Многу студено утринава, во Крушево и Берово -12
Минусни температури утрово се измерени речиси во сите делови од земјава. Најниска беше температурата на Попова Шапка каде се измерени -15 степени, во Берово и во Крушево -12, во Крива Паланка -11, во Маврови Анови -10, во Штип и Струмица -8, во Прилеп и во Виница -7, во Битола, Охрид и Претор -6, во Скопје-Зајчев Рид и Демир Капија -5, во Куманово и во Велес -4, во Скопје-Петровец, Тетово и Кавадарци -3, во Дојран -2 и во Гевгелија 0 степени.
На Попова Шапка има седум сантиметри снег.
Во текот на ноќта времето беше ведро. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. Изутринава е сончево со мала до умерена облачност и студено. Наместа дува слаб ветер од северен правец.
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7 степени.
Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 5 степени.