измерени речиси во сите делови од земјава. Најниска беше температурата на Попова Шапка каде се измерени -15 степени, во Берово и во Крушево -12, во Крива Паланка -11, во Маврови Анови -10, во Штип и Струмица -8, во Прилеп и во Виница -7, во Битола, Охрид и Претор -6, во […]

Како ЕУ ја промени Хрватска?


Хрватска на 1 јули ја одбележа, а може да се каже и ја прослави десетгодишнината од влезот во Европската унија. Тоа беше добра можност да се истакнат позитивните и негативните страни на тој настан, што го направија и власта и опозицијата. По тој повод, поранешниот (првиот) хрватски комесар во Европската комисија, Невен Мимица, изјави дека […]

13 јануари во историјата – Папата ги призна Витезите Темплари


  На 13 јануари 1128 година, папата Онориј II одобрува папска санкција за воениот ред познат како Витези Темплари, прогласувајќи го за Војска божја. Предводена од Французинот Ху де Пајан, организацијата Витези Темплари беше основана во 1118 година. Нејзината самопоставена мисија била да ги заштити христијанските аџии на нивниот пат до и од Светата земја […]

Џемс О’Брајан доаѓа во Скопје на 22 јануари


  Помошник-државниот секретар за Европа, Џемс О’Брајан се очекува да дојде во Скопје на 22 јануари на регионален собир на кој ќе се расправа за Планот за раст на ЕУ вреден шест милијарди евра. На собирот треба да присуствуваат повеќе лидери од Западен Балкан. Тој треба да биде во Македонија два дена. ТВ 21 објавува […]