Продажбата на возилата на „Брако“ за хигиена зголемена за 40 отсто


 

Продажбата на возилата за јавна хигиена „Грин машинс“ порасна за 40 отсто во 2023 споредено со 2022 година. 

Растот се должи на зголемената продажба на возилата на веќе постоечките пазари во светот, но и на отворањето нови пазари во текот на 2023 година, пред сѐ во Мексико, Индонезија, Кувајт, но и во регионот, односно во Босна и Херцеговина како нов пазар, покрај присутноста во сите други соседни држави.

„Брако“ произведува повеќе типови возила за чистење од марката „Грин машинс“ на електричен, водороден и класичен погон.

Возилата се продаваат во над 60 земји низ целиот свет, а електричниот и хидрогенскиот модел се најбарани во развиените земји, каде се во склад со современите трендови за создавање на одржливи и еколошки општества.

Опремени со најсовремена технологија, се одликуваат со извонредна ефикасност и економичност, издржливи и лесни се за управување, тивки при работа и пријателски кон животната средина.