Пожар во дом за стари лица во Холандија – еден загина


Едно лице загина, а четворица се повредени во пожар во дом за стари лица во Гелдерланд, Холандија.

Пожарот избувнал во четвртокот вечерта, а на местото се испратени пожарникари и итната помош.

Со хеликоптер е испратена екипа за траума, а на повредените им била укажана помош поради вдишување чад, пишува NL Times.

Како мерка на претпазливост, итните служби евакуирале шест стана и брзо го изгаснале пожарот со помош на вработените во објектот, јави холандската НОС.

Официјалните лица сè уште истражуваат што се случило и засега не е јасно дали лицето што починало е жител на старечки дом или посетител.

Не е позната состојбата на четворицата повредени лица.