УЈП ќе објави мрежа на нафтени компании кои затајувале данок


 

Директорката на УЈП и заменик-претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска, најави дека  в понеделник на брифинг со новинарите ќе бидат објавени два специфични случаи на даночни должници кои затајувале данок. Зборувајќи во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24 Лукаревска рече дека не може да објави конкретни имиња на фирми бидејќи се работи за даночна тајна регулирана во законот за даночна постапка.

„Ќе ја испрезентираме таа мрежа на нафтени компании која што е во соодветен дослух со бензиски пумпи и врз основа на тоа ќе видиме како всушност сакале да го изиграат системот, да испумпаат од буџетот фиктивен ДДВ. Имаме направено опсежна анализа и процедура, со попис и детална анализа на сите фактури, на деловните односи и детална анализа на физичките лица кои стојат зад тие бензиски пумпи“, рече Лукаревска.