Мицкоски посака денот во Вевчани да помине „во добро расположение“


 

Без оглед што цело Вевчани е завиено во црно поради смртта на 19-годишниот Милан (син на поранешниот пратеник Крсто Мукоски) и што годинашниот карневал ќе биде само симболичен, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека посакува „денот да помине во добро расположение.

Изразувајќи „најискрено сочувство за инцидентот којшто се случи во раните утрински часови овде во Вевчани“  и одбегнувајќи да спомене чие семејство е во длабока трагедија денеска, Мицкоски рече: Очекувам успешен ден“.. Мукоски беше исклучен од партијата откако гласаше за уставните измени за промена на името, а токму тој политички став на поранешниот сопартиец на Мицокски, беше причина огромен број симпатизери на опозициската партија на социјалните мрежи да се ситат на трагедијата.

Тој уште додаде: „Еве, традиционално, како и секоја година, повторно сме овде во Вевчани на овој ден заедно со ова карневалско дефиле по повод големиот христијански празник Василица“.