Даштевски: Легитимно и законски можеме да работиме и со шест члена


 Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски вечерва посочи дека претстојните избори ќе чинат 17 милиони евра. Тој додаде дека побарале повеќе средства, но смета оти и оваа сума ќе е доволна за успешно да се спроведат изборите. Тој во гостување на ТВ 21 потенцираше дека дел од парите ќе бидат наменети за медиумите, […]

Мандатарот на идната преодна влада ги добил сите предлози од политичките партии за министри и заменици министри


Мандатарот на идната преодна влада Талат Џафери ги примил сите предлози од политичките партии за министри и заменици министри и се очекува да ги достави до претседателот на Собранието.  Со ова, се отвара патот да се свика пленарна седница за избор на новата влада. Според најавите, седницата треба да се одржи во недела, но од […]

Путин најави нов нуклеарен мразокршач


Рускиот претседател Владимир Путин најави изградба на уште еден мразокршач на нуклеарен погон како дел од проширувањето на арктичката флота на земјата. На денешната церемонија по повод почетокот на изградбата на мразокршачот Ленинград во бродоградилиштето во Санкт Петербург, Путин рече дека идната година ќе биде завршена и кобилицата на сестринскиот брод Сталинград. – Се градат […]

Апелација ги уважи жалбите на Груевски и Божиновски за „Талир 2“ – повторно ќе им се суди


Апелациониот суд Скопје поради измените на Кривичниот законик во делот на кривичното дело од член 353 од КЗ, ја укина првостепената пресуда за случајот „Талир 2“ и  предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд. За „Талир 2“ беа осудени поранешниот премиер во бегство Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, […]

За Беким Незири и Алмир Рамдедовиќ, укината мерката „куќен притвор“


 Апелациониот суд во Скопје ги уважи жалбите на обвинетите Беким Незири и Алмир Рамдедовиќ осомничени во случајот „М-НАВ“ и мерката „куќен притвор“, а остануваат мерките на претпазливост.   – Судот, ценејќи ги доказите приложени кон доставениот предлог за определување на мерка притвор, а имајќи предвид дека единствен доказ кој се однесува на осомничените е потврдата за […]

Египет прими десетици странски државјани и Палестинци на кои им е потребна медицинска помош


 Египет денеска прими четириесетина Палестинци на кои им е потребна медицинска помош и 31 државјанин со странски пасош од Појасот Газа, соопштија египетските гранични власти. Палестинските пациенти преку граничниот премин Рафа се транспортираат со возила на брза помош. Меѓу нив има и двајца ранети за време на војната меѓу Израел и Хамас, како и оние […]

Рамстор со уште еден маркет во Општина Аеродром


Денес, 26.01.2024 „Рамсторе Македонија“ го отвори новиот „Рамсторе Експрес маркет“ во скопската oпштина Аеродром, поточно во населбата Мичурин близу ООУ „Блаже Конески”. Во новоотворениот  и модерно дизајниран маркет на потрошувачите ќе им бидат понудени свежо овошје и зеленчук, леб и пекарски производи, како и повеќе од 2.000 други производи. Промоциите, продажните акции, подароци и гратис производи […]

Почнува едукативната кампања на „Лајка“ за вдомување на бездомни кучиња


Почнува едукативната кампања на „Лајка“ преку која ќе се направи обид да се покрене свеста кај најмладите за одговорното сопствеништво, како и вдомувањето на бездомни кучиња, а со една цел – да се намали бројот на бездомни кучиња по улиците. За таа цел од денес со службено возило на ЈП „Лајка“ кое е брендирано со […]

Производството на автомобили во Велика Британија во 2023 година се зголеми за 16,8 отсто на годишно ниво


Производството на автомобили во Велика Британија во 2023 година се зголеми за 16,8 отсто на годишно ниво на вкупно 905.117 возила, а производството на различни видови електрични возила за 48 отсто, објави Британското здружение на производители и трговци на мотори на својата веб-страница. Авторите на извештајот забележуваат дека растот на производството е поврзан со ублажување […]

Пожар во дом за стари лица во Холандија – еден загина


Едно лице загина, а четворица се повредени во пожар во дом за стари лица во Гелдерланд, Холандија. Пожарот избувнал во четвртокот вечерта, а на местото се испратени пожарникари и итната помош. Со хеликоптер е испратена екипа за траума, а на повредените им била укажана помош поради вдишување чад, пишува NL Times. Како мерка на претпазливост, […]

