По петти пат руски ракети гаѓаат руска територија


Министерот за одбрана Сергеј Шојгу

 

Руската армија уште еднаш ја погоди со ракета својата територија. Во Краснодарската територија беа пронајдени делови од ракетата Х-101. Сообраќајот долж делот од патот е привремено блокиран од безбедносни причини, изјавија за РИА Новости од регионалниот оперативен штаб.

Локалните жители изјавија за медиумите дека самиот објект најверојатно паднал ноќе, а на локалните социјални мрежи утрото се појави видео од местото на настанот. Локалните власти известија за откривање на „фрагменти од неидентификуван уред“. РИА Новости забележува дека судејќи по фотографијата од местото на инцидентот, станува збор за проектил.

Случајот во Краснодарската територија е барем петти пат како ракета од руската армија погодува руска територија.

На 2 јануари руска ракета падна врз селото Петропавловка во областа Воронеж. Тогаш беа повредени 4 лица. Исто така, на 20 април 2023 година, за време на летот на бомбардер „Су-34“ над Белгород, се случи „невообичаено ослободување на авионска муниција“, објави руското Министерство за одбрана. Бомбата паднала во центарот на градот, што резултираше со кратер со радиус од 20 метри. На 24 и 25 мај, во Белгород и регионот беа откриени две неексплодирани воздушни бомби ФАБ-500, кои го пробија афалтот.

Во јануари оваа година, во регионот на Белгород беа пронајдени и ракета Х-101 и воздушна бомба.