МВР почна да доставува готови лични карти и дозволи на домашна адреса во Скопје


Министерство за внатрешни работи ги известува граѓаните дека со цел да се олесни и забрза процесот на промена на личните документи, започна со имплементација на пилот проект на територијата на Скопје за доставување на готови лични карти и возачки дозволи на домашна адреса, преку полициските станици. Напоменуваме дека овој пилот проект се спроведува само во […]

Џафери го доби мандатот да ја формира техничката влада


  Претседателот Стево Пендаровски денеска му го врачи мандатот на Талат Џафери за состав на преодната влада која ќе функционира до изборот на новиот кабинет кој ќе се формира по парламентарните избори на 8 мај.   Со тоа работите за формирањето на техничката влада одат мазно, без никакви проблеми, иако претходниве два месеци се создаваше […]

Османи смета дека е „чист“ по одлуката на ДКСК за „Борис Трајковски“


Државна комисија за спречување на корупција (ДКСК ) и Јавното обвинителство за организиран криминал излегоа со конечен став за реконструкција на салата “ Борис Трајковски” за целите на Министерскиот совет на ОБСЕ. Според анализата на ДКСК, тендерската документација, условите кој се може да учествува како понудувач, не упатувале дека постои тенденција за фаворизирање одредена фирма […]

Се гради кружен тек кај Домот на културата во Прилеп


Главната улица во Прилеп, веќе има неколку кружни текови, со што значително е олеснет сообрачајот во градот, но семфорите кај Домот на културата „Марко Цепенков“ е тесно грло и метежот е најчесто таму. Затоа. локалната самоуправа одлучи да направи кружен тек, а градоначалникот објацви дека почнале со градба на вкрстувањето на улиците „Кузман Јосифоски“ и […]

Пендаровски му го врачи мандатот на Џафери за состав на техничка влада (во живо)


Претседателот Стево Пендаровски денеска му го врачи мандатот на Талат Џафери за состав на преодната Влада која ќе функционира до изборот на новата влада која ќе се формира по парламентарните избори. По добивањето на мандатот, Џафери вети дека врз основа на законите и Уставот, преговорите за состав на преодната Влада ќе се одвиваат соодветно на […]

Жена во БиХ осудена на 2 години затвор за обид за убиство на шефицата – ѝ турила отров во кафето


Нина Нинковиќ (58) од Бања Лука е прогласена за виновна и осудена на две години затвор во првостепената постапка за обид за убиство на колешката и шефица Слаѓана Танасиќ, откако во кафето ѝ турила отровна супстанца која може да предизвика смрт. Во 2022 година, Нинковиќ и донела кафе на шефицата со хемикалија која се користи […]

Тошковски ќе предложи измени на Законот за патни исправи – да важат додека се издадени


  Сѐ уште неизбраниот технички министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, најавува дека нема да го применува Преспанскиот договор, односно дека ќе предложи измени во Законот за патни исправи со кои практично пасошите ќе важат по договорениот рок со Грција, и уште повеќе – сѐ дотогаш додека стои рок на нивно важење Ова е чекор […]

Крвава тепачка за долг во Битола


  БИТОЛА – Крвава тепачка со „филмски кадри“ се случила пред четири дена во Битола во која на еден од повредните од силните удари му бил сменет личниот опис. Тепачката се случила во кафеана во близина на железничката станица во Битола, некаде пред полноќ, кога заради нерасчистени долгови, неофицијално, напаѓачите удирале со столици и други […]

„Операта на шумските животни“ – хуманитарна детска интерактивна музичка претстава во НОБ


Утре (27 јануари) од 12 часот, во Операта ќе се одржи детската интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“, наменета за публика од шест до 11 години. Идејата, сценариото, режијата, костимографијата и сценографијата се на Десанка Глигоријевиќ. „Операта на шумските животни“ е музичко-драмска претстава која има за цел да ја запознае најмладата публика со оперската […]

МПЦ-ОА создава паралелен судски систем за новинарите


Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги толкува како непримерни, недостојни и опасни обидите на МПЦ-ОА да влијае на новинарските трудови и информирањето, и остро го осудува начинот на најбескрупулозна пресметка со главниот и одговорен уредник на порталот religija.mk, Марјан Николовски. ССНМ смета дека обвинувањата и „судската“ постапка (?!) во рамките на својата хиерархија во Светиот […]